Македонија
Таравари: Меџити и Лога ќе бидат асовите за да излезе на површина правдата за пожарот во болницата во Тетово
Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, во врска со најновото истражување за пожарот во модуларната болница во Тетово, рече дека тоа е шокантно и дека нема граѓанин во државата кој не е трогнат од овој случај.
Првиот човек на Алијанса за Албанците нагласува дека неговата партија раководи со две министрерства кои можат да помогнат во решавањето на случајот со модуларната болница во Тетово.
„Нашите министри се подготвени да го решат овој проблем во следниот период бидејќи две години ништо не е направено“, изјави Таравари.
Тој додаде дека обвинувањата против министерот Меџити се неосновани и дека ниту денар не и е исплатен на компанијата „Брако“ од министерот за здравство Фатмир Меџити.
„Министерот Меџити ги доставил сите документи што ги побара „ИРЛ“ за нивното истражување, но и сега подготовува материјали за да ги дистави до Обвинителството“, рече Таравари, додавајќи дека двајцата министри Меџити и Лога ќе бидат асовите за да на крајот правдата излезе на површина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

