Македонија
Легитимитетот на Владата веќе не постои, граѓаните бараат избори, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Од партијата ВМРО-ДПМНЕ велат дека на народот во Македонија веќе му е преку глава од порази во сите сфери на неговото живеење, дното е постигнато веќе од поодамна, а со неприфатливите измени на Уставот под бугарски диктат веќе е постигната кулминација на незадоволството.
„Поразите на Владата, освен за уставните измени, така и во економијата, здравството, образованието, правдата, стопанството и стандардот за живот, се длабоки и непоправливи, сè повеќе секој ден ако оваа гарнитура остане на власт. Оваа група од криминалци на власт, граѓаните не ги есапат, ни нивните политики, ни нивните бајати изјави, а најмалку празните зборови, кои ги верглаат секој ден во медиумите“, додаваат од партијата.
Како што велат, време е да се оди на избори.
„Инфлацијата го јаде стандардот на народот, учениците и оваа година ќе немаат учебници, судството има 1 % доверба кај граѓаните, здравството е на колена, а младите секој ден ја напуштаат Македонија, и тоа во огромен број. Време е Владата на ДУИ, подржана од СДС, да ја признае оваа реалност и што побргу да одиме на избори, преку кои новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе почне да ги решава проблемите на народот“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
До 17 часот гласале 39,61 отсто од гласачите

Од податоците добиени од 3.221 избирачки места, односно 92,72 отсто од вкупниот број, до 17 часот и 20 минути часот гласале 39,61 отсто од гласачите, соопшти Државната изборна комисија.
Најголема излезеност има во Вевчани, Дебарца, Демир Капија, Дојран ,Зелениково, Карбинци, Конче, Крива Паланка, Кривогаштани, Крушево, Лозово, Македонски Брод, Пробиштип, Ранковце, Росоман, Старо Нагоричане, Чашка и Чучер Сандево.
Најмала излезеност има во Шуто Оризари каде гласале 30,38 отсто од гласачите, Радовиш – 31, 57, Маврово Ростуше 25, 89, Пласница 32, 87 и Врапчиште 20, 94 отсто.
Во општините во Град Скопје излезеноста до 17 и 20 часот е следна: во Аеродром гласале 39, 32 отсто, Бутел 42, 29, Гази Баба 35, 55, Ѓорче Петров 37, 73, Карпош 42, 86, Кисела Вода 39, 37, Сарај 47, 94, Центар 42, 35, Чаир 45,09, Шуто Оризари 30,38 отсто.
Од ДИК соопштија дека гласањето се одвива непречено и до нив досега нема пристигнато поплаки или неправилности со кои се соочиле избирачките одбори или гласачите на терен.
Македонија
Утре сончево време со температура до 20 степени

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени, информира УХМР.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен јужен ветер. Во среда ќе има локални врнежи од дожд, а од четврток дневната температура ќе биде во пораст.
Македонија
ДИК: До 15 часот гласале 31,16 отсто од гласачите

Од податоците добиени од 3.167 избирачки места, односно 91,16 отсто од вкупниот број, до 15 часот гласале 31,16 отсто од гласачите или 515. 069, соопшти Државната изборна комисија.
Најголема излезеност има во Берово, Богданци, Валандово, Гевгелија, Градско, Дебарца, Демир Капија, Дојран, Зелениково, Кратово, Крушево, Лозово, Македонски Брод, Новаци, Пробиштип, Росоман, Старо Нагоричане и Чашка.
Најмала излезеност има во Центар Жупа, Радовиш, Маврово и Ростуше, Гостивар и Врапчиште.
Во Град Скопје до 15 часот излезноста е 31,16 отсто.
Во Аеродом гласале 31, 50 отсто од избирачите, во Бутел 33, 01, Гази Баба 27,82, Ѓорче Петров 30,11, Карпош 33,37, Кисела Вода 31,58, Сарај 36,33 во Центар 34,40, Чаир 35, 30 и во Шуто Оризари 21,99 отсто.
Од ДИК информираа дека досега нема пристигнато приговори за неправилности на избирачките места.
На едно избирачко место во Карпош се преминало на стариот начин на гласање со УВ лампа и спреј затоа што се заглавила СИМ картичката на уредот за биометриска индентификација.