Контакт

Култура

На последната фестивалска вечер во Куршумли ан ќе бидат објавени и доделени наградите од „Македокс“

Објавено пред

Фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“ секоја година доделува награди во пет категории, и тоа „Кромид“ за најдобар филм од главната програма, „Млад кромид“ за филм од програмата „Нови автори“, „Сечкан кромид“ за најдобар краток документарец, „Кокарче“ за најдобриот студентски филм и награда за најдобри етички идеи.

dobivaj vesti na viber

Во петте комисии за наградите членуваат 15 интернационални професионалци од документарниот филмски свет, а наградите ќе бидат објавени и доделени на последната фестивалска вечер на 24 август во прекрасниот амбиент на Куршумли ан.

Комисијата за доделување на наградата „Кромид“ за најдобар филм во главната програма е во состав: Наталија Либет, филмска продуцентка и сосопственичка на киевската продукциска компанија „2 брејв продакшнс“ (2 Brave Productions) водена од жени; Родолфо Кастиљо-Моралес, мексикански режисер, програматор и куратор, специјализиран за современа документаристичка кинематографија; и Јелена Максимовиќ, дипломирала филмска монтажа на Факултетот за драмски уметности во Белград, а од 2015 година предава на Катедрата за дигитални уметности при Факултетот за медиуми и комуникации во Белград, Србија.

Во комисијата за наградата „Млад кромид“ се Лорен Кларк, која креира филмски програми, а истовремено е кураторка и истражувачка сместена во Глазгов, Шкотска; Владимир Гојун, хрватски филмски монтажер, кој дипломирал на Академијата за драмски уметности во Загреб, каде што денес работи како вонреден професор; и Рок Бичек, словенечки режисер и продуцент, кој во 2011 година ја основал независната продукциска компанија „Цвингер филм“ со седиште во Љубљана и филијала во Виена, Австрија.

Комисијата за доделување на наградата „Сечкан кромид“ за најдобар краток документарец е во состав: Марина Костова, наградувана новинарка и една од најактивните филмски критичарки во Македонија, како и основачка членка и заменик-главна уредничка на дигиталната редакција „СДК.мк“ (www.sdk.mk), во моментот е претседателка на Македонската секција на Интернационалната федерација на филмските критичари, а самата учествувала во жирија на критичари на ФИПРЕСЦИ на многубројни фестивали во светот; Барбара Орлич-Шчипула, организаторка на филмски настани, специјалистка за филмска промоција, универзитетска предавачка, како и претседателка на управниот одбор на Краковската филмска фондација, непрофитна организација, чија основна цел е широка промоција на филмската уметност и поддршка на филмаџиите и продуцентите од Полска; и Драган вон Петровиќ, монтажер и режисер на документарни и играни филмови, кој е чест гостин предавач, модератор на панел-дискусии и советник за монтажа за документарни и долгометражни играни филмови на повеќе фестивали, а во 2021 година ја освоил наградата за најдобар монтажер доделена од Здружението на монтажерите на Србија.

За наградата „Кокарче“ за најдобар студентски филм одлучува комисијата во состав: Марко Грба Синг, уметнички директор на Меѓународниот документарен филмски фестивал „Белодкс“ во Белград од 2018 година; Стефани Фухс, која е дел од продажниот тим на „Аутлук филмсејлс“ од 2014 година, дава експертиза како советничка за филмската индустрија и како панелистка, а била дел и од неколку жирија на интернационални филмски фестивали; и Витеслав Чованец, кој дипломирал Филмска и аудиовизуелна култура на Универзитетот „Масарик“ во Брно, а од септември 2017 година е дел од тимот на Чешкиот филмски центар при Чешкиот филмски фонд, каде што е одговорен за промоција на чешки документарни и кратки филмови во странство.

Во комисијата за наградата за филм со најдобри етички идеи се Андреас Јунсен, режисер и самоук филмаџија, кој од 2003 година со голем успех самиот ги режира, продуцира и финансира своите филмови; Серџо Трефо од Бразил, кој магистрирал филозофија на „Сорбона“ и почнал да работи во Лисабон како новинар, а потоа и како продуцент и филмски режисер; и Васко Маглешов, македонски новинар, кој веќе петнаесет години работи во повеќе телевизии и онлајн-медиуми, од 2016 година објавува филмски рецензии и интервјуа со режисери, актери и филмски работници за специјализираното филмско списание „Филм плус“ и во неделникот „Филмски печат“, а моментно работи како новинар во Балканската истражувачка репортерска мрежа (БИРН).

На статуетките што ќе им бидат врачени на наградените автори се аплицирани разни форми на кромид, кој со својата слоевитост е симбол на Фестивалот на креативен документарен филм „Макеодкс“.

Целосната програма може да се пронајде на официјалната веб-страница на „Македокс“ (makedox.mk), а може да се преземе и фестивалската апликација.

Култура

Во Кинотека ќе биде прикажан грчкиот филм „Што ако“

Објавено пред

Грчкиот филм „Што ако“ (What If) во режија на Христофорос Папакаљатис, ќе биде прикажан вечер во 20 часот во Кинотека.

dobivaj vesti na viber

Прикажувањето на филмот е дел од тековната серија проекции на грчки филмови на Амбасадата на Грција, со наслов „Ајде да се запознаеме“, иницијатива која има цел да ја приближи публиката до современата грчка кинематографија.

Филмот „Што ако“ е трогателна романтична драма од креаторот на светски признатата серија на „Нетфликс“ – Маестро во сина. Дејството на филмот се одвива во Атина во периодот на економската криза и ја следува приказната на Димитрис, 33-годишен ерген, кој живее навидум обичен живот. Една вечер, кога неговото куче, женка германски овчар со име Лоунсом, го поттикнува да излезе, Димитрис се соочува со клучна одлука: да излезе или да остане дома. Ако излезе, ќе ја запознае Христина, љубовта на својот живот; ако остане дома, ќе ја пропушти шансата да ја сретне. Филмот ги истражува вечните прашања за судбината, вистинската љубов и изборот прикажувајќи го истовремено и влијанието на сериозната економска криза врз луѓето и личните односи. Истата приказна е раскажана од две перспективи.

Влезот за проекцијата во Кинотека е бесплатен по принципот прв дојден – прв услужен. Филмот е наменет за лица над 16 години, информираат од амбасадата.

Прикажи повеќе...

Култура

Почина Кетрин О’Хара

Објавено пред

Почина Кетрин О’Хара, легендарна актерка и ѕвезда на серијата Schitt’s Creek и култните филмови Бубимир и Сам дома. Имала 71 година, а веста ја потврдила нејзината менаџерка, пренесе „Пипл“. Засега не се соопштени дополнителни детали.

dobivaj vesti na viber

О’Хара е родена во Торонто во 1954 година и кариерата ја започнала во легендарниот комичарски театар Second City, а потоа стекнала голема популарност со телевизиската емисија SCTV, за која освоила и награда „Еми“.

Филмската публика ја памети по улогите во Бубимир, Сам дома и Сам дома 2, како и по бројни филмови на режисерот Кристофер Гест. Глобална популарност доживеа со улогата на Моура Роуз во Schitt’s Creek, за која во 2020 година освои „Еми“, „Златен глобус“ и награда SAG.

Последните години гостуваше во серии и филмови, меѓу кои The Last of Us и Argylle.

Зад себе ги остави сопругот Бо Велч и нивните два сина.

Фото: скриншот од филмот „Сам дома“

Прикажи повеќе...

Култура

Почина поетот и преведувач Тихомир Јанчовски

Објавено пред

На 58-годишна возраст денеска во Скопје почина поетот и преведувач Тихомир Јанчовски.

dobivaj vesti na viber

Веста за неговото прерано заминување ја соопшти Друштво на писателите на Македонија, изразувајќи длабоко жалење за загубата на еден од најзначајните современи македонски автори и педагози.

Од Друштвото информираат дека за точниот датум и час за испраќање последен поздрав ќе следи дополнително известување.

Јанчовски беше поет, писател, преведувач, професор, музичар, издавач, автор на над триесет книги, пред сè поезија, преводи и (поетски) романи, како и една книга историја („Историја на православното монаштво на територијата на денешна Република Македонија“, Сигмапрес, Скопје, 2010).

Избори од неговата поезија се преведувани и објавувани во различни литературни списанија, застапен е во голем број антологии, а четири од неговите книги се преведени на други јазици. Преведуван е на англиски, француски, словачки, хрватски, албански, босански, грчки, германски, српски, полски, грузиски, персиски и италијански јазик. Тихомир Јанчовски, со својата автентичност и креативност останува еден од најомилените наставници на повеќе генерации средношколци во гимназијата „Орце Николов“, во меѓународното училиште „Нова“ и во Американската гимназија во Скопје.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Во Кочани ќе се гради патека на бесконечност за загинатите во Пулс

Советот на Општина Кочани на вчерашната 9. седница едногласно ја поддржа иницијативата за изградба на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста за...

Свет2 часа

Момче во Германија повлекло девојка под воз што доаѓал од спротивен правец, двајцата се мртви

Во Хамбург во четврток, две лица загинаа на метро станицата Вандсбек Маркт откако маж влечеше жена на шините пред воз...

Македонија3 часа

Од утре внимавајте, Безбеден град почнува официјално да казнува со суми од 20 до 500 евра и одземање на возачката дозвола

Од утре официјално започнува примената на системот Безбеден град, со што автоматското снимање и санкционирање на сообраќајните прекршоци влегува во...

Свет3 часа

Во текот на изминатото деноноќие, Русија извршила вкупно 1.019 напади врз Украина

Украинската противвоздушна одбрана соборила 64 од 85-те дронови што Русија синоќа ги лансирала, соопштија утрово Воздухопловните сили (ВВС) на Украина....

Свет4 часа

Државна секретарка од Црна Гора сакала да се самоубие поради секс скандал

Мирјана Пајковиќ, до неодамна државна секретарка во Министерството за човекови и малцински права на Црна Гора, поднесе оставка откако нејзините...

Свет16 часа

Нови откритија за Епстин и елитата: објавени документи за контакти со Бил Гејтс, политичари, принц – тврдел и дека цимерот во затворот сакал да го убие

Американското Министерство за правда објави нови милиони документи поврзани со случајот на Џефри Епстин, со што повторно се отворија прашањата...

Македонија22 часа

Заврши мониторингот за Македонија од страна на Советот на Европа, за Мицкоски тоа е историски момент и признание за нивото на демократија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека заврши мониторингот за Македонија од страна на...

Македонија24 часа

ССМ следната недела ќе го блокира Собранието: Пратениците ќе мораат на работа пеш и без патни трошоци, ќе ги удриме по џебот како тие нас

Прва институција која ќе ја блокираат работниците како продолжение на протестот за 600 евра минимална плата и зголемување од 100...

Свет1 ден

Кремљ: Путин се согласи на привремен прекин на огнот

Кремљ соопшти дека рускиот претседател, Владимир Путин, се согласил да ги запре нападите врз украинските градови до 1 февруари. Портпаролот...

Македонија1 ден

Левица: ДПМНЕ со 2,2 милиони денари ја почестиле фирмата на синот на антикорупционерката Ристовска

Само во 2024 година, во рамки на изборната кампања за претседателските избори, една од фирмите на синовите на Цвета Ристовска...

Македонија1 ден

Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“

Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред...

Македонија1 ден

Изгласана Резолуцијата за затворање на постмониторинг дијалогот со Македонија: „Ова е потврда за напредокот на државата“

Во текот на јануарската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, на која учествуваат пратениците Иванка Василевска, Беким Ќоку...

Свет1 ден

Мишел го критикува Руте: Престани да бидеш американски агент и обедини го НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, треба да престане да биде „американски агент“ и да го обедини расцепканиот воен сојуз...

Топ1 ден

Кривична пријава за „проневера во службата“ против претседател на ловечко друштво од Струмица

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против 41-годишниот Д.Р. од Струмица, поради постоење на основи на...

Свет1 ден

Стармер ја посети Кина, односите меѓу двете земји се зајакнуваат; Трамп: Она што го прават е многу опасно

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е „многу опасно“ за Велика Британија да соработува со Кина, додека британскиот премиер Кир...

Свет1 ден

САД се закануваат со царини за увозниците на нафта за Куба: „Очекувам Куба наскоро да пропадне“

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани со нови царини за земјите што испорачуваат нафта на Куба, засилувајќи го притисокот врз...

Свет1 ден

Нова анкета: Довербата во Трамп опадна, поддршката губи и кај републиканците

Една година по неговиот втор мандат, ставовите на Американците за претседателот Доналд Трамп, кои и претходно беа повеќе негативни отколку...

Македонија1 ден

Голем одрон кај село Ратево, магла на патниот правец Тетово – Гостивар

На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај село Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во...

Европа1 ден

(Видео) Русите се предадоа на украински вооружен робот

Додека руската инвазија на Украина влегува во својата четврта година, далечински управуваните копнени роботи стануваат вообичаена глетка на бојното поле....

Македонија2 дена

Мицкоски: Ако заѕиданите пари биле од продажба на нива, што би барале во ѕидот?

Којзнае колку илјадници евра биле заѕидани, изедени и потрошени, ова е последица на антиуставниот имплант СЈО, вели премиерот Христијан Мицкоски....