Црна хроника
Крадел златен накит, па го признал делото, уапсен кумановец

Вчера, во 15.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С. Р. (27) од Куманово.
Тој се сомничи дека во август оваа година одзел златен накит од приватен имот на улицата Тане Георгиевски во Куманово.
С. Р. бил задржан во полициска станица и во службен разговор го признал делото.
Одземеното било вратено на сопственикот, а по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Уапсен маж од Скопско, бил затекнат како пали оган во близина на автопатот Скопје – Тетово

Педесет и деветгодишен маж е уапсен рано утрово поради предизвикување пожар во близина на автопатот Скопје – Тетово.
Според информациите на МВР, околу 08.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат Скопје – Тетово, после наплатната станица Глумово, едно лице подметнува пожар.
Полициски службеници излегле на местото и го затекнале Р.З.(59) од с.Арнакија, општина Сарај, како потпалува ѓубриште и сува трева во близина на штала со добиток.
Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а лицето било лишено од слобода и приведено во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Притвор за двајца скопјани – пронајдени оружје и муниција при претреси

Двајца скопјани, И.Х. (33) и С.А. (23), добија кривични пријави за неовластено поседување оружје и муниција, информира МВР.
При претреси во нивните домови биле пронајдени пиштоли, рамки, куршуми и други делови за огнено оружје.
Судија на претходна постапка им одреди мерка притвор од 30 дена.
Црна хроника
Маж од Кумановско загина во сообраќајка меѓу товарно и патничко возило

Вчера околу 12.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на магистралниот пат Куманово- Крива Паланка, кај место викано ,,Ливади“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ман“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од О.П.(48) од Крива Паланка и патничко возило „пежо“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(70) од с.Руѓинце, општина Старо Нагоричане.
Од здобиените повреди на местото починал возачот Б.С., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.
Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Куманово, соопшти полицијата.