Спорт
(Видео) Астон Вила го декласира Хибернијан, без победник во Трнава
Фудбалерите на Астон Вила убедливо го совладаа тимот на Хибернијан на гости во Единбург во првиот плејоф натпревар за пласман во фазата по групи во Конференциската лига.
Астон Вила во Единбург ја оправда улогата фаворит, го декласира Хибернијан со 5:0. Хет-трик постигна Оли Воткинс.
Воткинс, гпчпвоте ги постигна во 17., 33. и 48. минута ја погоди мрежата на 38. годишниот Дејвид Маршал.
Ollie Watkins with a Hattrick against Hibernian, Villa lead 4-0. pic.twitter.com/w2fAJRjocL
— Footy Goals (@footygoals01) August 23, 2023
По еден гол постигнаа Леон Бејли во 42. минута и Даглас Луиз од пенал во 74. минута.
Реваншот на 31. авуст на Вила парк ќе биде само формалност.
Вечерва се одигра уште еден натпревар од плејофот за Конференциската лига – Спартак Трнава и Днипро 1 одиграа нерешено 1:1. Гостите од Украина го завршија натпреварот со дури двајца играчи помалку. Еден играч им беше исклучен по само пет минути игра, а во 89.минута останаа со двајца помалку на теренот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Македонија го растури Азербејџан
Кошаркарската репрезентација на Македонија со победа ги отвори претквалификациите за Европското првенство во 2029 година. Во Скопје, Македонија го совлада Азербејџан со 87:49.
Македнија ја оправда улогата на фаворит и според очекувањата забележа лесна и убедлива победа.
Андреј Јакимовски беше најдобар со дабл-дабл (25 поени и 11 скокови). Двоен учинок од 16 поени и 11 скока реализираше и капитенот, Војдан Стојановски, Зеќири уфрли 17 поени.
На своето деби за репрезентацијата на Македонија, Омари Мур дојде до скор од шест поени, исто толку скокови и девет асистенции.
Во наредното коло од групата А, на 30.ноември, нашата најдобра селекција ќе гостува во Даблин кај Република Ирска.
Извор/ Кошаркарска федерација на Македонија
Спорт
Лил го декласира Динамо Загреб
Фудбалерите на Лил го победија Динамо Загреб со 4:0 во петтото коло од Лигата на Европа.
„Догите“, успеаја да го заборават поразот од Црвена звезда и да се вратат на победничкиот колосек во ова натпреварување.
Натпреварот мина во целосна доминација на францускиот тим. Интересно е што таа ги постигна првите два гола по контранапад.
Кај првиот гол, одбраната на Динамо реагираше лошо, Харалдсон го искористи подарокот, му асистираше на Кореја во шеснаесетникот, кој рутински го совлада Филиповиќ.
Нгал’Ајел Мукау го зголеми резултатот на 2:0 во 36-та минута. Домашниот тим лесно ја измами одбраната на Дианмо, а Мукау беше сосема сам пред голот по вратена топка од левата страна.
Во второто полувреме, Лил имаше серија шанси, а искористи две. Хамза Игамане прв постигна гол во 69-та минута. Харалдсон повторно беше во улога на асистент.
Конечните 4:0 ги постигна Бенџамин Андре во 86-та минута.
Динамо има седум бода по пет кола и моментално е на 18-то место, но би можел дополнително да падне на табелата по одигрувањето на вечерните натпревари од Лигата на Европа. Лил е седми со девет бода.
Спорт
(Видео) Обрадовиќ се врати во Белград – навивачите му приредија спектакуларен пречек на аеродромот
Бурни три дена се зад црно-белиот табор. Од катастрофата во Атина, поразот од Панатинаикос, преку оставката на Жељко Обрадовиќ, па сè до големото „Не“ од Управниот одбор на Партизан и притисокот врз клубит на социјалните медиуми со едно барање – Жоц да остане тренер на тимот.
Целата драма беше заокружена со голем пречек за најтрофејниот тренер на Стариот континент на аеродромот „Никола Тесла“.
Обрадовиќ, по поразот од Панатинаикос, во вторникот, остана во Атина. Вечерва се врати во Белград. На аеродромот се собраа, толку многу што беше невозможно да се помине низ толпата на платформата за пристигнување. Се пееја песни, а „Гробарите“ побараа Обрадовиќ да остане.
Колку интерес имаше, сведочи фактот дека според податоците на веб-страницата „Flight radar“, летот од Атина беше најгледан на целата планета.
Dešavanja sa beogradskog aerodroma oko 17.45, u iščekivanju Željka Obradovića! #ŽeljkoObradović #KKPartizan #Grobari pic.twitter.com/46IBDqgsrZ
— Mozzart Sport (@MozzartSport) November 27, 2025
Обрадовиќ не одговори на новинарски прашања, па затоа неговиот статус во Партизан сè уште не е целосно познат.
Следниот тренинг на Партизан е закажан за сабота, а клубот не работи на наоѓање замена бидејќи, како што е наведено, се концентрира на задржување на Обрадовиќ.
Foto/ Starsport

