Контакт

Македонија

(Видео) Спасовски: Секогаш припадниците на ЕБР демонстрираа силна професионална посветеност во зачувувањето на мирот и безбедноста на татковината

Објавено пред

Вечерва, со Свечена церемонија пред Градскиот базен во Куманово беше одбележан 23. август – Денот на Единицата за брзо распоредување и 22 години од формирањето на оваа елитна единица при Министерството за внатрешни работи, во присуство на граѓаните на Куманово, највисокото раководство на МВР, министри, пратеници, претставници на државни институции и локалната самоуправа, раководството на Македонскиот Полициски Синдикат, како и претставници на семејства на загинати и починати припадници на ЕБР.

dobivaj vesti na viber

Во рамки на одбележувањето на 22 години ЕБР, во кругот на СВР Куманово министерот Спасовски заедно со раководството на МВР го откри Спомен обележјето на осумте загинати припадници на македонската полиција кои ги положија животите во 2015 година, во вооружена престрелка со терористичка групација во кумановско „Диво насеље”, а во одбрана на Куманово и татковината. Исто така, од 09:30 до 12:30 часот граѓаните имаа можност да се уверат во концептот „МВР за граѓаните”, со поставена опрема на македонската полиција во Градскиот парк во Куманово.

Во своето обраќање на централната манифестација, министерот Спасовски истакна дека овој ден 23 август претставува датум од исклучителна важност и одлична можност да се направи рекапитулар за она што досега е направено и што се планира да се направи во контекст на реформирање и развој на македонската полиција.

„Влегувајќи во третата деценија од своето постоење, Единицата за брзо распоредување, сите нејзини поранешни, но и сегашни припадници, низ секојдневното работење, демонстрираа силна посветеност и амбиција не само да ги следат зададените стратешки насоки за развој и унапредување на Единицата, туку и да ги надоградуваат своите професионални и стручни капацитети, со препознаена пожртвуваност, изразена преку бројните примери на успешно реализирани активности. Притоа, не штедејќи се себе си, а секогаш кога била доведена во прашање безбедноста на државата и институциите – ставајќи ги на ризик сопствените животи, како гаранти и чувари на безбедноста, спокојот и животот на сите наши граѓани”, истакна министерот Спасовски во своето обраќање на централната манифестација по повод 22 години ЕБР.

Спасовски се осврна на улогата и ангажманот на Единицата за брзо распоредување.

„Преку успешната имплементација на базичните полициски принципи на работа како неселективност во пристапот и нулта толеранција за прекршителите на законите, водени од геслото „Секогаш и секаде“ по кое оваа Единица е препознатлива, но и со концептот на „Полицијата – сервис на граѓаните“, согласно законски предвидените надлежности – постигнавме многу во зацртаното устројување на полицијата во крајно професионална и функционално остручена и оспособена безбедносна институција.

Не можам, а да не ја подвлечам нивната стожерна улога во оперативната акција „Безбеден град“, каде сите ангажирани припадници на Одделот за специјални полициски операции, низ деноноќните активности, покажаа дека нема простор за ниту еден криминалец или криминална група да ги загрози мирот, стабилноста и безбедноста на граѓаните на Република Северна Македонија”, рече Спасовски, додавајќи дека, во контекст на севкупниот напредок на полицискиот систем како цел сама по себе, треба да се гледа и развојот и натамошните перспективи и на Единицата за брзо распоредување, особено затоа што тие се во првите редови на системското спротивставување, заштита и превенција. На крајот од своето обраќање министерот Спасовски на сите припадници на ЕБР им го честиташе Денот на формирањето на Единицата, со желби за здравје и натамошен успех, како на професионален, така и на личен план.

Командантот на Единицата за брзо распоредување, Вице Столески, во своето обраќање пред присутните даде свое видување за работата на Единицата.

„Припадниците на ЕБР, кои се дел од Одделот за специјални полициски операции, се висококвалификувани и обучени за најтешките задачи. Тие се активираат секогаш и секаде каде што е потребно највисоко ниво на оперативна ефикасност. Подготвени во најкус можен рок да извршат задачи со висок ризик и со највисок степен на прецизност, свесни за фактот дека кога се активирани, не постои никој друг што би можел да дејствува освен нив“, истакна командантот Столески.

Притоа, тој ги поздрави семејствата на загинатите и починати припадници на Единицата за Брзо распоредување и им оддаде длабока почит во свое име и во име на припадниците на ЕБР, за жртвата која нивните најмили ја дадоа при извршување на работните задачи во Единицата – Единицата за брзо распоредување никогаш не ги заборава делата на своите херои. Споделувајќи ги спецификите за работата, командантот Столески се осврна и на условите за работа на Единицата.

„Благодарение на актуелното раководство на Министерството за внатрешни работи во изминатите неколку години, со нивната континуирана подршка и разбирањето за нашите потреби и барања, Единицата за брзо распоредување во голем степен ги подобри условите за работа на своите припадници. Во текот на изминатата година, припадниците на ЕБР добија нов и квалитетен концепт на исхрана, се подобрија условите за спорт и физичка подготовка со нови и реконструирани игралишта, а извршена е и набавка на наменски возила за одржување на јавниот ред и мир, материјално -технички средства и електронски уреди за извршување на специфичните задачи. Од срце благодарам за досегашната подршка и длабоко верувам дека и во иднина ќе наидеме на разбирање од страна на раководството во Министерството за нашите потреби за успешно справување со сите безбедносни предизвици, со заедничка цел – посигурен и побезбеден живот на сите наши граѓани”, нагласи командантот Столески на крајот од своето обраќање, при што уште еднаш ја истакна посветеноста кон земјата и пошироката заедница, за зачувување на мирот, безбедноста и сигурноста на сите граѓани, согласно мотото на ЕБР – Секогаш и секаде!

На свеченоста беа доделени и плакети од страна на командантот на единицата Вице Столески и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, за континуирана поддршка во напорите за унапредување и осовременување на капацитетите на Единицата.

Плакети добија Началникот на Одделот за специјални полициски операции г. Митко Даневски за развој и афирмација на Единицата, претседателот на Македонскиот полициски синдикат г. Марјан Кицев за успешна соработка и поддршка во подобрување на правата на припадниците во Единицата. Плакети за 20 години успешна работа во ЕБР добија Командантот Вице Столески, заменик командантот Тони Стојоски, Владимир Стефановски, Беким Кадри, Ивица Величковски, Артан Арифи, Далибор Ѓорѓевски, Лилјана Илиќ и Срѓан Ристовски. Плакета за најдобар припадник во Единицата за брзо распоредување за 2023 година доби Небојша Костоски. Воедно, беа доделени плакети за поддршка во проекти за подобрување на капацитетите на Единицата.

Во чест на Денот на Единицата за брзо Распоредување, свеченоста беше затворена со културно – уметничка точка во изведба на Културно-уметничкото друштво „Панче Пешев“ од Куманово.

Македонија

ДОМ: Дислокација на цементарницата Усје преку јавно-приватно партнерство

Објавено пред

Зелената партија ДОМ предлага воведување на моделот „Зелен урбан трансфер“ како стратешко решение за дислокација на цементарницата, без никакви трошоци за државниот буџет, се наведува во соопштението на партијата.

dobivaj vesti na viber

Според ДОМ, досегашните тврдења дека дислокацијата на цементарницата е „невозможна мисија“ се резултат на застарени економски пристапи. Партијата посочува дека во светот веќе со години се применуваат модели со кои тешките индустриски зони се трансформираат во нови, еколошки урбани четврти, без директно оптоварување на државните финансии.

Клучот на предложениот модел е принципот „вредност на земјиштето наместо државен буџет“. Наместо државата да ја финансира дислокацијата, се предлага пренамена на земјиштето на Усје од индустриска зона (Г) во станбено-деловна зона (А и Б). Со ваквата одлука, вредноста на парцелата значително се зголемува, а инвеститорот, односно сопственикот, добива можност да развие модерен „Smart City“ комплекс. Приходите од продажбата на недвижностите, според ДОМ, би се користеле за изградба на нова, целосно еколошка фабрика на соодветна, подалечна локација.

Бидејќи процесот на дислокација може да трае од пет до седум години, од ДОМ бараат Владата и Министерството за животна средина и просторно планирање веднаш да воведат преоден режим во А-интегрираната дозвола, со најстроги еколошки стандарди. Меѓу барањата се итна инсталација на филтри од последна генерација за целосна елиминација на цврстите честички PM10 и PM2.5, како и системи за десулфуризација и денитрификација за намалување на емисиите на сулфур диоксид и азотни оксиди.

Партијата предлага и задолжително воведување на системи за вбризгување активен јаглен и вреќасти филтри, со цел целосна неутрализација на диоксините и фураните, нагласувајќи дека на тој начин ќе се спречи испуштање канцерогени материи во воздухот за време на транзицискиот период. Дополнително, ДОМ бара 24-часовен јавен дигитален мониторинг, при што податоците од оџаците би се емитувале во живо на веб-страницата на Министерството и на јавни екрани во општина Кисела Вода.

Во соопштението се осврнуваат и на решавањето на еколошкиот товар од ОХИС и Пеленица, при што се предлага чистењето на линданот да се финансира преку меѓународни развојни грантови и концесиски модели. Според ДОМ, приватен партнер би можел да добие право на стопанисување со исчистениот простор, во замена за целосна ремедијација на почвата.

Од партијата порачуваат дека Скопје заслужува чист воздух, а индустријата треба да се развива надвор од градското јадро. Со моделот „Зелен урбан трансфер“, како што наведуваат, сопственикот на „Усје“ добива нов капитал, а граѓаните – подобри услови за живот. Истовремено, преку новиот Генерален урбанистички план, градот би го насочил своето стратешко ширење кон нова, еколошки уредена четврт, додека би се намалил притисокот од прекумерна урбанизација и бетонизација во веќе преоптоварените централни и западни делови на Скопје.

Прикажи повеќе...

Македонија

Тошковски денеска на Пониква ги посетил децата и семејствата на загинатите бранители

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска ги посетил децата и семејствата на загинатите бранители кои традиционално во овој период престојуваат во зимското одморалиште на МВР на Пониква.

dobivaj vesti na viber

-Имав чест на заеднички ручек да поминеме време заедно, во искрена и топла атмосфера, да поразговараме на повеќе теми. Жртвата што ја дале нивните најблиски е најголемата можна жртва, затоа што тие ги загубиле своите татковци, сопрузи, синови во одбрана на татковината, посочува Тошковски во објавата на својот Фејсбук профил.

Министерот нагласува дека жртвата на загинатите бранители не смее и нема да биде заборавена.

-Таа за нас претставува аманет и трајна обврска, секогаш да бидеме покрај нив, да им даваме поддршка, да ги почитуваме и да одговараме на нивните потреби во рамките на надлежностите што ги имаме, вели Тошковски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Минималната плата не го покрива ни основното преживување, велат од СДСМ

Објавено пред

Од СДСМ порачаа дека платите на работниците мора да се зголемат веднаш, а не по најави и проекции за две или четири години, оценувајќи дека актуелната економска политика не одговара на реалните животни трошоци и секојдневните потреби на граѓаните.

dobivaj vesti na viber

„На работниците не им требаат изговори ниту најави за 2028 година. Платите треба да се покачат сега, затоа што парите не им стигаат од први до први“, наведуваат од СДСМ, додавајќи дека животниот стандард е сериозно загрозен, а минималната плата не обезбедува основна егзистенција.

Од партијата реагираат и на изјавите и настапите на премиерот Христијан Мицкоски, прашувајќи дали тој чекал две години кога купувал часовници во вредност од 65.000 евра, додека работниците се принудени да преживуваат со примања што не ги покриваат ниту основните трошоци.

Според последните податоци, минималните месечни трошоци на едно четиричлено семејство во јануари 2026 година изнесувале 66.413 денари, што, како што посочуваат од СДСМ, значи дека ниту две минимални плати не се доволни за покривање на основните потреби. Со сегашното ниво од околу 400 евра, минималната плата, според опозицијата, не обезбедува заштита на животниот стандард и не ја следи реалната структура на трошоците во едно просечно домаќинство.

„Работниците буквално се борат за парче леб и не можат да чекаат до 2028 година“, велат од СДСМ, оценувајќи дека Македонија денес има најниска минимална плата не само во регионот, туку и во Европа.

Во реакцијата се споредуваат и состојбите во соседството. Во Косово, минималната плата се зголемува од 350 на 500 евра во две фази, во Албанија од 1 јануари 2026 година минималната плата ќе изнесува 500 евра, во Србија со владина одлука е зголемена на 500 евра, додека во Црна Гора се движи од 600 до 800 евра.

СДСМ предупредува дека последиците од ниските плати веќе се видливи, со масовно заминување на квалификувани работници и млади луѓе во странство, додека во земјата се увезува работна сила. Според партијата, ваквите политики водат кон дополнително намалување на вредноста на трудот, доколку тоа, како што наведуваат, не е и свесна цел на актуелната власт.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 часа

(Видео) Извлечени 51 лице заглавени на жичница на планината Улудаг во Турција

Технички дефект на жичницата на планината Улудаг, во близина на северозападниот турски град Бурса, предизвика блокирање на 51 лице кои...

Македонија4 часа

По реакции од граѓани, се чисти Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека денеска градот е целосно мобилизиран во сеопфатна и темелна акција за чистење на...

Македонија5 часа

Скопјани бараат од Цементарница Усје да работи според еколошките стандарди

Еколошките активисти од иницијативата „Стоп за Усје“ и граѓани денеска протестираа поради загадувањето на воздухот и бараа од Цементарница „Усје...

Македонија9 часа

Во Кочани ќе се гради патека на бесконечност за загинатите во Пулс

Советот на Општина Кочани на вчерашната 9. седница едногласно ја поддржа иницијативата за изградба на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста за...

Свет9 часа

Момче во Германија повлекло девојка под воз што доаѓал од спротивен правец, двајцата се мртви

Во Хамбург во четврток, две лица загинаа на метро станицата Вандсбек Маркт откако маж влечеше жена на шините пред воз...

Македонија10 часа

Од утре внимавајте, Безбеден град почнува официјално да казнува со суми од 20 до 500 евра и одземање на возачката дозвола

Од утре официјално започнува примената на системот Безбеден град, со што автоматското снимање и санкционирање на сообраќајните прекршоци влегува во...

Свет10 часа

Во текот на изминатото деноноќие, Русија извршила вкупно 1.019 напади врз Украина

Украинската противвоздушна одбрана соборила 64 од 85-те дронови што Русија синоќа ги лансирала, соопштија утрово Воздухопловните сили (ВВС) на Украина....

Свет11 часа

Државна секретарка од Црна Гора сакала да се самоубие поради секс скандал

Мирјана Пајковиќ, до неодамна државна секретарка во Министерството за човекови и малцински права на Црна Гора, поднесе оставка откако нејзините...

Свет23 часа

Нови откритија за Епстин и елитата: објавени документи за контакти со Бил Гејтс, политичари, принц – тврдел и дека цимерот во затворот сакал да го убие

Американското Министерство за правда објави нови милиони документи поврзани со случајот на Џефри Епстин, со што повторно се отворија прашањата...

Македонија1 ден

Заврши мониторингот за Македонија од страна на Советот на Европа, за Мицкоски тоа е историски момент и признание за нивото на демократија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека заврши мониторингот за Македонија од страна на...

Македонија1 ден

ССМ следната недела ќе го блокира Собранието: Пратениците ќе мораат на работа пеш и без патни трошоци, ќе ги удриме по џебот како тие нас

Прва институција која ќе ја блокираат работниците како продолжение на протестот за 600 евра минимална плата и зголемување од 100...

Свет1 ден

Кремљ: Путин се согласи на привремен прекин на огнот

Кремљ соопшти дека рускиот претседател, Владимир Путин, се согласил да ги запре нападите врз украинските градови до 1 февруари. Портпаролот...

Македонија1 ден

Левица: ДПМНЕ со 2,2 милиони денари ја почестиле фирмата на синот на антикорупционерката Ристовска

Само во 2024 година, во рамки на изборната кампања за претседателските избори, една од фирмите на синовите на Цвета Ристовска...

Македонија1 ден

Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“

Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред...

Македонија1 ден

Изгласана Резолуцијата за затворање на постмониторинг дијалогот со Македонија: „Ова е потврда за напредокот на државата“

Во текот на јануарската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, на која учествуваат пратениците Иванка Василевска, Беким Ќоку...

Свет1 ден

Мишел го критикува Руте: Престани да бидеш американски агент и обедини го НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, треба да престане да биде „американски агент“ и да го обедини расцепканиот воен сојуз...

Топ1 ден

Кривична пријава за „проневера во службата“ против претседател на ловечко друштво од Струмица

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против 41-годишниот Д.Р. од Струмица, поради постоење на основи на...

Свет2 дена

Стармер ја посети Кина, односите меѓу двете земји се зајакнуваат; Трамп: Она што го прават е многу опасно

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е „многу опасно“ за Велика Британија да соработува со Кина, додека британскиот премиер Кир...

Свет2 дена

САД се закануваат со царини за увозниците на нафта за Куба: „Очекувам Куба наскоро да пропадне“

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани со нови царини за земјите што испорачуваат нафта на Куба, засилувајќи го притисокот врз...

Свет2 дена

Нова анкета: Довербата во Трамп опадна, поддршката губи и кај републиканците

Една година по неговиот втор мандат, ставовите на Американците за претседателот Доналд Трамп, кои и претходно беа повеќе негативни отколку...