Свет
(Видео) Масакр во Америка: петмина убиени, шест лица пренесени во болница
Најмалку пет лица загинаа во пукање во моторџиски бар во округот Оринџ во Калифорнија, а шест лица се повредени и се во болница, јави „Си-би-ес Лос Анџелес“.
Според локалните медиуми, полицијата одговорила на повикот од барот „Кукс корнер“ околу осум и пол навечер и на местото на настанот затекнала масакр.
Два извора за овој весник, кои сакаа да останат анонимни, рекоа дека напаѓачот бил пензиониран полицаец од округот Вентура. Наводно цел му била неговата побегната сопруга, која очигледно ја следел до барот, каде што пукал во толпа луѓе.
„КЦАЛ њуз“ објави дека убиецот е застрелан, но не се знае дали им подлегнал на повредите.
Кабинетот на гувернерот на Калифорнија соопшти дека ја следи ситуацијата по пукањето во округот Оринџ, пренесе „Ројтерс“.
Сенаторот Дејв Мин рече дека му е скршено срцето по веста за уште едно масовно убиство.
„Моето срце е скршено поради семејствата и најблиските на жртвите на ова пукање“, рече тој.
Инаку, барот во кој се случи масакрот е популарно место за собирање моторџии од 70-тите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белгија издвојува девет милиони евра за украинската енергетска инфраструктура
Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да придонесе за поправка на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, најави белгиската министерка за развојна соработка, Каролин Генез.
„Преку ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воена поддршка, овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина“, рече министерот, пренесува RTBF.
Според неа, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, која е специјализирана за економски развој.
Свет
Генералното собрание на ОН го повика Советот за безбедност да ја прими Палестина за членка
Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка, пренесува Би-Би-Си.
Палестина има статус на земја-набљудувач не-членка од 2012 година, што дозволува некои права помалку од полноправна членка.
За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН.
САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но гласањето денска може да се смета како гест на поддршка за Палестинците.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за безбедност.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.