Спорт
Малер за Барса – Педри ќе паузира повеќе од еден месец
Барселона потврди дека Педри го очекува пауза од повеќе од месец дена, откако ја повратил повредата на бутниот мускул на десната нога.
Педри беше еден од најдобрите играчи во тимот на Чави Ернандез при борбент победа над Кадиз, постигнувајќи еден гол, но сега го очекува пауза од најмалку шест недели. Чави има доста опции во средниот ред за да го замени Педри со Илкај Гундоган, Гави, Френки де Јонг и Ориол Ромеу.
Педри ќе ги пропушти мечевите со Вилјареал и Осасуна, а нема да биде достапен и за двата квалификациски меча на Шпанија против Грузија и Кипар.
❗ Injury news@Pedri has a right quadriceps injury. He is unavailable for selection and his recovery will determine his return. pic.twitter.com/QfpDKsF1TJ
— FC Barcelona (@FCBarcelona) August 24, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Пеп Гвардиола изгребан и крвав се појави пред новинарите
Во натпреварот од 5. коло на Лигата на шампионите, фудбалерите на Манчестер сити загубија три гола предност против Феенорд на „Етихад“, а менаџерот на „Граѓаните“, Пеп Гвардиола тешко го издржа шестиот последователен дуел во кој неговиот тимот не успеа да победи.
По пет порази во низа, следеше реми со тимот од Ротердам, што остави последици по физичкиот изглед на трофејниот шпански тренер. Гвардиола се појави пред ТВ камерите со расекотина и крв на носот и гребаници на неговата глава.
„Сакав да се самоповредам“, одговори Пеп, а снимката брзо стана виралена.
Манчестер сити е на 15.место во Лигата на шампионите со осум освоени бодови, а во следното коло му гостува на Јувентус. „Граѓаните“ се на втората позиција во Премиер лигата со осум бода помалку од водечкиот Ливерпул на кого му гостуваа викендов.
Pep Guardiola ‘I want to harm myself’ pic.twitter.com/wICatn2jZq
— SleeperFootball (@SleeperFooty) November 26, 2024
Спорт
Белингем: Ја загубив насмевката по Европското првенство
Англискиот репрезентативец и напаѓач на Реал Мадрид, Џуд Белингам изјави дека се чувствува како „жртвено јагне“ откако неговата репрезентација во јули не успеа да го освои Европското првенство.
„Морам да бидам искрен, ја загубив насмевката по Европското првенство. Се чувствував како да ме малтретираат неправедно во однос на она што го дадов. Почувствував остра критика упатена кон мене. Се чувствував малку како „жртвено јагне“. Можеби тоа е самосожалување“, изјави Белингам.
Белингем пред почетокот на Европското првенство со Реал ја освои титулата во Шпанија и Лигата на шампионите, а беше прогласен за играч на сезоната во Шпанија.
„Мислам дека придонесов за репрезентацијата во некои важни моменти, а на крајот како цел свет да ми се сруши, особено три дена по финалето на ЕП. Не се чувствував добро“, заклучи Белингам.
Спорт
Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ: Плутократо е.и се
Фудбалерите на Баерн, во Минхен го победија Пари Сен Жермен (1:0) во петтото коло од Лигата на шампионите. Пред почетокот на натпреварот на мета на домашните навивачи беше претседателот на „светците“, Насер Ал-Келаифи.
Навивачите на Баерн на една од трибините истакнаа транспарент со порака:
„Министер, сопственик на клуб, сопственик на ТВ права, член на извршниот комитет на УЕФА, директор на Европската клупска асоцијација сè во едно?“, пишуваше на еден транспарент.
На вториот истакнаа уште една порака:
„Фудбал, тоа сум јас? Е.и се плутократо Ал-Келаифи“.
Арапскиот милијардер на чело на ПСЖ, исто како и сопствениците на Манчестер сити и некои други новоформирани богати клубови, не се по вкусот на навивачите на клубовите со голема традиција.