Македонија
(Видео) Митева: СДС и ДУИ со години ја уништуваат Македонија декларирајќи вредности што не ги почитуваат
Ковачевски и СДС не се за ЕУ, туку за криминал, корупција и крадење, истакна на прес-конференција портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.
Со Ковачевски и СДС, како што вели, Македонија е сè подалеку од ЕУ.
„Додека зборуваат за интеграција, всушност прават криминал и корупција, кога зборуваат за реформи, всушност ги ставаат судството и Обвинителството под партиски канџи.
Додека лажно пропагираат за европски фронт, инфлацијата во Македонија е помеѓу најголемите во Европа, цените на храната секојдневно се зголемуваат. Само во последните неколку недели има зголемување и по неколкупати на одредени производи, кои се дел од основната исхрана на граѓаните.
Со СДС Македонија има највисок буџет до сега, но најсиромашни граѓани. Долгот на државата е над 8 милијарди евра, што е речиси двојно повеќе пред СДС да дојде на власт“, вели таа.
Иако СДС ја задолжи Македонија за нови 3,7 милијарди евра, нема ниту една нова капитална инвестиција, додава Митева, граѓаните се организираат и преку СМС-пораки за донации за лекување во странство на болните, а болните од ретки болести молат за терапија.
„Повеќе од 6 години власта не може да ги доврши проектите, како за клиничката болница во Штип, го раскина договорот за клиничкиот центар во Скопје, 6 години веќе поминаа, а секој месец одредена категорија граѓани, болни од одредена болест, штрајкуваат за некој во власта да се смилува и да набави терапија, што практично е обврска за власта, а не прашање на нивната милост.
6 години СДС ја задолжува Македонија, 6 години Македонија се мачи да преживее, а народот моли за лекови. 6 години СДС ја злоупотребува ЕУ лажно декларирајќи вредности, кои не ги почитуваат, а за применување не станува ниту збор.
6 години Македонија е сè подалеку од ЕУ. Почитувани, со секој месец со СДС и ДУИ на власт уште повеќе Македонија се оддалечува од ЕУ. Затоа, потребни се избори за промени“, оценува портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Прочка – празник на искреното меѓусебно простување кај православните верници
Денеска православните верници го слават празникот Прочка.
Овој ден е голем празник за христијаните бидејќи ја претставува искрената волја за срдечно простување меѓу луѓето. Со празникот се поврзани и голем број на обичаи и верувања.
Прочка е ден на меѓусебно простување помеѓу верниците, пред почетокот на Велигденскиот пост. Датумот на празникот се менува во зависност од датумот на Велигден и секогаш е точно на 7 недели пред Велигден.
Од верски аспект, Прочка е една од манифестациите на искрената и пожртвуваната љубов кон ближните, која го следи примерот на Исус Христос за безусловно и безгранично проштевање меѓу луѓето.
Според традицијата, прошка бара помладиот од постариот со зборовите „Прости ми“, а постариот одговара „Простено да ти е од мене и од Бога“.
Со Прочка завршуваат зимските и почнуваат пролетните празници.
Македонија
Променливо облачно со засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Во утринските часови, во повисоките предели на северозападот можно е краткотрајно провејување на слаб снег.
Ќе дува умерен ветер од северен правец, а долж Повардарието повремено ќе биде засилен и ќе достигнува брзина до 60 километри на час. Минималната температура ќе се движи од -4 до 4 степени, додека максималната дневна ќе биде меѓу 5 и 12 степени.
Во Скопје ќе преовладува променлива облачност со кратки сончеви периоди. Северниот ветер на моменти ќе засилува, особено во одредени делови од котлината. Утринската температура ќе се спушти до 2 степени, а дневната ќе достигне до 11 степени.
Во текот на новата седмица се очекува стабилно време. Исклучок ќе биде вторник, кога кон крајот на денот, претежно во североисточните делови од земјата, се можни повремени локални врнежи од дожд. Утрaта ќе бидат постудени, а дневните температури ќе бидат во постепен пораст.
Македонија
Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски.
„Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања. Преку 70% од граѓаните сакаат ЕУ – а тој зборува за „булинг“ и „прва и втора лига“. Тоа не е булинг, тоа е последица од неисполнување на обврските: правда, слобода на медиуми, борба против корупција. ВМРО секојдневно создава конфликти со соседите а на критиките од Брисел одговара со напади врз ЕУ. Затоа нема напредок, затоа 5 тони дрога излегуваат преку македонската граница неказнето, затоа судството и обвинителството се под контрола, а медиумите се задушени преку моделот на Орбан. Европа ни даде јасна шанса до 2027, заедно со регионот! Црна Гора и Албанија напредуваат. Ние? Само ако престанеме со оваа политика на изолација што намерно ја турка Мицкоски. Мицкоски ВМРО не сакаат ЕУ – сакаат да крадат на тендери без надзор. Тоа не е европска вредност. Тоа е криминална вредност. Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски“ стои во реацијата на претседателот Филипче.

