Македонија
Груби: Сакаме напред со цела ВМРО-ДПМНЕ, секој ден ги убедуваме пратениците за уставните измени
Вицепремиерот Артан Груби е дециден дека на вчерашните средби со Ескобар воопшто не се разговарало за предвремени избори, туку за успешно завршување на уставните измени.
Тој изрази надеж дека ВМРО-ДПМНЕ „ќе се надмине себеси“, ќе гласа и ќе го тргне ова прашање од дневната политичка агенда затоа што тоа е во интерес на сите граѓани.
„Имаме контакти, средби со партијата се гледаме во Собранието секојдневно се обидуваме да ги убедиме, иако јас знам, длабоко сум убеден ги познавам и тие сами знаат дека ова не и прави ништо лошо на нашата заедничка држава и се надевам дека ќе се најде начин не само со дел од пратениците туку со цела ВМРО-ДПМНЕ да одиме напред, а потоа, ако сакаат можеме истиот ден да го распуштиме Собранието и да одиме на предвремени избори уште на самиот ден кога ќе гласаме за уставните измени. Исто подготвени сме да дадеме сите оставки дадовме веќе, ги поднесовме до премиерот и се откажавме од идејата да имаме прв Албанец премиер на Владата на Република Макеоднија само да ја видиме зачленета во Европска унија“, изјави Груби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Пронајденo e исчезнатото 4-годишно дете
Пронајдено е четиригодишното дете Хадис по кое попладнево се трагаше.
Таткото Самир Абазов на социјалните мрежи упати благодарност до сите граѓани кои се вклучиле во потрагата.
„Благодарам на сите хумани луѓе што помогнавте во големата акција да се најде детето. Детето е пронајдено живо и здраво. Фала од се срце“, порача Абазов.
Скопје
Се бара 4-годишниот Хадис: облечен е во зелено и последен пат виден во Ченто
Четиригодишниот Хадис е изгубен во населбата Ченто во Скопје, а неговите родители на социјалните мрежи бараат помош од граѓаните за да го пронајдат.
Според информациите на платформите, момчето последен пат било видено во близина на слаткарницата „Делиција“ во Ченто.
Облечен е во зелени алишта и носи црвени патики.
„Апел до сите кои можеби го виделе Хадис или имаат какви било информации, да се јават на телефонскиот број 078 912 545“, се вели во објавата на социјалните мрежи.
Македонија
Битиќи: Инклузивноста и консензусот во Националната развојна стратегија се темел за долгорочниот развој и стабилност
„Националната развојна стратегија(НРС) отвора пат кон долгорочен развој, стабилност и просперитет за сите наши граѓани и граѓанки. Нејзиното усвојување е повеќе од обична политичка одлука – тоа е пресвртна точка, момент кој бара зрелост, одговорност и најважно, консензус“, рече пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи на денешната 17-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, на која, меѓу другото, се расправаше за Националната развојна стратегија 2024-2044 година.
Битиќи потсети дека пред неполни четири години, како вицепремиер за економски прашања, со голема одговорност и посветеност го започна процесот на креирање на НРС.
„Во тој момент, со јасна визија дека нашата држава мора да има долгорочен и стабилен план за развој, формиравме тим од стручњаци, консултиравме експерти од различни области, но најважно, го отворивме процесот за пошироката јавност, вклучувајќи го гласот на илјадници сограѓани граѓани. Над 14.000 граѓани од различни сегменти на нашето општество, од академската заедница, граѓанскиот сектор, бизнис заедницата и сите политички партии, придонесоа во неговото создавање. Тоа значи дека ова не е само стратегија на една влада или една партија. Ова е стратегија од сите нас за сите нас“, рече пратеникот од СДСМ, Битиќи.
Тој потсети дека за време на власта на СДСМ е поставен темелот за овој документ кој, со тек на времето, прерасна во најважната стратешка рамка за иднината на нашата држава.
„Денес, со огромна радост и чувство на исполнетост, како пратеник го дочекав финализирањето на стратегијата. Овој документ одразувајќи ги колективните аспирации успеа да ги обедини различните гласови и интереси. Сега, како претставник на граѓаните и граѓанките, со уште поголема увереност можам да кажам дека ова е патот кој ќе ја води нашата земја кон долгорочен и одржлив развој. Консензусот што го бараме денес не е само политички чин. Тој е израз на нашата посветеност кон демократските вредности. Со оваа стратегија покажуваме дека ги цениме различните мислења и сме подготвени да ги интегрираме во еден заеднички план. Ние, како пратеници, имаме обврска да го претставуваме гласот на граѓаните и граѓанките, кои преку процесот на создавање на НРС јасно ни порачаа што очекуваат од нас: очекуваат консензус, очекуваат соработка и очекуваат визија која ќе ги надмине тековните политички битки и поделби“, рече Битиќи.
Во своето обраќање во Собранието, пратеникот Битиќи појасни дека консензуалното усвојување на НРС ќе има и долгорочни политички импликации, затоа што ова не е само стратегија која ќе помогне да се решат економските предизвици.
„Ова е стратегија која ќе ја засили довербата во нашиот политички систем. Со тоа што сите политички партии учествуваа во нејзиното создавање, ние покажавме дека сме способни за компромис и соработка. А компромисот не е слабост – напротив, тоа е израз на политичка зрелост и одговорност“, рече Битиќи и дополни дека пратениците имаат можност да покажат дека за прашања кои се од суштинско значење за иднината на државата, може да работат заедно и даги надминат партиските интереси и да се усвои документ кој ќе биде од корист за сите.
Битиќи истакна дека една од важните лекции што треба да се научи од процесот на создавање на НРС, е дека инклузивноста не е само средство за постигнување на цели.
„Инклузивноста е основен принцип на демократскиот систем, кој гарантира дека секој глас е слушнат и секој интерес е земен предвид. Ова не треба да се ограничи само на институциите – оваа вредност треба да се преслика и во нашите политички партии, во нашиот секојдневен живот“, порача од собраниската говорница Фатмир Битиќи.