Македонија
Мицкоски: Владата ги казнува жителите во оние општини каде ВМРО-ДПМНЕ имаат свои градоначалници

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска беше во посета на Гевгелија во рамки на активноста „Ова е Македонија за сите“.
„Ја користам оваа прилика да му честитам на Доне, на советниците, администрацијата за сето она кое што го прават овде во Гевгелија и за потребите на гевгеличани. Исто така и на пратеничката Ангелина која е дел од македонското собрание, која што секогаш се бори да обезбеди средства повеќе за да се реализираат проекти овде во Гевгелија. Но, за жал имаме работа со влада каква што имаме, знаете таа е влада која покрај тоа што нема кредибилитет, таа е и антинародна влада бидејќи ги казнува општините и жителите во оние општини каде што ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата имаат свои градоначалници, и затоа никогаш не ги прифаќа амандманите кои што доаѓаат од пратениците од општините каде што ВМРО-ДПМНЕ има градоначалник“, рече Мицкоски.
Потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ како идна влада ќе покаже дека сите општини во Македонија без разлика дали се градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, или од некои други политички партии, ќе добијат финансирање на проекти коишто ќе значат поквалитетен живот на граѓаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода делови од Центар и Чаир

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, соопшти дека, денеска поради изведување на водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од фи-200 мм, на ул. Бајрам Шабани бр. 7, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Бајрам Шабани, Челопек, Чаирска, Јајце и Ордан Чопела. (Општина Чаир)
· Поради изведување на водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од фи-80 мм мм, на ул. Коле Неделковски бр. 59, од 08:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Коле Неделковски и Киро Крстевски -Платник. (Општина Центар)
Македонија
Претежно сончево, кон крајот на денот со зголемена облачност

Времето денеска, претежно сончево со слаб до умерен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени.
Во Скопје, сончево со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 33 степенiи.
Во наредните денови следува период на претежно сончево време, освен во среда кога ќе преовладува променливо облачно со сончеви периоди. Во среда и четврток ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер, а дневните температури ќе опаднат за неколку степени.
Македонија
Додека Мицкоски измислува странски служби и хибридни напади, неговиот министер Тошковски јавно го демантираше, велат од СДСМ

Според СДСМ, она што се случува деновиве покажува дека владата на ВМРО-ДПМНЕ не само што e неспособна туку е во целосна конфузија.
Според оваа партија, додека премиерот Христијан Мицкоски измислува странски служби и хибридни напади, неговиот министер Тошковски јавно го демантираше, ја префрла вината врз граѓаните кои живеат покрај депониите.
„Јасно како ден е дека „хибридниот напад од странски центри“ е смешно алиби за неспособноста на Мицкоски и неговата влада. Мицкоски глуми жртва секој пат кога е фатен во неспособност да одговори на проблемите.
За овие 15 месеци имавме 5 различни и измислени сценарија, за дестабилзаиција, за странски служби, за дронови, за следење на премиерот и сега еве хибридни напади од надворешни центри на моќ.
Неспособност не може да се покрие со изговори, таа се гледа и граѓаните многу добро ја знаат затоа што ја плаќаат со најважното нешто, нивното здравје“.
Од оваа власт, додаваат од СДСМ, не видовме ниту едно решение за ниту еден проблем, затоа се изговорите.
„Резултатот на владата на Мицкоски е катастрофален: депониите горaт, воздухот не се дише, канцерогените материи се зголемуваат, а институциите се парализирани од лагите и изговорите на власта“.