Спорт
(Видео) Халанд се „поправи“ по промашениот пенал, Астон вила со нова победа

Без Пеп Гвардиола на клупата, Манчестер сити се намачи за да дојде до 2:1 победа на гостувањето кај новиот премиерлигаш Шефилд јунајтед, додека Астон вила на Унаи Емери сврза две победи во низа со гостинска 3:1 победа кај Барнли.
Гвардиола уште се опоравува во Каталонија од операцијата на грбот, но не беше очекувано „граѓаните“ да имаат проблеми против Шефилд. Сепак, на теренот, тие не успеаја да стигнат до вистинска шанса до 37. минута кога беше досуден пенал за гостите. Меѓутоа, Ерлинг Халанд покажа дека, сепак, е само човек, погодувајќи ја пречката.
Халанд се поправи во 63. минута, кога по асистенција на Џек Грилиш, го постигна првиот гол на мечот. Меѓутоа, домаќините ја искористија лошата реакција на целата одбрана на Сити и во 85. минута, Џејден Богл израмни на 1:1. Човек за одлука беше Родри кој во 88. минута даде убав гол за триумф и прво место на табелата со максимални 9 поени по три кола.
Мети Кеш даде два гола во првите 20 минути игра за Астон вила да стигне до 3:1 победа кај Барнли на Винсен Компани, кои остануваат без поени по првите три кола.
ПРЕМИЕРЛИГА, 3.КОЛО
Шефилд јунајтед – Манчестер сити 1:2
Барнли – Астон вила 1:3
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Фенер го надомести минусот од Истанбул, па од Ренџерс испадна во пенал рулетот

Глазгов Ренџерс последни изборија место во четвртфиналето во Лига Европа. „Полицајците“ во пенал рулетот го елиминираа Фенербахче.
Фенербахче успеа да ја надомести негативата од два гола про првиот меч во Истанбул. На „Ајброкс“, двата гола за Фенер ги постигна Шимански во 45. и 73.минута. Со резултат 2:0 заврши регуларниот дел, а не се менуваше ниту по продолженијата.
Играчите на Фенербахче беа поодбри на теренот, но не можеа да го постигнат третиот гол. Во финишот на второто продолженија во два наврати баар пенал, но судијата Ескас не се огласи.
Пенал серијата Ренџерс ја доби со 3:2. Ударите на Тадиќ и Фред во првата и четвртата серија ги одбрани Батланад, а во петтата Јандас шутираше над голот. Во редовите на Ренџерс само Хаџи не реализираше, Џан го одбрани неговиот удар.
Глазгов Ренџерс во четвртфиналето ќе игра против Атлетик Билбао.
Спорт
(Видео) „Олд Трафорд“ го слави хет-трикот на Бруно, Одобер го однесе Тотенхем во четвртфиналето

Манчестер јунајтед и Тотенхем, заедно со Лион се пласираа во четвртфиналето во Лига Европа.
Манчестер јунајтед го победи Реал Сосиедад со 4:1 и со вкупни 5:2 го елиминитаа тимот од Сан Себастијан.
Три гола постигна Бруно Фернандеш ( два пати беше прецизен од белата точка), а четвртиот гол го постигна неговиот донародник Диото Дало.
Голот за Сосиедад, кој беше прв на овој натпревар од пенал го постигна Микел Ојерзабал.
По победата од 3:1 во Букурешт, Лион славеше над ФЦСБ и во Франција, овојпат со резултат 4:0.
Микаутадзе донесе водство во 14. минута, а до одморот преку Нуама, Олимпик го удвои водството.
И ова дуо беше во центарот на вниманието. Микаутадзе погоди во 47. минута, а Нуама во 88. минута го запечати триумфот.
Место во топ 8 избори и Тотенхем. Спарс во Лондон го совлада АЗ Алкмар со 3:1.
Одобер го отвори резултатот во 26. минута, Медисон во 48. го удвои водството, а во 63. Копмајнерс ја намали предноста на домашниот тим.
Херој на Тотенхем беше Одобер, кој погоди во 74. минута и му обезбеди на Тотенхем меч со Ајнтрахт Франкфурт.
Спорт
Чурлинов со Јагиелонија го мина Серкл Бриж, Николов со Борац испадна од Конференциската лига

Јагиелонија избори четвртфинале во Конференциската лига, а Борац Бањалука во драматичен натпревари испадна од ова натпреварување.
Јагиелонија го мина Серкл Бриж благодарение на победата во првиот меч од 3:0. Вечерва во Белгија, полскиот клуб загуби со 2:0. Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов за Јагиелонија играше од 58.минута.
Борац Бањалука во Виена загуби од Рапид во продолженија и покрај тоа што имаше водство од 1:0. Австриците во четвртфиналето влегоа со голот на Швауб во 96.минута.
Поранешниот македонски репрезентативец Бобан Николов на теренот влезе во 74.минута.