Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Командирите кои ги постави Спасовски се однесуваат како локални полициски шерифи
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/06/spasovski.jpg)
„Мафијашки пресметки, убиства, кражби, дивеења, киднапирања сред бел ден и пукања со автоматско оружје се реалната слика од 7 годишното мистерување на Оливер Спасовски. 30-годишен командир на полициската станица Ропотово пукал со калашников од тераса, додека други граѓани гледаат и снимаат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Командирите кои ги постави Спасовски и СДС се однесуваат како локални полициски шерифи и наместо да обезбедат безбедност, тие демонтрираат сила и моќ.
Со ваквото однесување командирот на ПС Ропотово кој треба да обезбеди безбедност за граѓаните, истато не само што не го прави, туку им ја загрозува безбедноста и ги вознемирува граѓаните.
Ова ли се тие европски принципи за кои се залага СДС и ДУИ? Само СДС и ДУИ може да промовираат вакви европски вредности каде што полициски службеник пука со калашников“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Спасовски е најодговорен за вакво дивјаштво од првите луѓе на полициските станици.
Спасовски мора да понесе одговорност, бидејќи до сега не успеа како министер да расветли ниту едно убиство.
Истрагата мора да покаже дали командирот на ПС Ропотово нелегално поседувал калашников, бидејќи истото може да го има само Армијата или министертвото, додека за цивили е забрането.
Очекуваме надлежните да поведат соодветна истрага и случајот целосно да биде расветлен.
Одговорност мора да има.
Спасовски веднаш да поднесе оставка. Никој не смее да предизвикува општа опасност и да ја загрозува безбедноста и мирот на граѓаните!“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Познат идентитетот на Македонката која загина во тешка сообраќајна незгода во Грција, тешко повредени уште две девојки
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/soobrakajka-grcija.jpg)
Министерството за надворешни работи соопшти дека денеска во 12 часот по локално време, на автопатот Егнатиа, во Република Грција, се случила тешка сообраќајна несреќа, во која М.Н. (1995), државјанка на Република Северна Македонија го изгуби животот.
„Претставниците на Генералниот конзулат на Северна Македонија во Солун, кои од времето на настанатата трагедија беа во контакт со блиски на жртвата, остануваат на располагање за асистенција во врска со преносот на останките на починатата во земјата.
Воедно, информираме дека засегнати се и три наши државјанки, сопатници на починатата, А.К (2000) и М.Р (2000), кои добиле тешки повреди и И.Ј (1999) која не е повредена, при што се соодветно хоспитализирани“, соопшти МНР.
Генералниот конзулат останува во постојана комуникација со надлежните институции и на располагање на повредените наши државјанки и нивните семејства при евентуална потреба за помош, до нивното враќање дома.
Македонија
(Видео) Хеликоптер на МВР исфрли над 20 тони вода врз пожар во кичевско
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/pozar-mkd.jpg)
Денеска хеликоптер Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици на МВР, по добиено барање од ЦУК, дејствуваше на пожарот на отворено во атар на село Цер во општина Кичево, извести МВР.
Хеликоптерот исфрли над 20 тона вода и го стопира кракот што се наближуваше да зафати букова шума, соопшти МВР.
Македонија
Топлото време продолжува и во наредните денови, утре температурите до 40 степени
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2021/06/toploten-bran-sad.jpg)
Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 23, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. UV=9
Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од западен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 40 степени.
Во деновите од викендот нашето подрачје и понатаму ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса од југ поради што времето ќе биде претежно сончево и натпросечно топло. Од понеделник во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Дневните температури ќе бидат во постепено благо опаѓање.