Регион
„Како на мало девојче да му кажат дека здолништето ти е предолго, пресоблечи се, а потоа велат – а сега е прекратко“: Брнабиќ за членството во ЕУ

Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави денеска на Бледскиот стратешки форум дека Србија чека членство повеќе од 20 години и дека луѓето се уморни, бидејќи што и да прават не е доволно добро, но дека никој на Западен Балкан нема подобра опција од Европската унија.
Таа посочи дека Северна Македонија го сменила името и дека сè уште има потешкотии да добие датум за почеток на преговорите, а Србија се уште е во преговори и 10 години од почетокот на преговорите.
Датумот за почеток на преговори значи многу за Западен Балкан, но не и за Европската Унија, рече Ана Брнабиќ и додаде дека Западен Балкан што и да направи не е доволно добро, на таков начин гледа ЕУ кон овој регион според неа.
„Исто како на мало девојче да му кажеш дека здолништето ти е предолго, пресоблечи се, а потоа велат а сега е прекратко, пресоблечи се, сега ти се долги ракавите. Навистина не знаеш што да правиш, луѓето се уморуваат“, изјави Брнабиќ.
Таа посочи дека никој на Западен Балкан нема подобра опција или план Б, бидејќи станува збор за европски земји, кои се во средината на ЕУ.
„Добро кажа албанскиот премиер Еди Рама – не се работи за проширување, туку за потполнување, ние сме опкружени со ЕУ. Нашите работни места доаѓаат од компании од ЕУ, инвестициите се од ЕУ, извезуваме или во ЕУ или во регионот. Би било добро за нас, но и за ЕУ, конечно да го направиме тој последен чекор“, рече Брнабиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Млад човек се удави во Улцињ: трагедија во Црна Гора

Млад човек се удави во Улцињ денеска, во попладневните часови, јавуваат медиумите во регионот.
Според написите, давењето се случило на „Големата плажа“.
Засега нема информации за идентитетот на загинатиот.
Според последните извештаи било подигнато црвено знаме бидејќи имало големи бранови во морето.
Регион
Србија им препорачува на граѓаните да не патуваат во Хрватска на почетокот на август

Министерството за надворешни работи на Србија им препорача на граѓаните на Србија да се воздржат од патување во Хрватска во периодот од 1 до 10 август.
Во соопштението Министерството им советува на граѓаните што ќе бидат на територијата на Хрватска во тој период да избегнуваат собири и други јавни собири, кои може да носат ризик од инцидентни ситуации.
Во тој период – на 5 август, Хрватска ја одбележува годишнината од воено-полициската операција „Бура“. Прославата се одржува на денот кога завршила акцијата. Во Србија годишнината од „Бура“ е на 4 август, денот кога почнала, како ден на сеќавање на жртвите и протераните Срби.
Регион
(Видео) Турист падна во базен откога му се откопча падобранот за време на парасејлинг во Црна Гора

Турист доживеа опасен инцидент за време на парасејлинг во Бечичи, откако поради силен ветер му се откопча падобранот.
Снимка од инцидентот кој можел да заврши трагично беше објавена на популарната страница Подгорички времеплов, со опис:
„Туристот имал многу среќа што поминал без повреди. Имено, станува збор за странски државјанин кој во Бечичи останал неповреден кога поради силен ветер се откопчал падобранот што го влечел глисер. Туристот паднал во базен. Станува збор за адреналинскиот спорт парасејлинг.“
View this post on Instagram
Полицијата, според досегашните информации, не добила пријава за овој инцидент.