Македонија
Ковачевски во Блед: Северна Македонија носи тешки и храбри одлуки, членство во ЕУ во 2030 е остварлива цел
Премиерот Димитар Ковачевски во рамки на Бледскиот стратешки форум што се одржува во Словенија, денеска учествуваше на лидерскиот панел, насловен како „Солидарност за глобална безбедност“.
Тој во своето обраќање се осврна на процесот на проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан и анализирајќи го периодот од 2003 година кога нашата држава за прв пат беше ставена на агендата за проширување на ЕУ, истакна дека граѓаните во Северна Македонија се оптимисти веќе 20 години. Ковачевски рече дека и после две децении, дури 80% од граѓаните на Северна Македонија се за членство на земјата во ЕУ. Истакна дека очекува принципите на проширувањето на ЕУ да се темелат на вредностите на Унијата како и политичка и економска соработка меѓу земјите, а не да се користи домашната политика на меѓународната сцена.
„Овие блокади доаѓаат од земји членки на ЕУ во бранови коишто се користат главно за нивната домашна политика, а не за меѓународната сцена. Токму затоа, охрабрен сум од ваква јавна изјава која за прв пат ја даде претседателот Мишел, дека ЕУ треба и ќе ја валидира својата добронамерност и волја за проширување. Зошто? Затоа што сега зборуваме за проширување не само во ЕУ, туку ова е клучниот збор и во НАТО. Знаете дека ние бевме најмлада членка на НАТО, веќе не сме, сега е Финска. Ако повлечам паралела колку сме добри како земји, тогаш како членки на НАТО докажавме дека сме добри партнери. Се покажавме како многу активни партнери во НАТО и досега не гледам проблеми во рамки на функционирањето на НАТО каде Албанија, Северна Македонија и Црна Гора се земји членки“, рече Ковачевски .
Посочи дека земјите кандидатки се тесно економски поврзани со земјите членки на ЕУ, истакна дека напредокот во државите од регионот е членството во Унијата, и посочи неколку средби со млади кои работат во Словенија, а кои доаѓаат од Северна Македонија и БиХ.
„Членството во ЕУ, ни е единствената алтернатива затоа што економиите се поврзани. Имав можност да ги видам моите Македонци кои живеат и работат во Копер, но исто така забележав кога одите долж ривиерата како да се наоѓате во БиХ. Затоа што сите келнери доаѓаат од БиХ. Зошто? За повисоки плати. И кога ги прашувам како ви е, тогаш велат не може полошо, затоа што работиме на 50 степени на сонце, на терасите. Се видов со неколку македонски студенти кои работат во кафетериите, знаете што ми кажаа, – „Ве молиме направете сè, да ја внесете нашата земја во ЕУ, сакаме да се вратиме дома и да работиме во земја на ЕУ, но дома, не овде, во Словенија““, посочи тој.
Верува дека ЕУ ќе вложи напори проширувањето во 2030 година да биде реалност и дека ќе дадеме сè за да се реформира македонското општество по европски стандарди.
„Уверен сум дека Северна Македонија покажа оти може да носи тешки и храбри одлуки и по секоја од нив излеговме како посилна земја и токму затоа во овој момент би рекол дека, во старата смисла од старите земји кандидатки, најдобри сме во многу аспекти во смисла на имлементирање на европското законодавство, микро финансиската стабилност, тоа е докажано од ЕУ и инструментите на ЕУ. Затоа велам дека 2030 година е остварлива како цел“, рече Ковачевски.
На лидерскиот панел во Блед, Словенија, покрај премиерот Ковачевски учествуваа премиерите, на Албанија Еди Рама, на Србија Ана Брнабиќ, на Хрватска Андреј Пленковиќ, на Бугарија Николај Денков, на Косово Албин Курти, на Црна Гора Дритан Абазовиќ и претседателката на Советот на министри на Босна и Херцеговина Борјана Кришто.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Законот за високо образование нема да биде повлечен, јавнaта расправа продолжува
Министерката за образование и наука Весна Јаневска на пленарна седница изјави дека нема да го повлече нацрт-законот за високо образование.
Таа посочи дека во моментов се одржуваат јавни расправи на сите универзитети и дека нацрт-текстот е објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), каде што сите засегнати страни можат да достават коментари.
На прашање од пратеничката од СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, која изнесе забелешки, Јаневска одговори дека законот е „за добробит на сите“ и дека реакциите не можат да се генерализираат.
Според министерката, предлог-законот е усогласен со европски и светски стандарди и предвидува подобрување на студентските права, двегодишен мандат за универзитетските тела, можности за ангажман на демонстратори и вработување на студенти на проекти, како и поддршка за најдобрите студенти.
Јаневска нагласи дека членот 13 се однесува на заштита на автономијата на универзитетите и дека во изработката на текстот учествувале над 60 професори.
Македонија
Гаши во Стејт департментот: Верската хармонија во земјава како модел за општеството
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со Мајкл Дозлер, раководител на Одделот за европски и евроазиски прашања во Канцеларијата за меѓународни верски слободи, како и со други претставници во Стејт департментот на САД.
За време на средбата, претседателот Гаши нагласи дека нашата земја ужива верска хармонија, која треба да служи како модел за унапредување на другите општествени односи. Беше дискутирано за важноста на толеранцијата и негувањето на верските вредности, а воедно и зачувувањето на секуларниот карактер на државата.
Дозлер изрази благодарност за моделот на хармонија што постои во земјата и нагласи понатамошна поддршка за иницијативите што промовираат мир и соработка.
Меѓу другото, беа дискутирани и искуствата и средбите одржани за време на последната посета на претседателот во Вашингтон (февруари 2026 година), каде што Гаши изрази благодарност за меѓудржавната соработка и партнерство.
Македонија
Гоце Наумовски стана нов уставен судија
Собранието со 63 гласа „за“, седум „против“ и без воздржани го избра професорот Гоце Наумовски за нов уставен судија, по што тој даде свечена изјава дека функцијата ќе ја извршува совесно, одговорно и во согласност со Уставот и законите.
Наумовски е редовен професор по римско право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје.
Доаѓа на местото на судијката Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, која во декември поднесе оставка од функцијата судија на Уставниот суд, поради здравствени и лични причини.

