Забава
Памела Андерсон во својот кревет видела жена демнач облечена во познатиот црвен костим за капење
Памела Андерсон еднаш во својот кревет пронашла натрапничка, која всушност била нејзин голем фан и која на себе го имала култниот костим за капење на познатата спасителка на плажа.
56-годишната актерка и модел се прослави во 90-тите со улогата на Си Џеј Паркер во хит-серијата Baywatch („Чувари на плажата“), а многу подоцна, во 2001 година, била шокирана кога открила дека Французинката Кристин Рот (тогаш 27-годишна), упаднала во нејзината куќа и легнала во нејзиниот кревет облечена во препознатливиот црвен едноделен костим од серијата.
Кога ја видела Памела првпат, девојката ѝ дала лист хартија, на кој пишувало: „Јас не сум лезбијка, но те сонувам“.
Во интервју за весникот „Сан“ актерката вели: „Мајка ми беше во болница, а татко ми доаѓаше во градот, па јас му ја подготвував собата кога некој дојде горе и рече: Памела, има некој што спие во твојот кревет“.
„Си помислив: можеби е сопругата на брат ми или можеби некој се прикраде на задната врата. Влеговме во собата и имаше една жена облечена во мојот црвен костим за капење и зборуваше француски, имаше руса коса – а потоа ми даде писменце, во кое вели дека сака да ме допре и дека затоа е тука. Видов многу мои алишта под креветот“.
Гламурозниот модел и актерка, која ги има синовите Брендон (27) и Дилан (25) со поранешниот сопруг Томи Ли, додаде дека жената се исекла со скршено стакло и дека многу од предметите што недостигале во куќата биле пронајдени под креветот, каде што се криела.
„Таа беше депортирана назад во Франција и имаше некои проблеми. Нејзиното семејство беше среќно кога ја виде и јас бев среќна кога видов дека си оди. Полицијата ме праша дали сакам да ми го вратат мојот костим и им реков: не, во ред е, сепак многу благодарам. Само дајте ѝ го!“
Памела веќе со децении се наоѓа на листата на најпосакувани жени во светот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
„Тажни се“: родителите на Бред Пит се загрижени дека никогаш повеќе нема да ги видат своите внуци
Родителите на Бред Пит, Вилијам и Џејн наводно се многу тажни бидејќи осум години немаат никаков контакт со внуците. Тие некогаш беа важен дел од нивниот живот, но поради долготрајната правна битка помеѓу Бред и Анџелина Џоли, нивната врска со внуците е целосно прекината.
Бред и Анџелина имаат шест деца, Шајло (18), близнаците Нокс и Вивиен (16) и три посвоени деца, Медокс (23), Пакс (20) и Захара (19). По нивниот развод, децата повеќе не се во контакт со нивниот татко.
Сега извори откриваат дека Вилијам и Џејн се загрижени дека можеби никогаш повеќе нема да поминат време со своите внуци.
„Родителите на Бред Пит не ги виделе своите сакани внуци околу осум години поради разводот и правната битка меѓу Бред и Анџелина“, изјавил извор за Дејлимејл.
Пред да се распадне нивниот брак, Вилијам и Џејн беа голем дел од животот на нивните внуци и често беа видени како уживаат во времето заедно.
„Пред разводот поминуваа многу време заедно. Тажно е што веќе не е така. Не само што е тажно што децата не го гледаат својот татко, туку уште потешко е што бабата и дедото немаат контакт со внуците“, тврди извор близок до семејството Пит.
Вилијам (83) и Џејн (84) последен пат беа видени со нивните внуци во 2014 година на премиерата на филмот на Анџелина Unbroken. Во тоа време, родителите на актерот зборуваа гордо за Анџелина, а Џејн изјави: „Ние сме многу горди на Енџи. Ова значи многу за нашето семејство, особено за нашите внуци. Ја сакаме до бескрај”.
Забава
(Видео) Анџелина Џоли објасни зошто нејзините деца водат многу приватен живот
Холивудската актерка Анџелина Џоли (49) гостуваше во популарната емисија „Добро утро, Америко“. Таму таа откри зошто нејзините деца, кои ги посвоила и ги родила за време на врската и бракот со Бред Пит, живеат далеку од очите на јавноста.
„Ниедно од моите деца не сака да биде пред камера во моментот. Тие се прилично повлечени. Не се родени со приватност, нели? Се надевам дека ќе може да ја имаат кога ќе пораснат“, рекла актерката.
Забава
„Се чувствуваше искористено“: поранешната сопруга на Бен Афлек ја ограничи комуникацијата со Џеј Ло
Џенифер Лопез и Бен Афлек неодамна се разведоа по две години брак, а во тешките моменти актерот имаше голема поддршка од својата поранешна сопруга Џенифер Гарнер. Пред самиот развод Гарнер наводно ја презела улогата на некој вид брачен советник помагајќи му не само на Афлек туку и на Лопез да ги надминат своите проблеми.
Сепак, Гарнер одлучи да ја ограничи комуникацијата со Џенифер Лопез исклучиво на ситуации поврзани со нивните деца. Блиски извори тврдат дека за време на процесот на развод се чувствувала искористено и како да е посредник во туѓ брак, што емоционално ја исцрпувало.
Затоа решила да се дистанцира од Лопез и да се фокусира на семејството, пишува „Дејли мејл“.
„Џенифер повеќе не сака да комуницира со Џеј Ло, освен ако не се вклучени децата. Пријателите сметаат дека таа си дозволила премногу да се вклучи во обидот да го спаси нивниот брак, особено затоа што понекогаш се чувствувала како да се натпреварува со Џеј Ло. Гарнер искрено сакаше да помогне, но сега сака да ја ограничи таа улога“, открил извор за „Дејли мејл“.
И покрај дистанцата, Гарнер не кажа ништо негативно за Лопез. Изворите велат дека ако Лопез сака да поминува време со децата на Афлек и Гарнер, со кои е блиска, мора да се справи со Гарнер.