Забава
Софија Вергара ја продава вилата на Беверли Хилс по разводот
Софија Вергара ја огласи својата вила во Лос Анџелес за продажба за цена од 15,9 милиони долари.
Вилата во медитерански стил, со адреса на престижниот Беверли Хилс, беше и претходно понудена годинава. Но, по разводот од Џо Манганиело, Софија е решена да ја продаде, па дури и ја намали цената за два милиона долари.
Вилата има повеќе од 1.000 квадратни метри. Изградена е во 2006 година, реновирана и подготвена за вселување. За ентериерот е одговорна дизајнерката Џенифер Беван.
Вилата вклучува 7 спални соби, 11 бањи, домашно кино, сала за вежбање и винарска визба.
Надвор има прекрасно уредена голема градина со базен, спа-центар, простор за седење и скара на отворено.
Медиумите потсетуваат дека во јули Софија и Џо соопштија дека се разведуваат по седум години брак.
„Ние донесовме тешка одлука за развод. Како две лица што многу се сакаат и се грижат еден за друг, љубезно бараме да се почитува нашата приватност во овој момент додека поминуваме низ оваа нова фаза од нашиот живот“, рекоа тие во заедничка изјава за странските медиуми. Двојката наводно не се согласувала во врска со прашањето за деца.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Си Ен Ен објави вознемирувачко видео на кое раперот Пи Диди брутално ја тепа поранешната партнерка Каси
Вознемирувачки снимки од надзорни камери, на кои се гледа како американскиот продуцент и рапер Шон Комбс (54), познат како Пи Диди, врши брутално насилство врз неговата поранешна партнерка Касандра Вентура (37), позната како Каси, во хотелот Интерконтинентал во 2016 година објави „Си-ен-ен“.
На видеото се гледа како Пи Диди, само со крпа на себе, трча по Каси низ ходникот од хотелот. Додека таа се обидувала да влезе во лифтот, тој ја фатил за глава и ја удрил од подот. Ја удира со нога додека таа лежи неподвижна на земја, па ги зема двете чанти со кои девојката се обидувала да побегне. На крајот Диди ја одвлекува во соба.
Забава
Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи
Победникот на Евровизија, Немо Метлер, ја повика швајцарската влада да признае трет пол во официјалните документи.
Метлер истакна дека е апсолутно неприфатливо таква можност веќе да не постои во Швајцарија, пишува „Гардијан“.
„Треба да бидеме застапени и во политиката. Многу е важно луѓето да се чувствуваат видени“, рече Метлер, кој на прашањето по победата со кого првин би сакал да разговара, без размислување, го именува швајцарскиот министер за правда, Бит Јанс.
Во средата, според неговиот портпарол, министерот му испратил СМС-порака на Метлер, во која му ја честитал победата на Евровизија и го поканил да се видат.
Пред 18 месеци швајцарската влада го отфрли токму овој предлог.
Забава
Џенифер Лопез и Бен Афлек вторпат се соочуваат со развод
Американскиот актер, режисер и продуцент Бен Афлек и пејачката и актерка Џенифер Лопез се на работ на развод вторпат, а според американскиот магазин In Touch Weekly, Афлек веќе се иселил од нивниот заеднички дом.
Обожавателите забележаа дека Бен и Џенифер поминуваат сѐ повеќе време разделени во последните неколку недели.
„Тие имаат намера да се разведат – и овој пат не е виновен Бен“, рекол изворот.