Македонија
Уставниот суд да нема двојни аршини, вели Лога за упатството за водење на матичните книги

Како министер за правда, пред неколку дена се обратив до сите почитувани судии на Уставниот суд во врска со предметот, каде што се оспорени уставноста и законитоста на упатството за водење на матичните книги, а за што Уставниот суд на седницата одржана на 5.7.2023 година донесе привремена мерка, односно запирање извршување на поединечни акти што произлегуваат од конкретното упатство сѐ додека Уставниот суд не донесе конечна одлука во тој случај, вели министерот за правда, Кренар Лога.
„Од Уставниот суд за конкретниот предмет побарав да постапи во согласност со своите уставни надлежности и да донесе мериторна одлука, односно решение во согласност со веќе заземениот став од 2004 година, каде што за исто прашање Уставниот суд во тогашното решение одлучил дека ‘уставно определениот рок за објавувањето не може да се прифати дека е уставна норма со ограничувачка цел во однос на примената на прописите што се објавени со пролонгирање на рокот и влезени во правниот поредок бидејќи таа норма е дел од целината на уставните норми за гаранциите на слободите и правата на граѓаните, на кои и во ваков случај неоспорно им е обезбедено и исполнето гарантираното право на објавување заради запознавање со законите и другите прописи во правниот поредок’“, нагласува Лога.
Министерството за правда, како што вели, очекува Уставниот суд во најкус рок да постапи во согласност со веќе воспоставената пракса од причина што различната јуриспруденција на Уставниот суд за исти прашања доведува до загрозување на правната сигурност и владеење на правото како една од темелните вредности на нашиот уставен поредок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сообраќајот на патот Градско – Прилеп во прекин

Поради случена сообраќајна незгода, патот Градско – Прилеп е во целосен прекин, информира АМСМ.
„Поради товарно моторно возило сообраќајот е попречен на експресниот пат Градско према Прилеп (односно према село Дреново), сообраќајот е во целосен прекин и се одвива по стариот пат низ село Росоман“, велат од АМСМ.
Македонија
Почнува реновирањето на Клиниката за гинекологија

Премиерот, Христијан Мицкоски, утре ќе присуствува на почеток на комплетно реновирање и реконструкција на амбулантите, лабораториите и специјалистичките кабинети на Клинички центар „Мајка Тереза“ ЈЗУ УК Гинекологија и акушерство во Скопје.
Од Владата информираат дека реконструкцијата е во износ од 29.000.000 денари со што, како што пишува во соопштението, ќе се создадат услови за поефикасна дијагностика и лекување на пациентите.
Македонија
Утре облачно време, попладне дожд

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град, информира УХРМ.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса времето во следните денови ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Наместа ќе биде нестабилно со врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град, особено во деновите од викендот.