Спорт
(Видео) Фулам го елиминираше Тотенхем во Лига купот по пенал-драмата

Фулам успеа да го елиминира Тотенхем во второто коло на Англискиот лига куп (Карабао купот), откако беа поуспешни на пенали по 1:1 во регуларните 90 минути во единствениот меч помеѓу два премиерлигаши.
Фулам дојдоа во водство со автоголот на Ван де Вен во 17. минута, но Ришарлисон, со својот прв гол оваа сезона во 56. минута од мечот израмни. Тотенхем имаа повеќе од играта, посебно во второто полувреме, но не успеја да дадат уште еден гол, пред во пенал-серијата само Давинсон Санчез да биде непрецизен за победа на Фулам.
Другите премиерлигаши влегоа во третото коло. Најтешко им беше на Брентфорд кои одиграа 0:0 на гости кај Њупорт, за потоа во пенал-серијата да победат со зачудувачки 3:0. Лутон со 3:1 го совлада Гилингем, Борнмут славеше со 3:2 на гости кај Свонси, додека најубедливи беа Вулверхемптон со 5:0 победата над Блекпул и Кристал палас со гостинскиот 4:2 триумф над Плимут.
АНГЛИСКИ ЛИГА КУП, 2.КОЛО
Фулам – Тотенхем 1:1, 5:3 пен.
Свонси – Борнмут 2:3
Лутон – Гилингем 3:1
Њупорт- Брентфорд 0:0, 0:3 пен.
Вулверхемптон – Блекпул 5:0
Плимут- Кристал палас 2:4
Бирмингем сити – Кардиф 1:3
Болтон – Мидлзборо 1:3
Бристол сити – Норич 0:1
Ексетер – Стивениџ 1:1, 5:3 пен.
Порт Вејл – Кру 0:0, 2:0 пен.
Портсмут – Питерборо 1:1, 4:5 пен.
Шефилд венсдеј – Менсфилд 1:1, 4:5 пен.
Стоук сити – Ротерам 6:1
Транмир – Лестер 0:2
Рексам – Бредфорд 1:1, 3:4 пен.
Вајкомб – Сатон 0:1
Рединг – Ипсвич 2:2
Салфорд – Лидс 1:1
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Атлетико без најдобриот играч отпатува во Ливерпул

Ливерпул, утре, ќе го пречека Атлетико Мадрид во еден од најпривлечните натпревари во првото коло, во Лигата на шампионите.
„Јорганџиите“ ќе бидат хендикепирани на „Енфилд“, тренерот Диего Чоло Сименоне нема да може да смета на првиот напаѓач, Хулијан Алварез.
За време на викендот против Виљареал, Аргентинецот почувствува непријатност во коленото, беше заменет, а по лекарските прегледи беше одлучено да се одмори и да го прескокне дуелот со шампионите на Англија.
Во негово отсуство, нападот на Атлетико ќе го предводат Антоан Гризман и Александар Серлот.
Атлетико објави дека Тијаго Алмада, Алекс Баена и Хозе Марија Хименез ќе го пропуштат натпреварот со Ливерпул.
Натпреварот во Ливерпул ќе започне во 21:00 часот.
Спорт
Седумте величествени на Карло Анчелоти

Селекторот на Бразил Карло Анчелоти (66) ги избра најдобрите играчи што ги тренирал во својата богата тренерска кариера. Италијанецот избра седум играчи.
Заедно со Модриќ, Анчелоти ги додаде и Бразилците Роналдо Назарио и Кака, кои ги тренираше во Милан, Дидие Дрогба од Брегот на Слоновата Коска, со кого работеше во Челзи, и ѕвездите на Реал Лука Модриќ, Винисиус Жуниор, Тони Крос и Кристијано Роналдо.
Карло Анчелоти е еден од најуспешните и најпочитуваните фудбалски тренери на сите времиња. Неговата тренерска кариера започна во средината на 1990-тите, а преку долгогодишна работа тој ги водеше врвните клубови низ Европа и освои импресивен број трофеи.
Откако ја заврши фудбалската кариера, тој започна како помошник тренер на италијанската репрезентација под водство на Ариго Саки на Светското првенство во 1994 година.
Во раната фаза на самостојната тренерска кариера ги тренираше Реџана, Парма и Јувентус помеѓу 1995 и 2001 година. Кариерата во нагорна линија започна да му се движи кога стана тренер на Милан (2001 – 2009), освои голем број големи трофеи, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите.
Тој ги водеше германскиот Баерн Минхен, англискиот Челзи (ја освои Премиер лигата и ФА Купот), францускиот Пари Сен Жермен (шампион на Лига 1) и шпанскиот Реал Мадрид, каде што постави рекорди по бројот на освоени трофеи и Лигата на шампионите.
По Реал Мадрид, тој ги тренираше Наполи и Евертон, се врати во Реал, а од јуни 2024 година е селектор тренер на Бразил.
Вкупно, тој освои пет Лиги на шампиони, што е рекорд за тренер. Тој освои лиги во сите пет најдобри европски првенства (Италија, Англија, Франција, Германија, Шпанија).
Три пати го освои Светското клупско првенство на ФИФА. Има пет Суперкупови на УЕФА.
Вкупно, тој освои 15 трофеи со Реал Мадрид, што го прави најтрофеен тренер во историјата на клубот.
Foto/ EPA
Спорт
Аморим доби поддршка од челниците на Манчестер јунајтед

Тренерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, вети дека нема да ја менува својата фудбалска филозофија, а клупските челници не планираат да го сменат тренерот, објавија британските медиуми.
„Клубот од Олд Трафорд има долгорочен план и иако постои незадоволство од моменталните резултати, нема да има ненадејни реакции или по секој натпревар да се преиспитува иднината на тренерот, без разлика колку е гласна бучавата однадвор“, објави „Скај Спортс“.
Откако легендарниот Сер Алекс Фергусон го напушти Јунајтед пред 12 години, клубот имаше осум тренери и двајца привремени тренери.
„На Аморим му е потребен добар настап и резултат во претстојниот натпревар против Челзи за време на викендот, во спротивно повиците за негово отпуштање само ќе растат“, пишува „Скај Спортс“.
Во недела на „Етихад“, Јунајтед го загуби дербито на Манчестер против Сити со 0:3.
Со четири бода од првите четири натпревари, Јунајтед го има најлошиот старт во Премиер лигата од сезоната 1992/1993. Тимот беше елиминиран и од Лига купот, со сензационалниот пораз од тимот од четвртата лига Гримсби на пенали.
Минатата сезона, Јунајтед освои најмалку бодови во својата историја во Премиер лигата (42).
Foto/ EPA