Свет
Воен удар во Габон: армијата тврди дека ја презела власта и ги затворила границите
Група високи воени офицери во Габон утринава на националната телевизија објавија дека армијата ја презела власта откога изборното тело на земјата објави дека претседателот Али Бонго освоил трет мандат.
Полицајците рекоа дека зборуваат во име на сите безбедносни и одбранбени сили во централноафриканската земја, пренесува „Ројтерс“. Најавија дека резултатите од изборите се поништени, сите граници се затворени до дополнително известување и распуштени државните институции.
Во главниот град Либревил можеше да се слушнат силни пукотници, изјави репортерoт на „Ројтерс“ по телевизиското обраќање.
„Во име на народот на Габон решивме да го браниме мирот со ставање крај на сегашниот режим“, рекоа офицерите.
Во земјата е воведен полициски час, а блокиран е и интернет-пристапот. Изборната комисија соопшти дека Бонго освоил нешто помалку од две третини од гласовите на изборите за кои опозицијата тврдеше дека биле лажни.
Неговото соборување ќе го означи крајот на 53-годишното владеење на неговото семејство, пренесува медиумот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Најмалку 22 лица се повредени од удар на гром во Чешка: се криеле под дрво
Бројот на лица хоспитализирани откако гром удри во дрво во северниот чешки град Либерец се зголеми од првичните осумнаесет на дваесет и два.
Повеќето повредени се во болницата во Либерец, медицинскиот персонал ќе ги пушти во понеделник. Нивната состојба е стабилизирана. Сите се надвор од животна опасност, пренесува чешки „ЦТ24“.
Деца во паркот на замокот во Вратиславице се повредени откако гром ги удрил во неделата околу 15 часот и 30 минути.
„Првите повредени лица почнаа да пристигнуваат за триесет до четириесет минути. За среќа, повеќето од овие пациенти имале само краткотрајни нарушувања на свеста или некое мало нарушување на подвижноста на екстремитетите. Немаше поголеми нарушувања на срцевиот ритам“, рече Мартин Кривохлавек, заменик-шеф на трауматолошки-ортопедскиот центар и шеф на трауматологија во Либерец.
Спасувачите во неделата соопштија дека осумнаесет лица се повредени, од кои некои биле реанимирани на лице место. Според нив, седум лица се здобиле со тешки телесни повреди, пет средни и шест лесни повреди.
Свет
Пукање во Минхен: напаѓачот во бегство, полицијата ги блокираше улиците
Денеска имало пукање во квартот Милбертхофен во Минхен.
Според локалните медиуми, напаѓачот избегал.
Според информациите на „Билд“, најмалку едно лице е тешко повредено a било пронајдено на улица.
Мотивот за пукањето засега не е познат.
Полицијата го блокираше северниот дел на градот.
Свет
Молотов коктел фрлен врз израелската амбасада во Букурешт, уапсен Сириец
На израелската амбасада во Букурешт денеска е фрлен молотов коктел, без штети и жртви, а уапсен е маж со сириско потекло, кој е осомничен за нападот, соопшти израелското Министерство за надворешни работи.
Во соопштението се наведува дека 34-годишен маж, додека бил на безбедносни проверки извадил молотов коктел од ранецот, го запалил и го фрлил на вратата од амбасадата, јавува Ројтерс.
АП јавува дека откако го фрлил шишето со запалив материјал, се обидел да се самозапали.
Тој бил уапсен од припадници на антитерористичката единица на романската разузнавачка служба, а потоа на местото на настанот пристигнала и полицијата.
Портпаролот на полицијата за телевизијата „Диги24“ изјави дека инцидентот е мотивиран од лични несогласувања, а не од меѓународниот контекст и актуелниот израелско-палестински конфликт на Блискиот Исток.
Полицијата соопшти дека во тек е увид за утврдување на околностите на овој инцидент.