Македонија
Судија што не положил психолошки тест за личност и тест за интегритет не може повторно да полага: Лога за судијката Манев
Министерот за правда, Кренар Лога, испрати писмен допис до Судскиот совет на Република Северна Македонија, во кој се бара Советот да постапи во согласност со законските надлежности во врска со мислењето дадено од страна на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања – Скопје за судијката Снежана Манев повторно да има право да полага психолошки тест за личност и тест за интегритет.
Во мислењето на Институтот, како што информираат од Министерството за правда, е наведено дека Снежана Манев, кандидатка за претседател на суд, била тестирана на 4.7.2023 година. Поради замор, манифестиран во тестовна ситуација, не била во можност до крај самостојно да го пополнува психолошкиот тест на личност и тестот за интегритет поради што стручните лица препорачуваат таа повторно да полага на 14.7.2023 год.
Од ресорното министерство укажуваат дека со ваквото постапување се создава нова незаконита пракса за лице што веќе еднаш не го положила тестот, да добие можност повторно да го полага истиот.
„Воедно, со ваквата постапка од субјективни причини се отвора прашањето дали на судијката Манев ѝ е овозможено да полага тест за интегритет спротивно на законските одредби“, се посочува во реакцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сиљановска Давкова ја прими Шекеринска: единството и консензусот меѓу носителите на највисоките функции се клучот за успехот и афирмацијата на државата
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шекеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО.
За обете важната функција е не само лично, туку и државно признание, доказ дека единството и консензусот меѓу носителите на највисоките функции се клучот за успехот и афирмацијата на државата.
Претседателката изрази уверување дека Шекеринска, ќе даде значаен придонес во остварувањето на клучните цели на Алијансата: унапредувањето на колективната безбедност, зајакнувањето на солидарноста меѓу сојузниците и справувањето со современите закани.
Со изборот на Радмила Шекеринска на високата функција во НАТО, Алијансата јасно и отворено ја манифестира свеста за важноста на регионот, како и посветеноста кон него.
Македонија
Мицкоски на средба со Вучиќ и Вучевиќ: Мора да создаваме мостови за економска и политичка соработка со сите соседи
Премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи објави дека остварил средба со премиерот на Република Србија, Милош Вучевић и со српскиот претседател Александар Вуќиќ.
„Интензивната комуникација меѓу двете влади отвора можност за економска и политичка соработка.
Средбата се одржа во духот на традиционално добрите односи меѓу двете земји, со акцент на зајакнување на билатералната соработка и реализирање на заеднички регионални проекти.
Разговаравме за подобрување на соработката во енергетиката, економијата и транспортната инфраструктура, како и за заедничките напори за справување со регионалните предизвици“, објави Мицкоски по средбата со српскиот премиер.
Појасни дека имал средба со претседателот на Република Србија, Александар Вичиќ.
„Двете држави немаат отворени прашања, а односите се базираат на меѓусебно почитување и пријателство. Мора да создаваме мостови за економска и политичка соработка со сите соседи и да градиме иднина за нашите граѓани“, напиша Мицкоски за средбата.
Македонија
(Видео) Митева: На македонската вечер организирана од Владата ќе се претстават над 300 винарии и македонски специјалитети
Во рамки на винската визија Владата организира македонска вечер на која ќе бидат презентирани најдобрите храна, вина и пијалоци. Ќе има можност да се претстават над 300 мали, средни и големи винарии, да се ужива во македонските специјалитети, а вечерта да виде збогатена со македонските виртуози Андријана Јаневска и Наум Петревски, најави владината портпаролка Марија Митева.
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, според најавеното ќе има свое обраќање пред присутните, каде покрај претставниците на македонската дипломатија ќе бидат присутни високи претставници на дипломатскиот кор, бизнис заедницата, но и многу гости од регионот.
Она што е најважно, како што истакнува Митева е што овие настани во минатото беа организирани и ја чинеа државата 400 илјади евра.
„Оваа година Владата успеа со сопствени ресурси на најдостоинствен начин да го презентира најдоброто од Македонија“, потенцира таа.