Спорт
Канатларовски го објави списокот со повикани фудбалери за дуелите со Шведска и со Холандија

Репрезентацијата на Македонија до 21 година на почетокот на септември ги стартува квалификациите за пласман на ЕП 2025 година во Словачка.
Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Драги Канатларовски го објави списокот со повикани фудбалери за двата квалификациски натпревари за ЕП 2025 против Шведска на 8. септември во Јенчепинг, со почеток во 18. часот и Холандија на 12. септември со почеток од 15:30. часот на тренинг центарот „Петар Милошевски”, во Скопје.
На списокот на селекторот Драги Канатлароски се наоѓаат следните фудбалери:
ГОЛМАНИ:
Марко Алчевски – А.П. Брера
Иван Николоски – Победа
Стефан Митрев – Кожуф
ОДБРАНА:
Марио Ричков – Шкупи
Стефан Деспотовски – Работнички
Андреј Стојчевски – Жилина, Словачка
Решат Рамадани – Динамо Киев
Виктор Крстевски – Гостивар
Методи Максимов – Шкендија
Михаил Димитриевски – Брегалница
Кристијан Тасевски – Аугсбург, Германија
СРЕДЕН РЕД:
Мартин Талаков – Подбрезова, Словачка
Иван Николов – Сондерјиске, Данска
Хамза Рамани – Шкупи
Алекс Златков – Шкупи
Димитар Тодоровски – Работнички
Ване Крстевски – А.П. Брера
Берат Калкан – Касимпаша, Турција
Бехар Фета – Марибор, Словенија
Матеј Ангелов – Работнички
Лука Станковски – Газиантеп, Турција
НАПАД:
Марио Илиевски – Кишварда, Унгарија
Филип Трпчевски – Хакен, Шведска
Луан Абази – Шкупи
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Дејвид ќе го предводи нападот на Јувентус

Она за што се зборуваше со денови, во саботата доби потврда, Џонатан Давид е нов играч на Јувентус.
25-годишениот фудбалер потпиша договор со Јувентус до 30 јуни 2030 година, а во клубот доаѓа како слободен агент.
Канадскиот фудбалер, ја започна својата кариера во Отава, а потоа играше за Гент и Лил.
Дејвид играше во Лил во претходните пет години и постигна 109 гола и 30 асистенции во 232 натпревари.
Тој одигра 67 натпревари за канадската репрезентација и постигна 36 гола.
Во моментов се шпекулира дека доаѓањето на Дејвид е знак дека раководството на клубот одлучило да го продаде Влаховиќ ова лето.
Останува да се види што ќе се случи во следните неколку дена.
Foto/ EPA-EFE/MOHAMMED BADRA
Спорт
Ферстапен со брилијантен круг до пол-позицијата на Силверстоун“

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, ја освои пол-позицијата пред Големата награда на Велика Британија, 12-та трка од овогодинешното првенство во Формула 1.
Актуелниот шампион стигна до најдоброто стартно место со неверојатен круг и време од 1:24.892 минути, со десетинка предност во однос на Оскар Пјастри во Мекларен.
Вториот возач на Мекларен, Ландо Норис, го имаше третото време, а неговиот сонародник Џорџ Расел од Мерцедес ќе стартува веднаш до него од вториот ред.
Рекордерот по број на победи на „Силверстоун“, Луис Хамилтон, ќе стартува од петтото место. Третиот ред го комплетира неговиот тимски колега Шарл Леклер.
Следува Андреа Кими Антонели, но возачот на Мерцедес има казна од три позиции и ќе стартува од 10-то место. Осмие е Оли Берман од Хас, зад него се Фернандо Алонсо (Астон Мартин) и Пјер Гасли (Алпин).
Големата награда на Велика Британија е закажана за недела во 16 часот.
Foto/ EPA/PETER POWELL
Спорт
Замена за Влаховиќ? Јувентус донесе нов напаѓач

Она за што се зборуваше со денови сега е официјално потврдено – Џонатан Давид е нов играч на Јувентус.
Овој 25-годишен фудбалер потпиша договор со Јувентус до 30 јуни 2030 година, а во клубот доаѓа како слободен играч.
Канадскиот фудбалер, кој игра на позицијата напаѓач, ја започна својата кариера во Отава, а потоа играше за Гент и Лил.
Давид играше во Лил во претходните пет години и постигна 109 гола и 30 асистенции во 232 натпревари.
Одигра 67 натпревари за канадската репрезентација и постигна 36 гола. Српските фудбалери Душан Влаховиќ и Филип Костиќ играат за Јувентус.
Моментално се шпекулира дека доаѓањето на Давид е знак дека раководството на клубот одлучило да го продаде Влаховиќ ова лето.
Останува да се види што ќе се случи во следните неколку дена.
Фото: ЕПА