Црна хроника
Претрес во Сопиште, запленета дрога вредна 20.000 евра
Полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија, по претходно добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основниот кривичен суд – Скопје, извршиле претрес во домот кај Д. Ц. (38) во с. Добри Дол, општина Сопиште. При претресот пронајдени се четири кеси со речиси четири килограми марихуана, вредна околу 20.000 евра.
Д. Ц. е лишен од слобода и задржан во полициска станица и против него, по документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанец нападнат од поранешната девојка на работното место
Вчера во 13.30 часот во СВР Скопје, 48-годишен скопјанец пријавил дека на своето работно место во канцеларија на подрачјето на Кисела Вода бил физички нападнат од неговата поранешна девојка Е.Н.Б.(45) од Скопје.
Девојката според полицијата употребила и тврд предмет.
Според надлежните, по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Измамен скопјанец за сума од над 18 илјади денари
Во СВР Скопје вчера во 14.30 часот А.Ј.(41) од Скопје пријавил дека на 17.11.2024 на подрачјето на Гази Баба бил измамен од едно лице за сума од 18.500 денари.
Според пријавеното, лицето му се јавило телефонски и се претставило дека работи во Центарот за социјални работи и дека доколку пријавителот сакал да ги земе своите пари, кои не му биле подигнати од центарот, наредниот ден на 18.11.2024 требало да даде 18.500 денари за услугата.
Откако пријавителот ги предал парите на претходно договореното место на едно женско лице, по кратко време сфатил дека бил измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.
Црна хроника
Maлолетник нападнат од неколку лица во Карпош
Малолетник бил нападнат пред два дена од страна на неколку лица на подрачјето на Карпош.
Случајот во полицијата го пријавил едниот од родителите на момчето, а од МВР велат дека се преземаат мерки за негово расчистување.