Македонија
(Видео) Блажевски: Владата ги остави селата без основни услови за живеење
Владата, која секоја година ги крати средствата за туризам, Владата, која е инфраструктурен срам за Македонија и Владата, која ги избрка буквално сите од државата, сега наводно се посветува на туризмот, со квазипроект со име – „50 села, 50 приказни“, истакна на денешната прес-конференција, Слободан Блажевски, претседател на Комисија за туризам на ВМРО-ДПМНЕ.
„Да беше сериозна Владата, ќе знаеше дека веќе нема кој да ги раскажува приказните, зошто со години со криминалот и корупцијата кои ги прават успеаја да избркаат илјадници семејства како од урбаните средини, така и од руралните. Селата во Македонија се без основни услови за живот, како што е водата за пиење и хигиена. А до градовите не може да се стигне затоа што парите за инфраструктура завршуваат за тендери во 4 очи, а патиштата кои се почнати од претходно 6 години не можат да ги завршат. Во селата кои истава власт ги остави без патни поврзувања, без вода, без жители, амбуланти, училишта, без брендирани локални производи, без заштитено културно наследство, исчезнуваат обичаите и нема рурално живеење“, рече тој.
Тоа, како што оцени, е тажната приказна на македонските села, во кои оваа власт ќе донесеше живот, но, наместо живот, сега им нуди приказни.
„Не 50! Имаме 5.050 тажни приказни за уништените села, како што е Трпејца, кое власта го остави без прочистителна станица, како што е Танушевци, со целосно уништени улици, како што се шарпланинските села, во кои власта на своите блиски им дозволува безмилосна сеча и узурпација. Грижата за државата завршува онаму каде што почнува интересот на власта. И ова не е приказна, туку чиста и болна вистина. Затоа потребни се промени“, потенцира Блажевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
13 мобилни телефони и лаптоп најдени во ќелија на обвинет за „Пулс“: судијката го предупреди дека му следува самица
На почеток на денешното судење за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ судијката Диана Груевска-Илиевска го предупреди обвинетиот Џаваир Камбери, државен скужбеник во Министерството за економија кој е во притвор и во чија ќелија биле пронајдени вкупно 13 мобилни телефони и лаптоп.
„Морам да ве предупредам дека ви следува самица и други казни“, рече судијката Груевска-Илиевска.
Обвинетиот Камбери се обиде да објасни дека и тој ги нашол 13-те мобилни и компјутерот во ќелијата, што судијката не го зеде предвид и уште еднаш му кажа дека мора да го предупреди.
Судењето продолжи со изјави за оштетни побарување од семејствата на загинатите.
Македонија
(Фото) Голема акција за чистење во општина Кисела Вода
Од утрово, во координирана заедничка акција на Општина Кисела Вода, ЈП „Паркови и зеленило“ и ЈП „Комунална хигиена“, се спроведува големо чистење на јавните површини на територијата на општината. Акцијата го опфаќа потегот од крстосницата помеѓу „Народни херои“ и бул. „Борис Трајковски“ до кружниот тек во населбата Драчево.

„Со помош на метли, тримери и телескопски пили, се чистат зелените појаси, се кастрат гранки и се коси нараснатата тревна површина, а тротоарите и коловозите се метат со специјални метларки. Во рамки на акцијата, преку Секторот за месна самоуправа, Кисела Вода ангажираше 40 сезонски работници кои активно се вклучени на терен“, велат од Општината.

– Хигиената во Општина Кисела Вода мора и ќе биде на високо ниво. Ваквите координирани акции ќе станат редовна пракса, бидејќи грижата за јавниот простор е наша обврска и одговорност. Денес на терен се вклучени сите -општинските служби, јавните претпријатија и сезонските работници, затоа што кога работиме заедно, ефектите се очигледни и опипливи. Но, грижата за чиста и уредна општина не завршува тука. Ги повикувам граѓаните да внимаваат на хигиената, да не фрлаат отпад и да се однесуваат одговорно, затоа што Кисела Вода е нашиот дом. Грижата за чистотата е грижа за самите себе, за нашето здравје и за квалитетот на животот кој сите го заслужуваме, изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.




Македонија
За еден месец 101 санкција за непрописно вградени фолии
Во периодот од 01.11.2025 до 30.11.2025 Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе сообраќајни контроли на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат пропишаните стандарди за затемнување на стаклата на возилата, извести МВР.
„При контролата санкционирани се 101 учесници во сообраќајот. Најголем дел се регистрирани на подрачјето на СВР Тетово – 45 и СВР Куманово – 22. На сите прекршители им се изготвени соодветни поднесоци.
Контролите продолжуваат и во наредниот период. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, соопшти МВР.

