Македонија
Беса: Фирмата „Еуровија“, што го доби тендерот, има зголемување над 100 проценти на приходите во последните две години
Деловниот однос на ДУИ со компанијата што го доби тендерот од 1 милион и 800 илјади евра е очигледен и тоа јасно го докажуваат приходите и профитите на предметната компанија во последните години, изјави Хасим Муртезини од Движењето Беса.
Тој рече дека се работи за фирма, која, според официјални податоци, во последните две години, во 2021 и 2022 година, има зголемување повеќе од 100 проценти на прометот на приходите, односно сериозно зголемување на годишната добивка.
Според партијата, нема човек што би поверувал во изјавите на министерот Бујар Османи дека тој навистина не бил свесен дека компанијата што 0доби тендер од 1 милион и 800 илјади евра е донатор на ДУИ.
Движењето Беса ги повикуваа сите надлежни органи, почнувајќи од Јавното обвинителство, антикорупциската комисија и Државната ревизија, веднаш да почнат со испитување и детаљно разгледување на тендерската документација за да се открие вистината како од сите пријавени фирми тендерот од 1,8 милион евра го добила токму фирмата донатор на ДУИ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

