Спорт
Хамилтон и Расел ги продолжија договорите со Мерцедес

Британските возачи Луис Хамилтон и Џорџ Расел ги продолжија договорите со Мерцедес, потврди тимот.
Двајцата ќе останат во автомобилот на германскиот производител најмалку до 2025 година.
Хамилтон, кој е во последната година од договорот, со месеци преговара со Тото Волф за нов договор. 38. годишникот со потпишувањето на новиот договор уште еднаш ја покажа намерата да вози и кога ќе влезе во петтата деценија од животот.
Тековната сезона му е 11. во Мерцедес, во кој се пресели во 2013 година. Во тој период се израмни со Михаел Шумахер по бројот на титули (7), но и стана рекордер по бројот на пол-позиции (103) и победи на трки (104).
Неговиот колега Џорџ Расел ја вози втората сезон во тимот. Помладиот Британец е еден од најталентираните возачи во шампионатот и според многумина тој во иднинина им големи шанси да стане светски првак.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) ПСЖ за полувреме го декласира Интер Мајами

Пари Сен Жермен се пласираше во четвртфиналето на Светското клупско првенство со убедлива победа против Интер Мајами.
Европскиот шампион победи со 4:0 (4:0).
ПСЖ првиот гол го постигна по само шест минути игра. Витиња изведе одличен слободен удар од левата страна, го пронајде Невеш кој остана сам и ја испрати топката во мрежата. Мрежата на Интер се тресеше во 15-та минута, но голот на Руиз беше поништен поради офсајд.
А потоа на крајот од полувремето, три гола.
Прво, во 39-та минута, Невеш го постигна вториот гол на натпреварот по одлична акција, Руиз изнуди грешка во одбраната, одигра двоен пас со Баркола и на крајот го пронајде Невеш.
Интер потона дополнително кога во 44-та минута автоголот си постигна Авилес, а во третата минута од судиското продолжение, Баркола ја прими топката во шеснаесетникот, му ја додаде на Хакими, кој ја пресретна одбиената топка и ја испрати во голот.
Во четвртфиналето, Пари Сен Жермен ќе игра против подобриот од дуелот во кој Баерн и Фламенго се среќаваат во 22 часот.
Спорт
Помладиот Маркез мора да се оперира по несреќата во Асен

Возачот на Гресини, Алекс Маркез, се здоби со фрактура на раката во несреќа за време на Големата награда на Холандија.
Помладиот од браќата Маркез излета од патеката по дуелот со Педро Акоста, веднаш беше јасно дека има проблем со левата рака.
Прегледите во медицинскиот центар открија дека шпанскиот мотоциклист ја скршил втората метакарпална коска. Гресини објави дека е сигурно дека Маркез ќе биде опериран во Мадрид во текот на вечерта, а повеќе информации се очекуваат во понеделник.
Дуелот помеѓу Маркез и Акоста беше под истрага, но директорот на трката процени дека нема потреба од никаква казна.
Победата на Големата награда на Холандија ја освои постариот Маркез, пред Марко Бецеки на Априлија и тимскиот колега од Дукати, Франческо Бањаја.
По таков исход, постариот Маркез има предност од 68 поени во однос на својот помлад брат во шампионатот, додека Банџаин заостанува 126 поени на третото место.
Следната трка од шампионатот Мото ГП се вози за Големата награда на Германија на патеката Заксенринг од 11 до 13 јули.
Спорт
Бојан Богдановиќ објави крај на кариерата

Хрватскиот кошаркар Бојан Богдановиќ одлучи да се пензионира.
Богдановиќ ја објави својата одлука на социјалните мрежи.
„Понекогаш во животот не го избирате моментот. Тој ве избира вас. По 14 месеци борба со повреда на стапалото, две операции и безброј обиди да се вратам на теренот, време е да се затвори едно поглавје. По повеќе од две децении поминати на паркетот, дојде моментот да се збогувам со кошарката. Не само како спорт, туку и како дел од мене. Тешко е да се опише во неколку реченици сè што ми донесе кошарката. Ме обликуваше како спортист, но уште повеќе како личност“, напиша меѓу другото Богдановиќ.
Бојан Богдановиќ пристигна во НБА лигата во 2014 година. Ги бранеше боите на Бруклин, Вашингтон, Индијана, Детроит, Јута и Њујорк. Просечно постигнуваше 15,6 поени во 719 натпревари.
Пред тоа, играше во Европа за Зрињски, Реал, Цибона, Мурсија и Фенербахче.