Македонија
Без струја денеска ќе останат корисници во општина Сопиште и општина Ѓорче Петров
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/04/57267624_1221860767987364_7135869256410857472_o.jpg)
Поради планирани технички интервенции во електро дистрибутивната мрежа на ЕВН Македонија, без електрична енергија ќе останат корисници во општина Сопиште и општина Ѓорче Петров.
Во период од 09 до 15 часот корисниците на ул. 1 од кружниот тек за Сончев град до црквата Св. Мина, општина Сопиште.
Како што известува ЦУК од 09 до 13 часот без струја ќе бидат дел од корисниците на село Волково во општина Ѓорче Петров.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Пензискиот фонд е нерантабилен – партијата Левица вели дека партиските кадри го довеле пред колапс
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/02/Penzioneri.jpg)
Веќе еден месец сè погласни се гласините дека ФОНДОТ за ПИОМ е во очајна состојба и дека едвај може да ги исплати пензиите на пензионерите. Според информациите, исплатата на околу 335 илјади пензии е доведена во прашање. За нивна исплата потребни се околу 1,4 милијарда евра, а овие средства ги нема во ПИОМ, заради што околу 530 милиони евра се директна инјекција од државниот буџет, велат од политичката партија Левица.
„Години наназад со Фондот управуваат партиски кадри, чие раководење беше потресено со бројни скандали, што го направи ПИОМ нерентабилен и, буквално, го доведе пред колапс. Последен во низата скандали е оној на Дритан Беџети, кадар на Алтернатива на Африм Гаши, кој во време на своето директорување со Фондот ù исплаќаше кирија на сестра му и вработи стотици луѓе кои земаат плата, без да се појават на работа.
Дополнително во јавноста протече информација дека од Фондот пензија земаат и косовски државјани, кои никогаш не ни работеле во Македонија – скандал којшто надлежните институции мора под итно да го истражат.
Случајно или не, овие информации почнаа да се пласираат масовно во јавноста, непосредно после изборите, каде од партиите на владејачкото мнозинство ветуваа линеарно покачување на пензиите. Наместо ова, во јавноста протече информација за финансиската дупка во ФОНДОТ, додека во медиумите се шири информација за опасност од зголемување на старосната граница за одење во пензија или поточно – жените да одат во пензија на 64, а мажите на 66 години.
Огромен дел од пензионерите живеат на работ на егзистенцијата, додека со пениите тешко е да се подмират сметките и платат лекарствата. Работниот народ заслужува достоинствена пензија!
Како што и претходно пратениците и активистите на Левица ги поддржуваа протестите и барањата на пензионерите, така и сега нема да дозволиме уште едно поткусурување на властите на грбот на работниот македонски народ и на пензионерите.
Левица ќе инсистира на реализирање на ветувањата дадени од актуелните власти за повисока пензија и воведување на минимална пензија од 15.000 денари.
За потсетување, во Програмата на Левица, предложена за време на Парламентарните избори, 2024, стоеше мерката за зголемување на пензиите и намалување на годините за одење пензија и тоа: 60 години за жени и 62 години за мажи“, се вели во соопштението на Левица.
Македонија
Сиљановска Давкова го прими кинескиот амбасадор, Џанг Ѕуо
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/thumbnail_Foto-3.jpg)
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими амбасадорот на Народна Република Кина, Џанг Ѕуо.
На средбата беше констатирано дека билатералните односи меѓу двете држави се основани врз пријателство и соработка во сите области од взаемен интерес, при што претседателката Сиљановска Давкова изрази подготвеност за натамошно проширување на билатералната соработка и продлабочување на македонско-кинеското пријателство во текот на нејзиниот мандат. Таа го реафирмираше македонскиот став за почитување на политиката „Една Кина“.
Соговорниците изразија очекување дека и понатаму ќе продолжат да се развиваат и унапредуваат меѓусебните односи во сите сфери од взаемен интерес, особено во делот на трговската размена и капиталните инфраструктурни проекти и ги нагласија можностите за проширување на економската соработка и туризмот. Во тој контекст, претседателката посочи дека е неопходно македонските стопанственици да бидат подобро запознаени со регулативата, прописите и функционирањето на кинескиот пазар, како би можело да се зголеми извозот во Кина.
Претседателката Сиљановска Давкова и кинескиот амбасадор Ѕуо разговараа и за улогата и влијанието на Народна Република Кина во светот, како и во нашиот регион, особено во контекст на економијата, а разменија мислења и информации и за ставовите на кинеската надворешна политика.
Македонија
Пациент и екипа на Брза помош заглавени во лифт во скопска Кисела Вода
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/10/brza-pomosh.jpg)
Екипа на скопската Брза помош заедно со пациент е заглавена во лифт во подрумски дел од зграда во Кисела Вода, соопшти Центарот за управување со кризи.
Случајот, како што информираат, бил пријавен на единствениот телефонски број за итни случаи 112 во 11:22 часот.
„Во 11:22 часот на 112 во ЦУК добивме пријава за заглавена екипа на Итната медицинска помош од Скопје заедно со пациент, во лифт во подрумски дел од зграда на ул. Христо Татарчев бр.47, Кисела Вода, Скопје. Лифтот паднал најмалку од приземје во подрум. Во него имало екипа на итната медицинска помош, најмалку 4 лица биле во лифтот во моментот на падот“, се нагласува во информацијата.
Од страна на ЦУК итно биле известени БППЗ Скопје и СВР Скопје.