Македонија
Без вода повеќе улици во општина Центар

Според информациите од ЈП Водовод и канализација планирани прекини на водоснабдување денеска ќе имаат корисници во општина Центар.
Поради уличен дефект ф-80 мм на Тодор Александров бб (пред полициска станица Водно) општина Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на дефектот.
Како што соопшти ЦУК, поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на улицата 8-Март 7, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од булевар Илинден, потегот од Влада на РСМ до Градски Парк и објектите во склоп на Градски Стадион во Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во посета на Гостивар

На 19-ти мај, Денот на сеќавањето на големиот реформатор и основач на Турската Република, Кемал Ататурк, како и Денот на младите и спортот, којшто го слават припадниците на турската заедница, Сиљановска-Давкова ги посети OOУ „Мустафа Кемал Ататурк“ и здружението „Адексам“ во Гостивар и оствари средба со жителите на селото Горна Бањица.
Во обраќањето пред присутните, таа истакна дека образованието на мајчин јазик е претпоставка за зачувување на националниот и културниот идентитет и им укажа на учениците и родителите дека нема подобра инвестиција од влогот во знаењето.
Во училиштето, со најмногу ученици од турската заедница и настава на турски, македонски и албански јазик, претседателката беше запознаена со неговиот развој, капацитети и персонал, а потем ја проследи прекрасната приредба, колаж на ора, музички точки, ораториум и рецитирање.
За неа, но и за директорот на училиштето, мултикултурниот амбиент е одлична средина за градење соживот, се вели во соопштението од кабинетот на претседателката.
За успесите и проблемите на турската заедница во земјава, таа разговараше со претставниците на турските здруженија од Гостивар. Тахсин Ибрахим, претседател на здружението „Адексам“ и на Сојузот на турските невладини организации во Македонија (МАТУСИТЕБ), информираше за нивното повеќедецениско дејствување во областа на културата и образованието.
Посочувајќи ги главните предизвици во основното и средното образование, Ибрахим истакна дека и покрај исполнетите услови во одредени општини нема настава на турски јазик. Во разговорот беше укажано на потребата од доследна примена на начелото на правична и соодветна застапеност на Турците во државните органи и институции.
Претседателката ги охрабри во гласноста на обзнанувањето на проблемите и вети лична заложба во нивното адресирање, обзнанување и надминување.
Во Горна Бањица, Сиљановска-Давкова нагласи дека високо ја цени традиционалната лојалност на жителите од овој крај кон државата и го поздрави придонесот во негувањето на турската култура, на здруженијата „Алтин Пармаклар“ и „Намик Ефенди“.
Присутните изразија незадоволство од експропријацијата на плодното земјоделско земјиште за потребите на изградбата на инфраструктурата со пренизок надомест, се додава во соопштението.
Македонија
„Влен“: Уживаме во целосна поддршка од меѓународната заедница, црни листи за нашите противници!

„Политичкиот субјект ВЛЕН продолжува да ја зајакнува својата позиција како сериозен, кредибилен и доверлив партнер во очите на меѓународниот фактор. Нашите транспарентни политики, евроатлантска ориентација и посветеност кон вистински реформи наидоа на разбирање и целосна поддршка од претставници на пријателски и сојузнички земји“, велат од „Влен“.
„Претставниците на ВЛЕН секојдневно се пречекани од нашите меѓународни партнери, вклучувајќи ги и претставниците на Европската Унија и Соединетите Американски Држави, од каде што добиваат јасна поддршка за нивната визија и платформа. Ова покажува дека ВЛЕН е фактор на стабилност и гаранција за интеграција и развој.
Од друга страна, ДУИ е сè повеќе изолирана. Меѓународните партнери ја изгубија довербата во во еден субјект кој две децении ја злоупотребуваше моќта за лични и клански интереси. Клучните фигури на ДУИ веќе се на меѓународни црни листи и се прогласени за персона нон грата, што е јасен сигнал дека повеќе нема толеранција за криминал и корупција.
ВЛЕН е единствената алтернатива што гарантира искрена соработка со нашите стратешки партнери и одржлив развој за Албанците во Северна Македонија. Со ВЛЕН, постои бела иднина, изградена врз правда, работа и чесност, додека со ДУИ е црното минато, проткаено со криминал, корупција и изолација.
Решени сме да ја водиме земјата, заедно со граѓаните и со поддршка на меѓународните пријатели, кон пофер, почесна и поразвиена иднина.
ВЛЕН е ценет и добредојден од меѓународните претставници, бидејќи имаме јасна и чиста цел, за граѓаните и заедно со граѓаните!“, се наведува во соопштението на „Влен“.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– Во периодот од 08:30 до 13:30 часот, корисниците од улицата 1 Мралино, општина Илинден;
– Во периодот од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од улиците Васил Ѓоргов, Народен Фронт, Јуриј Гагарин, општина Центар;
– Во периодот од 09:00 до 12:00 часот, дел од корисниците на улицата Иван Хаџиниколов, општина Кисела Вода;
– Во периодот од 09:00 до 15:00 часот, дел од корисниците на улицата Московска околу Аптека Зегин, општина Карпош;
– Во периодот од 09:00 до 16:00 часот, корисниците од Горно Оризари, Глуво, Рудникот на Гранит во село Бразда, општина Чучер Сандево;
– Во периодот од 12:30 до 14:30 часот, корисниците од улицата 5 и улицата 7 Јурумлери, општина Гази Баба.