Контакт

Култура

Самостојна изложба на уметницата Тања Балаќ

Објавено пред

Самостојна изложба на уметницата Тања Балаќ со наслов „Раселени“ ќе биде отворена на 5 септември во 20 часот во Музејот на Република Северна Македонија. Изложбата, која ќе ја отвори историчарот на уметност и ликовен критичар, Кирил Пенушлиски, содржи дела создадени во периодот 2020-2022 година.

dobivaj vesti na viber

На оваа изложба Балаќ се претставува со 27 слики, кои се своевидно надополнување нанејзиниот претходен циклус започнатнекаде во 2017 година под влијание на големата бегалска криза. Дела од овој циклус беа претставени на нејзините изложби во Скопје, Белград, Загреб…

– Во „Раселени“ за прв пат во опусот на Балаќ се појавуваат човечки фигури. Се работи за луѓе и лица што не можат да се идентификуваат. Тие луѓе „патуваат“ низ нејзините слики, а некои од нив се и само тивки посматрачи на трагичната човечка судбина. Човечките фигурите во овие нови, сини, слики, се третирани различно од оние во претходните дела. Луѓето се апстрактно предадени, со сведени црти на лицата – назначени со неколку потези и скоро секогаш работени со бела боја што дополнително ги прави нереални. Меѓутоа, тие фигури сега изгледаат како да заминуваат од платната на Балаќ. Резигнирани, помирени со својата судбина, немите портрети повеќе ја немаат стоичката димензија на оние од постарите слики. Слично на ова, и пределите во позадините на сликите се разликуваат од оние во минатите платна. Балаќ во постарите дела ни ги прикажуваше пејзажите од каде започнал егзодусот на луѓето на нејзините слики. Наспроти тоа, сега ретко можеме да забележиме некаква опиплива референца за некој пејзаж, град или пак предел. Но, апстрактните партии околу човечките фигурите на платното само го засилуваат впечатокот за неприфаќањето и ксенофобијата со која тие луѓе, бегалци, се соочуваат. Тоа се луѓе без дом и луѓе без иднина, изгубени во еден недефиниран меѓупростор каде ќе ги проголта заборавот на општеството – вели Пенушлиски за делата од изложбата.

И на оваа изложба авторката се занимава со темите за бегалската и мигрантската криза, осврнувајќи се на ксенофобичната реторика присутна во многу мејнстрим медиуми. Во обидот да создаде сеопфатна слика за овој глобален проблем, таа отвора многу прашања, но истовремено ја повикуваијавноста на заедничка потрага по можното решение.

По затворање на поставката во Музејот на Република Северна Македонија, „Раселени“ ќе патува во Стразбур, каде ќе биде изложена во „Арт клуб Амикале“ на Советот на Европа, а ќе ја отвори амбасадорката Светлана Гелева.

Тања Балаќ (р. 1968 година, Скопје), во 1991 година дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на Одделот за сликарство. Трасирајќи го својот уметнички и професионален пат низ годините, во 2008 година магистрира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на Одделот за сликарство. Членка е на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) од 1996 година, а во периодот од 2006 до 2013 година и негова претседателка. Меѓу многубројните професионални посети надвор од границите на Македонија, остварува студиската посета во Париз во 2003 година. Покрај сликарството, во последната декада истражува и на полето на нови медиуми, вклучувајќи инсталација, експериментален филм и видеоуметност.

Култура

Со „Оче наш“ и доделувањето награди завршува годинешниот „Синедејс“

Објавено пред

Со доделувањето на наградите во Официјалната и СЕЕ селекција се затемнува платното на овогодинешниот Cinedays. По седум интензивни филмски денови публиката имаше можност да погледне повеќе од 50 филмови, но за наградите на фестивалот се натпреваруваат осум во официјална конкуренција и шест во СЕЕ селекцијата.

dobivaj vesti na viber

„Имавме прекрасен фестивал и буквално „Се гледаме од другата страна“ со сите предизвици кои ни следеа во подготвителниот период. Филмската магија не покори и нас како организатори и гостите кои беа бројни и на ова издание. Сега сме во очекување на имињата на добитниците на наградите кои вечер ќе ги соопштат жири комициите во двете конкуренции“ – вели Маргарита Арсова програмски координатор на фестивалот.

По завршувањето на церемонијата на доделување на награди вечерва на репертоар е филмот „Оче наш“ на Горан Станковиќ, во кој македонски копродуценти се Огнен Антов и Стојан Вујичиќ од Dream factory.

„Филмот се бави со едно многу специфично место, место во кое во име на верата и духовноста, насилството се користи како оправдување за помош. Прва работа која ме наведе да размислувам за идеја на овој филм беше снимка од претепување во манастир во Црна Река. Таа снимка се појави во 2009 година, а контрадикторноста на сцената на сурово тепање на човек, со удирање на глава од икона на ѕид сосема ме збуни и вознемири. Од таму тргнав. Се разбира не би сакал да се генерализира на сите заедници кои пружаат духовна поддршка“ – вели режисерот Станковиќ.

Македонската страна на продукцијата во самиот филм ја претставуваат екипата сниматели на звук: Игор Поповски – Нивеа, Дејан Михајловски, Дарко Бошковски, Александар Ристевски и Горан Стаменков и брилијантниот Тони Михајловски:

„Тони е блескав актер со исклучително богата кариера и многу ми беше инспиративно да работам со него“ – дополнува режисерот Станковиќ.

Покрај Михајловски, во филмот играат: Вучиќ Перовиќ, Горан Марковиќ, Дадо Ќосиќ, Лазар Тасиќ, Јасна Жалица, Тони Михајловски, Ненад Хераковиќ …

Филмот ја имаше својата премиера на 50 јубилејно издание на престижниот филсмки фестивал во Торонто, а со него се завтора и вечерашниот Cinedays. По проекцијата, следи диџеј сет на Кунгфулиш, односно Ненад Стефановски од музичкиот состав Фулишгрин.

Прикажи повеќе...

Култура

Македонскиот филм „Неми филмови“ меѓу најдобрите анимирани кратки дела за 2025 според „Animation Magazine“

Објавено пред

Kраткометражен анимиран филм „Неми Филмови“ на режисерот Крсте Господиновски е вклучен во изборот на Animation Magazine за најистакнати анимирани кратки филмови во 2025 година.

dobivaj vesti na viber

Во текстот „Избор на познавачот: Субјективен критички преглед на најдобрите кратки анимирани филмови за 2025 година“, авторот Крис Робинсон – долгогодишен уметнички директор на Меѓународниот фестивал за анимиран филм во Отава – го наведува филмот како едно од најзначајните остварувања во годишниот преглед.

Робинсон го оценува „Неми Филмови“ како дело што се издвојува по визуелниот јазик, атмосферата и авторскиот пристап, особено преку неговата stop-motion естетика и внимателно развиена визуелна нарација. Како влијателна фигура во светот на независната анимација, неговата препорака се смета за важен сигнал за квалитет и релевантност на филмот.

Прикажи повеќе...

Култура

Сорентино и филмот „Југо Флорида“ со Андрија Кузмановиќ на репертоарот на „Синедејс“

Објавено пред

Денес, на претпоследниот ден од 24 издание на фестивалот Синедејс, во киното Фросина, со почеток од 20 часот ќе биде прикажан филмот “Помилување” во режија на славниот италијански режисер Паоло Сорентино. Филмот “Помилување” ја имаше својата светска премиера на 82 издание на Венецискиот филмски фестивал, со што се отвори и 82-та Мостра. Токму на овој фестивал, актерот Тони Сервиљо ја доби наградата “Волпи” за најдобар актер, а филмот беше номиниран за “Златен Лав”.

dobivaj vesti na viber

На истата локација, во 22.30 часот ќе биде прикажан филмот “Југо Флорида” во режија на Владимир Тагиќ, каде главната улога ја остварува популарниот српски актер Андрија Кузмановиќ. За ова остварување, актерот ја добива наградата “Срце на Сараево” за најдобра улога на Сараевскиот филмски фестивал во 2025 година.

Од останатите филмови на вечерашниот репертоар на фестивалот, во Денснг салата на МКЦ следи и краткиот филм “Зајак” во режија на Ханис Багашов кој се здоби со наградата Најдобар филм на фестивалот на краток филм Дримшорт во Струга и “Еден од оние денови кога Хеме умира” во режија на Мурат Фиратоглу. Во Кинотеката, ќе биде прикажан филмот “За Ева” краткиот филм во режија на Бојан Василев и “Вена” во режија на Кјара Флајшхакер.

Билети за фестивалот може да се набават на официјалната страница www.cinedays.mk.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија27 минути

Kривична пријава против Оливер Спасовски: како министер за внатрешни работи ја злоупотребил положбата и овластувањата

Вчера Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против О.С. (49) од Куманово,...

Македонија46 минути

(Видео) Филипче: Мицкоски за пари прифаќа мигранти, нема да има шатори, но ќе има социјални станови

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција повторно рече дека е повеќе од очигледно дека постои...

Топ2 часа

Кривична против директорка на градинка во Кочани: вработила негувател без лиценца

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против 51-годишната Ј.Е. од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба...

Македонија3 часа

Одбраната на министерот Шабан Салиу, обвинет како поранешен директор на ДЗС, ќе даде воведни зборови, ново судење за „Пулс“

Судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, каде што загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, продолжува денес во...

Македонија4 часа

Уште 10 дена за аплицирање за ваучери за ИТ-уреди, известува Министерството за дигитална трансформација

Министерството за дигитална трансформација известува дека остануваат уште 10 дена за аплицирање за студентски ваучери. Досега се доделени вкупно 42.606...

Свет4 часа

„Европа го подготвува својот крај“: турски аналитичар предупредува на погрешни стратешки процени од Брисел

Политиката на Брисел за „исцрпување“ на Русија не само што не ги даде очекуваните резултати, туку, доколку продолжи, може да...

Европа5 часа

ЕУ се согласи да ги намали емисиите за 90 отсто до 2040 година

Европската Унија постигна правно обврзувачки договор за климата со кој емисиите на стакленички гасови ќе се намалат за 90 проценти...

Регион5 часа

Вучиќ сака Западен Балкан заедно да влезе во ЕУ; Црногорскиот премиер: Ќе ве чекаме таму

Премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, изрази делумна согласност со предлогот на српскиот претседател целиот Западен Балкан да се приклучи...

Европа6 часа

Шефот на украинската армија: Држиме дел од Покровск, но моравме да повлечеме дел од војската

Украинските трупи држат делови од опколениот град Покровск од средината на ноември, но на некои единици им е наредено да...

Свет6 часа

Папата го критикува Трамп за коментарите за Европа

Папата Лав вчера по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски им изјави на новинарите дека Европа мора да игра централна...

Македонија19 часа

(Видео) Владата го усвои предлогот за разрешување на јавниот обвинител Коцевски, соопшти Митева

На денешната редовна 134 владина седница беше усвоен предлогот за разрешување на Љупчо Коцевски од функцијата јавен обвинител со што...

Македонија20 часа

Премиерот слушна, но не сака да зборува за барањето за обесштетување за трагедијата во Кочани: Не би сакал за тоа да коментирам

Премиерот Христијан Мицкоски седнат во првиот ред во Собранието денес ги слушна барањата на родителите на загинатите и повредените во...

Македонија20 часа

Мицкоски: Додека јас сум премиер, нема да никне ниту еден шатор за илегални мигранти

Премиерот, Христијан Мицкоски, ги отфрла наводите на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, дека во Македонија ќе бидат отворени кампови за...

Македонија22 часа

МОН воведува нови стипендии, конкурсите се веќе објавени

По воведувањето на стипендии за стимулирање на средношколци за упис на прв циклус на студии по македонски јазик за тековната...

Македонија22 часа

Василевска бара изземање на Апасиев од претседавање со Анкетната комисија за Кочани

Пратеничката од редовите на ВМРО–ДПМНЕ, Иванка Василевска, на денешната седница на анкетната комисија за заштита на слободите и правата на...

Свет23 часа

Мерц вели дека Путин сака да го обнови Советскиот Сојуз, Кремљ му одговари

Кремљ денес соопшти дека европските тврдења дека рускиот претседател Владимир Путин сака да го обнови Советскиот Сојуз се погрешни и...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: Опасност од мигранти, проблем е Владата на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините тајни разговори

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија пред повеќе месеци ја најави опасноста која што не очекува со мигрантите и таа опасност е...

Македонија1 ден

Беким Сали назначен за в.д. претседател на Алтернативата по оставката на Зеќирија Ибрахими

Вицепремиерот и иден министер за европски прашања Беким Сали е избран за вршител на должност претседател на Алтернатива, откако досегашниот...

Европа1 ден

Објавени нови мапи; Русите: Напредуваме на сите фронтови, Украинците се опколени

Рускиот генерал Валериј Герасимов изјави дека руските сили напредуваат по целата фронтова линија во Украина и ги напаѓаат опколените украински...

Свет1 ден

(Видео) „Ти си најнапорната новинарка овде“: Трамп повторно со навреди

Американскиот претседател Доналд Трамп продолжи со своите вербални напади врз новинарките, а откако ги навреди врз основа на нивниот изглед...