Свет
(Видео) Такер Карлсон: Никој нема да го каже тоа, се води кон атентат на Доналд Трамп

Американскиот новинар и коментатор Такер Карлсон денеска изјави дека поранешниот американски претседател Доналд Трамп би можел да биде убиен.
„Почнаа со критики, па протестираа, па го отповикаа. Сега тие подигнуваат обвиненија и ништо од тоа не функционира. Што е следно“, праша Карлсон за време на гостувањето во подкаст.
Тој додаде дека се оди кон атентат на Доналд Трамп.
„Никој нема да го каже тоа, но не знам како не можете да дојдете до тој заклучок“, рече Карлсон.
Минатата недела новинарот објави интервју со Трамп во кое, меѓу другото, директно го праша поранешниот претседател дали мисли дека може да биде убиен.
„Дали сте загрижени дека ќе се обидат да ве убијат? Искрено, зошто не би се обиделе да ве убијат“, праша Карлсон, на што Трамп одговори: „Тие се дивјаци. Тоа се луѓе кои се болни“.
Сите анкети на јавното мислење покажуваат дека Трамп повторно ќе биде кандидат на Републиканската партија на претседателските избори во 2024 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Итна порака на Зеленски до САД и Европа: не смееме да чекаме до 11 април

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, повика на глобален одговор по последниот напад со беспилотно летало извршен синоќа од страна на Русија, велејќи дека против Русија мора да се реагира без одлагање.
Во директна порака до западните сојузници, Зеленски истакна дека е потребен нов и опиплив притисок врз Москва за да се стави крај на војната.
„САД и европските земји не смеат да чекаат до 11 април, кога завршува цел месец откако Русија го отфрли предлогот на САД за прекин на огнот. Оваа систематска и постојана природа на руските напади јасно покажува дека Москва ги презира дипломатските напори на нашите партнери”, напиша Зеленски на социјалната мрежа X.
Според него, Путин не сака да обезбеди дури и делумен прекин на огнот.
„Не смееме да чекаме до 11 април, кога ќе помине еден месец откако Русија му рече ‘не’ на американскиот предлог за прекин на огнот. Мора да се преземе акција што е можно поскоро“, напиша Зеленски.
Тој додаде дека Киев е подготвен да соработува со партнерите од САД и Европа со цел да се постигне достоен и траен мир.
Свет
Унгарија има намера да воведе можност за одземање на државјанството

Унгарската влада сака да воведе можност за привремено одземање на унгарското државјанство на одредени двојни државјани.
Соодветниот предлог-закон синоќа до парламентот го поднесе владејачката партија на Виктор Орбан, јавува виенски „Ое24“.
Предлог-законот, кој се очекува да биде усвоен, има цел да им го одземе државјанството на лицата што се карактеризирани како закана за државата.
Според нацрт-законот, одземањето на унгарското државјанство може да важи само за двојни државјани, чие второ државјанство не е државјанство на земја од ЕУ, Швајцарија, Лихтенштајн, Норвешка или Исланд, пренесува „Танјуг“.
Одземањето на државјанството треба да биде можно, меѓу другото, доколку некое лице дејствува во интерес на странска сила или странска организација, ги постигнува целите на странска сила или странска организација и на тој начин претставува закана за јавниот ред и безбедност на земјата.
Предложениот закон може да влијае на унгарско-американските двојни државјани, кои се ангажирани во невладини организации, пишува австрискиот весник.
Одземањето на унгарското државјанство би овозможило протерување лице што е класифицирано како закана за земјата.
Свет
Маријани: Користејќи ги примерите на Додик и Ле Пен, ЕУ ја демонстрира смртта на демократијата

Користејќи ги примерите на Мари Ле Пен и Милорад Додик, кои беа политички осудени, Европската Унија ја демонстрира смртта на демократијата, вели Тијери Маријани, пратеник во Европскиот парламент од Франција.
„Од Париз до Република Српска, ЕУ ја оркестрира смртта на демократијата. Истите методи, истата немилосрдност“, рече Маријани во видеообраќањето објавено на платформата „Икс“, пренесува РТРС.
Тој ја праша претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, дали има некакви коментари, а потоа изјави:
„ЕУ повеќе не се плаши од авторитаризам, туку го прифаќа“.