Спорт
Караско е следниот кој патува за Саудиска Арабија, ќе игра за Ал Шабаб
Белгискиот интернационалец Јаник Караско е најновата европска ѕвезда која ќе игра во првенството на Саудиска Арабија. По долги преговори со Атлетико Мадрид, саудискиот клуб Ал Шабаб успеа да најде заеднички јазик и да го реализира трансферот за сума од 15 милиони евра.
Караско ќе потпише тригодишен договор со Ал Шабаб и ќе се придружи на големиот број ѕвезди кои ова лето заминаа во Саудиска Арабија.
Караско беше желба и на Барселона, која сепак не можеше да го доведе поради проблемите со финансискиот фер-плеј.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Македонските ракометари во третиот шешир пред ждрепката за СП
Foto/ facebook.com/rfmofficial
Ракометната репрезентација на Македонија на 29 мај ќе ги дознае противниците со кои ќе се сретна во првата фаза на Светското првенство чии домаќини наредната година ќе бидат Хрватска, Данска и Норвашка.
На ракометниот Мундијал ќе учествуваат 32 репрезентации кои ќе бидат поделени во шест групи.
Во пресрет на ждрепката домаќините си одбраа по една група за себе и дополнително уште една група во која сместија по една репрезентација.
Надежите дека Хрватска ќе ја „стави“ Македонија во една од групите паднаа во вода откако Хрватите си ја избраа групата Х во Загреб, Словенија ја сместија во групата Г која исто така ќе се игра во Загреб, за Унгарија ја одбраа групата Д во Вараждин, а во Ц групата, во Пореч ќе игра Австрија.
Данска си ја избра Б групата, а Германија ја сместија во групата А, додека Норвежаните го избраа Осло и Ф групата, а на Шведкса и ја доделија групата Ф.
Ждрепката за Светското првенство во ракомент ќе се одржи на 29 мај, со почеток во 19.30 часот во Загреб.
Македонија е во третиот шешир заедно со Полска, Бразил, Катар, Аргентина, Куба, Јапонија и Алжир.
Спорт
Флик во понеделник ќе биде промовиран во нов тренер на Барселона
Чави Ернандез во недела последен пат во Севилја ќе ја води Барселона, по што и официјално ќе добие отказ. Барселона во понеделник ќе го претстави новиот тренер, Ханси Флик.
Информацијата дека Чеви ќе добие отказ и дека Флик ќе биде неговиот наследник ја пренесоа најдобрите трансфер-инсајдери Жерар Ромеро, Фабрицио Романо, Гилем Балагу и Флоријан Плетенберг.
Според нив, Германецот со Барселона ќе потпише двегодишен договор, но по принцип 1+1.
Поточно останувањето на Флик на клупата во втората сезона 2025/26 ќе зависи од резултатите во неговата прва сезона.
Во исто време, Флик ги прифати сите услови на Барса, но побарал да го донесе целиот свој тренерски штаб.
Спорт
Баерн отпишал седум ѕвезди чија вкупна вредност е 340 милиони евра
Сезоната за Баерн заврши со дебакл. По 11 последователни титули, во Бундеслигата заврши на третото место, во Купот доживеа елиминација во осминафиналето од второлигашот Сарбрикен, а во Лигата на шампионите во полуфиналето од Реал.
Челниците на најтрофејниот германски клуб ги кројат плановите за летниот преоден рок. Тренерот Томас Тухел заминува, а според најтиражниот германски весник ќе го следат дури седум ѕвезди.
„Раководството на Баерн ќе започне чистка во соблекувалната веднаш штом ќе пристигне новиот тренер. На Баерн му треба реконструкцијан потребни му се десетици милиони за засилувања“, пишува „Билд“ и ги наведува седумте отпипани, чија вредност соред „Трансфермаркт“ изнесува на 340 милиони евра.
„Серж Гнабри (28 години) има договор до 2026 година, но тој е главен кандидат да биде продаден, бидејќи често е повреден. Поради повреда на мускулот, нема да игра на ЕП. Понатаму, тој игра премногу ретко во врвна форма. Но, Баерн ќе има голем проблем да се ослободи од него бидејќи Гнабри има плата од дури 20 милиони евра.
Кингсли Коман (27) е во многу слична ситуација како Гнабри. Пречесто се повредува и покажува премалку конзистентност. Тој има договор до 2027 година и е проценет на 65 милиони евра. Доколку Баерн успее да го продаде, би добил цело богатство.
Џошуа Кимих (29) е еден од најтешките карактери во соблекувалната. Прашање е што планира новиот тренер со него. Да биде десен бек или лидер во редот за врска? Зависи и од тоа што сака Кимих во иднина. Тој има договор до летото следната година и Баерн веднаш би го продал за да заработи нешто од него. Се шпекулира со сума од 40 милиони евра.
Леон Горецка (29) е лидер и е посветен на клубот. Но, Баерн сака свежа крв во средниот ред. Избор на клубот е Френки де Јонг.
Дајот Упамекано (25) по серијата лоши настапи сезонава заврши на клупата. Баерн е блиску до Тах од Леверкузен. Овој трансфер би можел да биде платен со парите од продажбата на Упамекано.
Алфонсо Дејвис (23) флертува со Реал, но неговите игри се се полоши. Баерн сака да му го продолжи договорот кој завршува во 2025 година, но Дејвис бара премногу пари. Затоа е многу веројатна разделба ова лето, но прашањето е дали Реал сè уште го сака?
Нусаир Мазрауи (26) беше толку често повреден што Баерн во зима го доведе Саша Бои (23) како скапа алтернатива. Се очекува да се врати и Јосип Станишиќ од позајмицата во Леверкузен, па Мазрауи е блиску до заминување“, пишува „Билд“.