Спорт
РК Еурофарм Пелистер ги објави цените за ЛШ: сезонските билети чинат од 5.500 до 6.500 денари
Ракометниот првак Еурофарм Пелистер ги објави цените на сезонските билети за премиерниот настап во групната фаза од Лигата на шампионите. Тие ќе чинат од 5.500 до 6.500 денари, во зависност од позицијата на седиштата во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.
Во соопштението на РК Еурофарм Пелистер, се вели:
Почитувани љубители на ракометот и навивачи на РК Еурофарм Пелистер
Во пресрет на отпочнувањето на новата ракометна сезона 2023/24 дозволете да ве известиме за деталите поврзани со билетите за натпреварите на нашите две екипи во домашното првенство, Лигата на шампионите и СЕХА лигата.
Цените на сезонски билети за натпреварувачката 2023/24 година за сите натпревари во сите натпреварувања на нашите две екипи ќе изнесуваат:
6.500 денари (Централни позиции – јужна и северна трибина)
5.500 денари (Странични позиции – јужна и северна трибина)
Што добивате со сезонскиот билет ?
* Ваше загарантирано место и присуство на сите натпревари во сите натпревари на домашен терен на РК Еурофарм Пелистер и РК Еурофарм Пелистер 2.
* На сите натпревари влегувате на посебен влез без гужви и чекање.
* Станувате дел од клубот на лојални подржувачи на РК Еурофарм Пелистер и РК Еурофарм Пелистер 2 и добивате можност за 10% попуст при купување на производи од Фан-продавницата на клубот.
* Добивате плакета „Наш лојален поддржувач“ со фотографија и потпис од сите играчи на РК Еурофарм Пелистер и РК Еурофарм Пелистер 2.
Како до сезонски билет ?
Порталот за е-продажба на билети на РК Еурофарм Пелистер ќе биде отворен на 4 септември.2023 година во 19:00 часот. На порталот ќе може преку реализација на електронска трансакција директно да го купите вашиот сезонски билет или преку апликацијата „Сезонска карта со Шпаркасе банка“ да го резервирате вашиот билет за период од 48 часа.
Шпаркасе Банка, како наш верен подржувач и спонзор, оваа година ќе даде и огромна поддршка во купувањето на сезонските билети, односно ќе овозможи сумата од 6.500 и 5.500 денари да се плаќа на ДЕВЕТ еднакви месечни рати без камата.
За таа цел: после резервацијата на вашиот билет (дефинирани ред и седиште) на е-порталот на РК Еурофарм Пелистер за купување билети, во наредните 48 часа ќе треба да отидете во експозитура на Шпаркасе Банка каде ќе треба да отворите сметка (доколку не поседувате активна во банката) и траен налог на најмногу девет месеци. После завршување на оваа процедура од страна на банката ќе добиете потврда за активиран траен налог и со истата потоа ќе може да ја подигнете вашата сезонска карта од клубот. Во случај еден клиент да нема уплата од два последователни месеци од трансакциската сметка, трајниот налог се активира, а билетот ќе се деактивира.
Цена на поединечните билети за натпреварувачката сезона 2023/24 година за натпреварите во Лигата на шампиони ќе изнесува:
550 денари (Централни позиции – јужна и северна трибина)
450 денари (Странични позиции – јужна и северна трибина)
Цена на поединечните билети за натпреварувачката сезона 2023/24 година за натпреварите во домашното првенство ќе изнесуваат:
Од 120 до 250 денари (Централни позиции – јужна и северна трибина)
Од 100 до 180 денари (Странични позиции – јужна и северна трибина)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
МВП на Евролигата во Милвоки, Јанис нема да ги напушти Бакс
Јанис Адетокумбо, како шо сега стојат работите ќе остане во Милвоки најмалку до крајот на сезоната.
Според новинарот на „ESPN“, Шамс Чаранија, Кол Ентони и Амир Кофи се селат во Феникс, додека Ник Ричардс и Најџел Хејс-Дејвис ќе ги продолжат своите кариери во Милвоки.
Со овој потег, Бакс дополнително ја зајакнуваат ротацијата под кошот, со оглед на тоа што Ричардс носи физичко присуство и дефанзивна стабилност на центарската позиција, додека Хејс-Дејвис е играч кој може да придонесе енергија и ширина на ротацијата на крилата.
Од друга страна, Санс добиваат дополнителна длабочина во надворешната линија. Кол Ентони треба да преземе позначајна улога во организацијата на играта, како „бек-ап“ плејмејкер, додека Амир Кофи носи дефанзивна флексибилност и можност за покривање на повеќе позиции.
Официјална потврда за размената се очекува наскоро, откако двата тима ќе ги завршат сите административни детали.
Foto/ EPA
Спорт
Баерн го задржа Серж Гнабри
Фудбалерот на Баерн, Серж Гнабри, го продолжи договорот со клубот од Минхен до 30 јуни 2028 година, објави најтрофејниот германски клуб.
Во соопштението не се наведени финансиски детали за договорот.
„Воодушевен сум што ќе можам да играм за Баерн уште неколку години. Причините за продолжување на договорот се тимот, тренерите, целиот клуб, навивачите, градот, околината… Се чувствувам многу удобно во Баерн“, рече Гнабри, објави веб-страницата на клубот.
Гнабри (30) пристигна во Баерн во 2017 година од Вердер Бремен. Тој одигра 311 натпревари за клубот од Минхен и постигна 100 гола, а освои 15 трофеи со Баерн.
Foto/ depositphotos
Спорт
Четворица се враќаат, но Реал ќе биде сериозно ослабен во Валенсија
Во недела, Реал Мадрид ќе игра без Винисиус Жуниор и Џуд Белингам на гостувањето кај Валенсија во 23-то коло од шпанската Ла Лига.
Винисиус го пропушта натпреварот поради пет жолти картони, додека Белингам нема да игра поради повреда на тетивата. Не е прецизиран датум за неговото враќање, но се очекува да отсуствува до шест недели.
Реал Мадрид има шест победи по ред во првенството, но сепак е втор на табелата со 54 бода, еден помалку од лидерот Барселона.
Добри вести за тренерот Арвало Арбелоа е дека за место во тимот ќе конкурираат: Трент Александар-Арнолд, Антонио Ридигер, Дани Карвахал и Ферланд Менди.
Foto/ depositphotos

