Македонија
(Видео) Јаневска: Потребна е брза и одлучна акција за укинување на пропаднатата реформа во образованието
„На првачињата им истурам река вода по нивните стапки за образованието да им тече како вода, да им биде убаво и забавно во училиште, да учат најмногу што можат и да бидат најдобри што можат. На овој убав ден сепак со јавноста треба да споделам со кои предизвици ќе се соочуваат и учениците и наставниците“, вели Весна Јаневска, претседател на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.
„Вчера еден од креаторите на фамозната Концепција за реформи во образованието, кој држеше обуки и ја промовираше Концепцијата, Кирил Барбареев изјави дека реформата во основното образование е веќе пропадната.
ВМРО-ДПМНЕ и експертската јавност во Македонија од сам почеток тврдеа дека оваа реформа е неспроведлива и крајно лошо обмислена. На Кирил Барбареев тоа му станува јасно по 2,5 години, а Владата се уште се обидува да ја спроведе таа пропадната реформа.
Учебници за сите ученици на првиот училишен ден нема да има, а и не само на првиот и понатаму. Учениците ќе бидат дискриминирани со тоа што едни ќе имаат учебници, а други материјали за учење, односно линк до ПДФ формат некакви материјали. Огромен број на ученици ќе имаат полураспагнати учебници користени во претходните години.
Врв на хипокризијата на оваа Влада во однос на учебниците е изјавата на премиерот дека министерот не пишува учебници и не е одговорен за нивниот недостаток.
Премиере и изминатите 30 години министерот не пишуваше учебници ама нив ги имаше. Наставниците ќе бидат фрустрирани бидејќи оваа година ќе држат различен број часови за иста плата“, кажа Јаневска.
„Историја, во шесто одделение учениците ќе учат само во прво полугодие, а потоа следната година, во седмо. Кога сме кај историја, уште една важна информација за наставниците, ве молам да не ги учите учениците дека Тигар и Еуфрат се наоѓаат во Аррика, така пишува во новите материјали за учење објавени на страната на БРО, дека Нил Тигар и Еуфрат се наоѓаат во Африка. Ве молам, направете напори и науштете ги учениците дека Нил е во Африка, а Тигар и Еуфрат во Азија.
Дел од наставниците ќе предаваат предмети за кои немаат компетенции и вештини. Наместо оценки по предмет наставниците ќе пишуваат оценки на модули. Сето ова како резултат на Насоките за планирање, организација и реализација на наставата, документ кој ако се спроведува води до кршење на најмалку 3 закони.
Значи ли тоа дека ако директорите ги спроведуваат овие насоки, утре може да бидат и разрешени и казнети за непочитување на постоечкиот важечки закон? Потоа Владата ќе побара одговорност и од градоначалниците.
Проѕирна е играта, но не зборавајте дека директорот на Бирото за развој на образованието ставил потпис на документот, а над него е министерот.
За да го сврти вниманието на наставниците од проблемите во училиштето и наставата, Владата ги замајува деновиве со проценти од плата, иако вети потпишување на Колективниот договор требаше да биде потпишан уште пролетта.
Во ваквата хаотична состојба само оваа Влада може да очекува подобри резултати на учениците. Тоа не е можно. Можеби таа и не очекува, но упорно не убедува дека се е добро и многу европски.
Почитувани, не треба да поминат нови 2,5 години за на Владата и стане јасно што прави, потребна е брза и одлучна акција (кажано во нивен стил на изразување) за укинување на пропаднатата реформа“, изјави претседателката на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Гаши за Денот на независноста на Косово: Празникот е момент на размислување и национална гордост, кој ги отелотворува жртвувањето, посветеноста и визијата за слобода и градење на државата
Претседателот на Собранието Африм Гаши со честитка по повод Денот на независноста на Република Косово.
„Овој празник е момент на размислување и национална гордост, кој ги отелотворува жртвувањето, посветеноста и визијата за слобода и градење на државата. Независноста на Косово претставува триумф на слободната волја на граѓаните да изградат демократска, праведна и европски ориентирана држава.
Република Северна Македонија и Република Косово уживаат одлични односи. Нашите соседски, општествени и историски врски се силни и претставуваат непоколеблива основа за понатамошно продлабочување на партнерството меѓу нашите две земји.
На овој значаен ден, ја потврдуваме нашата поддршка за успешниот пат на Република Косово и изразуваме убедување дека нашата братска соработка ќе продолжи да се продлабочува во функција на мирот, стабилноста и просперитетот на регионот, како и на унапредувањето на нашата заедничка евроатлантска агенда.
Македонија
(Видео) Кузеска: За еден час пред Владата ќе започне протест за поголеми плати, нека се симне Мицкоски, нека ги погледне работниците кои едвај може да си ги прехранат семејствата
„Со владин авион и парите од граѓаните премиерот бил на Јадранско море. На одмор. Ова е срамна слика за една опиена власт од луксуз, приватен бизнис и тендери“, истакна Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
Додека, како што вели, граѓаните едвај врзуваат крај со крај, додека владата одбива 600 евра минимална плата и им крати 40 милиони евра на земјоделците, премиерот се луксузира врз грбот на народот.
„Исто како Груевски, тој купуваше очила од 60 илјади евра и луксузен мерцедес а Мицкоски има часовници од 60 илјади евра и сака да се луксузира со авион.
Пола Влада се шетала со владиниот авион. Главна дестинација- Будимпешта, кај нивниот шеф, Груевски. За еден час, овде, пред Владата ќе започне протест на работниците за поголеми плати, за достоинствен живот.
Нека се симне Мицкоски, нека ги погледне работниците кои едвај може да си ги прехранат семејствата и да им одговори: Колку ги чини граѓаните овој луксуз на премиерот со владиниот авион“.
Затоа ли се најавува купување на нов владин авион – за уште повеќе приватни патувања со народни пари, прашува Кузеска.
Македонија
Герасимовски: Јавен повик за Итно копче, брза и иновативна помош за повозрасните жители на Центар
Општина Центар ги повикува сите заинтересирани граѓани да аплицираат за услугата Итно копче, наменета за лица над 65 години, со приоритет за оние кои живеат сами или со брачен другар со нарушена здравствена состојба.
Услугата е наменета за лица со пензија до 35.000 денари и без дијагноза на деменција или Алцхајмерова болест, а може да ја користи само еден член на семејство.

„Со примена на оваа иновативна услуга обезбедуваме брза реакција за повозрасните или изнемоштените лица преку едноставно притискање копче што се наоѓа на уред во форма на алка. Станува збор за технологија која спасува животи и го подобрува квалитетот на живот на повозрасната популација“, порача градоначалникот Горан Герасимовски.
Јавниот повик важи од денот на објава до исполнување на капацитетите, при што корисниците ќе се избираат по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Документите се доставуваат во Канцеларија на Итно копче, ул. Славе Георгиевски Шнајдер бр.5, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.

