Спорт
Ждреб за Лига Европа: Ајакс, Олимпик Марсеј и Брајтон во „групата на смртта“
Три поранешни европски прваци, Ливерпул, Олимпик Марсеј и Ајакс, ќе играат оваа сезона во групната фаза од Лигата на Европа. Денеска со ждреб беа одредени и групите.
Ливерпул е во групата Е, заедно со ЛАСК, Унион Сен Жилоа и со Тулуз.
Се чини дека најголема е конкуренцијата во групата Б, каде се Ајакс, Олимпик Марсеј, Брајтон и АЕК.
Македонија ќе има два претставници во ова натпреварување. Мартин Мирчевски со својот ТСЦ Бачка Топола и Филип Трпчевски со шведски Хакен.
Лигата на Европа стартува со натпреварите од првото коло на 21 септември. Големото финале е закажано за 22 мај на „Авива“ во Даблин.
The 2023/24 group stage is set ✅#UELdraw pic.twitter.com/rKmamwpJyf
— UEFA Europa League (@EuropaLeague) September 1, 2023
Ждреб за групите во Лигата на Европа
Група А: Вест Хем, Олимпијакос, Фрајбург, ТСЦ Бачка Топола
Група Б: Ајакс, Олимпик Марсеј, Брајтон, АЕК
Група Ц: Ренџерс, Бетис, Спарта Прага, Арис Лимасол
Група Д: Аталанта, Спортинг, Штурм, Раков
Група Е: Ливерпул, ЛАСК, Унион Сен Жилоа, Тулуз
Група Ф: Виљареал, Рен, Макаби Хаифа, Панатинаикос
Група Г: Рома, Славија Прага, Шериф, Сервет
Група Х: Баер Леверкузен, Карабах, Молде, Хакен
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
МВП на Евролигата во Милвоки, Јанис нема да ги напушти Бакс
Јанис Адетокумбо, како шо сега стојат работите ќе остане во Милвоки најмалку до крајот на сезоната.
Според новинарот на „ESPN“, Шамс Чаранија, Кол Ентони и Амир Кофи се селат во Феникс, додека Ник Ричардс и Најџел Хејс-Дејвис ќе ги продолжат своите кариери во Милвоки.
Со овој потег, Бакс дополнително ја зајакнуваат ротацијата под кошот, со оглед на тоа што Ричардс носи физичко присуство и дефанзивна стабилност на центарската позиција, додека Хејс-Дејвис е играч кој може да придонесе енергија и ширина на ротацијата на крилата.
Од друга страна, Санс добиваат дополнителна длабочина во надворешната линија. Кол Ентони треба да преземе позначајна улога во организацијата на играта, како „бек-ап“ плејмејкер, додека Амир Кофи носи дефанзивна флексибилност и можност за покривање на повеќе позиции.
Официјална потврда за размената се очекува наскоро, откако двата тима ќе ги завршат сите административни детали.
Foto/ EPA
Спорт
Баерн го задржа Серж Гнабри
Фудбалерот на Баерн, Серж Гнабри, го продолжи договорот со клубот од Минхен до 30 јуни 2028 година, објави најтрофејниот германски клуб.
Во соопштението не се наведени финансиски детали за договорот.
„Воодушевен сум што ќе можам да играм за Баерн уште неколку години. Причините за продолжување на договорот се тимот, тренерите, целиот клуб, навивачите, градот, околината… Се чувствувам многу удобно во Баерн“, рече Гнабри, објави веб-страницата на клубот.
Гнабри (30) пристигна во Баерн во 2017 година од Вердер Бремен. Тој одигра 311 натпревари за клубот од Минхен и постигна 100 гола, а освои 15 трофеи со Баерн.
Foto/ depositphotos
Спорт
Четворица се враќаат, но Реал ќе биде сериозно ослабен во Валенсија
Во недела, Реал Мадрид ќе игра без Винисиус Жуниор и Џуд Белингам на гостувањето кај Валенсија во 23-то коло од шпанската Ла Лига.
Винисиус го пропушта натпреварот поради пет жолти картони, додека Белингам нема да игра поради повреда на тетивата. Не е прецизиран датум за неговото враќање, но се очекува да отсуствува до шест недели.
Реал Мадрид има шест победи по ред во првенството, но сепак е втор на табелата со 54 бода, еден помалку од лидерот Барселона.
Добри вести за тренерот Арвало Арбелоа е дека за место во тимот ќе конкурираат: Трент Александар-Арнолд, Антонио Ридигер, Дани Карвахал и Ферланд Менди.
Foto/ depositphotos

