Спорт
(Видео) Леао и Милан му го расипаа дебито на Лукаку за Рома
Ромелу Лукаку доби херојски пречек од страствените навивачи на Рома на „Олимпико“, но во својот прв меч за „волчицата“ тој и Жозе Мурињо мораа да се задоволат со 1:2 пораз од Милан, кои пак, ја почнуваат сезоната со три победи во низа промовирајќи се во сериозни кандидати за скудетото.
Само по девет минути игра во Рим беше досуден оправдан пенал за гостите, кој Оливие Жиру сигурно го реализираше за рано водство. Но, најдобриот потег на мечот следуваше во 48. минута, кога Рафаел Леао постигна прекрасен гол кога беше во пад во шестнаесетникот на противникот.
⚽️🇮🇹 GOAL | AC Milan 2-0 AS Roma | Rafael Leao
What a fantastic goal from Rafael Leao. 🤩✨pic.twitter.com/fzDNVF3zMw
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) September 1, 2023
Надеж на „романистите“ дека е можен камбек дојде во 61. минута, кога втор жолт картон доби Фикајо Томори за домаќините да имаат играч повеќе, а во 70. минута Лукаку доби шанса да влезе во игра на местото на Стефан Ел Шарави. И покрај теренската доминација и предност на играч повеќе, домаќините не успеја да постигнат гол до 92. минута, кога Леонардо Спинацола успеа да го совлада Мајк Мањон за нервозни последни минути.
За Рома ова е крајно разочарувачки старт на шампионите со едно реми и два порази во првите три кола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
МВП на Евролигата во Милвоки, Јанис нема да ги напушти Бакс
Јанис Адетокумбо, како шо сега стојат работите ќе остане во Милвоки најмалку до крајот на сезоната.
Според новинарот на „ESPN“, Шамс Чаранија, Кол Ентони и Амир Кофи се селат во Феникс, додека Ник Ричардс и Најџел Хејс-Дејвис ќе ги продолжат своите кариери во Милвоки.
Со овој потег, Бакс дополнително ја зајакнуваат ротацијата под кошот, со оглед на тоа што Ричардс носи физичко присуство и дефанзивна стабилност на центарската позиција, додека Хејс-Дејвис е играч кој може да придонесе енергија и ширина на ротацијата на крилата.
Од друга страна, Санс добиваат дополнителна длабочина во надворешната линија. Кол Ентони треба да преземе позначајна улога во организацијата на играта, како „бек-ап“ плејмејкер, додека Амир Кофи носи дефанзивна флексибилност и можност за покривање на повеќе позиции.
Официјална потврда за размената се очекува наскоро, откако двата тима ќе ги завршат сите административни детали.
Foto/ EPA
Спорт
Баерн го задржа Серж Гнабри
Фудбалерот на Баерн, Серж Гнабри, го продолжи договорот со клубот од Минхен до 30 јуни 2028 година, објави најтрофејниот германски клуб.
Во соопштението не се наведени финансиски детали за договорот.
„Воодушевен сум што ќе можам да играм за Баерн уште неколку години. Причините за продолжување на договорот се тимот, тренерите, целиот клуб, навивачите, градот, околината… Се чувствувам многу удобно во Баерн“, рече Гнабри, објави веб-страницата на клубот.
Гнабри (30) пристигна во Баерн во 2017 година од Вердер Бремен. Тој одигра 311 натпревари за клубот од Минхен и постигна 100 гола, а освои 15 трофеи со Баерн.
Foto/ depositphotos
Спорт
Четворица се враќаат, но Реал ќе биде сериозно ослабен во Валенсија
Во недела, Реал Мадрид ќе игра без Винисиус Жуниор и Џуд Белингам на гостувањето кај Валенсија во 23-то коло од шпанската Ла Лига.
Винисиус го пропушта натпреварот поради пет жолти картони, додека Белингам нема да игра поради повреда на тетивата. Не е прецизиран датум за неговото враќање, но се очекува да отсуствува до шест недели.
Реал Мадрид има шест победи по ред во првенството, но сепак е втор на табелата со 54 бода, еден помалку од лидерот Барселона.
Добри вести за тренерот Арвало Арбелоа е дека за место во тимот ќе конкурираат: Трент Александар-Арнолд, Антонио Ридигер, Дани Карвахал и Ферланд Менди.
Foto/ depositphotos

