Спорт
Последниот ден од преодниот рок „припаѓа“ на Барса – пристигнаа Феликс и Кансело

Додека сите очекуваа некоја „бомба“ во последниот ден од летниот преоден рок, очигледни победници се Барселона, кои ги запечатија позајмиците на португалската двојка, Жоао Феликс и Жоао Кансело.
Феликс пристигнува во „клубот за кој сонувал да игра од детството“ на позајмица од Атлетико Мадрид откако таму стана непожелен кај тренерот Диего Симеоне, а не се докажа ниту половината сезона која ја помина во Челси во Премиерлигата. Нему му се приклучува сонародникот, Жоао Кансело од Манчестер сити, кој пак беше во конфликт со Пеп Гвардиола кој во јануари го прати на половина сезона во Баерн Минхен.
Уште поважно за Барселона и тешката финансиска ситуација е тоа што двајцата пристигнуваат во Каталонија без обрска за купување, со што ќе имаат повеќе простор за маневар.
"𝐈𝐭 𝐰𝐚𝐬 𝐚𝐥𝐰𝐚𝐲𝐬 𝐦𝐲 𝐝𝐫𝐞𝐚𝐦 𝐬𝐢𝐧𝐜𝐞 𝐈 𝐰𝐚𝐬 𝐚 𝐤𝐢𝐝."
João Félix pic.twitter.com/QRjYmYj3P3
— FC Barcelona (@FCBarcelona) September 1, 2023
Cancelo is Culer! 💙❤️
— FC Barcelona (@FCBarcelona) September 1, 2023
João Félix is Culer! 💙❤️
— FC Barcelona (@FCBarcelona) September 1, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Солзите на Ергин Атаман

Ергин Атаман, селектор на Турција, емотивно реагираше на еуфоричниот пречек што го доби неговиот тим во Истанбул.
Кошаркарите на Турција не успеаја да се вратат од Рига со златен медал, откако Германците беа подобри во финалето на Евробаскетот (88:83), но без оглед на тоа, им беше приреден величенствен пречек.
На аеродромот, Атаман низ солзи им се обрати на присутните.
„Сребрен медал по толку години, секако е голем успех и турскиот народ е горд на овие момци. Сепак, многу сум тажен. Историјата ги памети само шампионите, а ние за малку го пропуштивме тоа. Им се извинувам на нашите граѓани кои веруваа во нас и возбудено го чекаа трофејот пред своите екрани. Искрено верувам дека овие момци, кои ја вратија турската кошарка на самиот врв на Европа, ќе го донесат овој куп во нашата земја во блиска иднина“, рече Атаман.
Покрај гордоста, Атаман чувствува голема тага.
„Голема благодарноста за нашиот народ кој нè прегрна и чија поддршка растеше од ден на ден за време на првенството. Овие млади мажи, овие момчиња, го претставуваа турското знаме со голема страст пред целиот свет, до последната секунда. Горди сме, но јас лично сум многу тажен. Сонував да му ја донесам шампионската титула на турскиот народ. Го загубивме првенството со последната топка, но го натеравме турскиот народ повторно да ја засака кошарката“, заклучи Атаман.
Спорт
Ромеро: Никогаш не сакав да го напуштам Тотенхем

Кристијан Ромеро изјави дека во ниту еден момент не сакал да го напушти тимот ова лето. Аргентинецот изјавата ја даде пред потпишувањето на новиот договор со Тотенхем.
Бројни клубови беа заинтересирани за Ромеро и се шпекулираше дека ќе се пресели во Атлетико Мадрид, но тој сепак го продолжи договорот со Тотенхем и беше именуван за капитен.
Тој ја одигра секоја минута од почетокот на сезоната, постигна гол во финалето на Европскиот Суперкуп и има асистенција во Премиер лигата.
„Никогаш не реков дека сакам да го напуштам клубот. Ништо такво не дојде од мене. Важно е што велат тренерот и претседателот. Многу сум среќен тука, ова ми е како семејство. Го сакам тренерот, го сакам неговиот стил и начинот на кој тренира. Секогаш можеме да подобриме некои работи, но мислам дека сите тука на сите нивоа работат добро за да напредуваме“, рече Ромеро, објави специјализираниот фудбалски портал „Гол“.
Тотенхем игра во Лигата на шампионите оваа сезона, откако ја освои Лигата на Европа минатата сезона. Во првиот натпревар, Тотенхем ќе го пречека Виљареал вечерва во 21:00 часот.
Foto/ EPA
Спорт
Матео Францозо (25) почина во Чиле

Италијанскиот скијач Матео Францозо трагично го загуби животот еден ден пред неговиот 26-ти роденден откако падна за време на тренинг во Чиле.
Несреќата се случи два дена претходно на патеката во Ла Парва, од каде што беше префрлен со хеликоптер во Сантијаго, главниот град на јужноамериканската земја.
Момчето од Џенова помина два дена во индуцирана кома пред лекарите да го прогласат за мртов. Немаше начин да се спаси по бројните и тешки повреди на главата.
Францозо се натпреваруваше во најопасните дисциплини на алпско скијање – спуст и супер велеслалом.
Во својата кариера, тој забележа една победа во Европскиот куп, во супер велеслалом во Чинал, Швајцарија, додека две години подоцна стана шампион на Италија во алпска комбинација.
Двапати заврши меѓу првите 30 на трките од Светскиот куп – беше 28-ми во 2023 година во Кортина д’Ампецо и минатиот февруари во Кранс-Монтана, Швајцарија, каде што заврши 30-ти – двата пати во супер велеслалом.
Скијачкиот свет се збогува со Матео. Во соопштението на Светската скијачка федерација се огласија бројни скијачи од самиот светски врв.
„Моите мисли и емоции се со семејството на Матео, пријателите, тимот и целата наша заедница“, напиша Микаела Шифрин, а слични коментари оставија и Феликс Нојретер, Кјетл Јансруд, Александар Амодт Килде, Марко Шварц, Дидие Куше, Аксел Лунд Свиндал…
Но, покрај изразувањето сочувство, многу стручњаци и фанови повикуваат на зголемена безбедност.
„Оваа трагедија сега бара достоинствено молчење поради тагата на неговото семејство, пријателите и колегите во големото скијачко семејство. Сепак ќе биде потребно посилно да се справиме со прашањето за безбедноста, патеките со несериозна заштита или со лошо одржување. Сериозни проценки, одлуки, акции. Нека сеќавањето на Матео, кој утре ќе наполнеше 26 години, биде поттик за спречување на други слични трагедии“, рече италијанската новинарка Лиа Капици.