Спорт
(Видео) Грција елиминирана – Папаниколау за расплака пред новинарите
Највозрасниот грчки играч, Костас Папаниколау тешко го поднесе поразот од Литванија и елиминацијата на неговата репрезентација од Светскоот првенство.
Литванија ја декласираше Грција со резултат 92:67, иако Грците водеа по првото полувреме.
Капитенот Папаниколау беше без поени во 25 минути игра, шутираше 0/1 за два, 0/4 за три и поради слабата игра беше лут и тажен на крајот, најмногу на себе. Со солзи во очите тој даваше изјава за грчките медиуми.
„Ме боли што не му помогнав на тимот. Ова нема врска со другите момци… Сите имаат душа. Имам чувство дека не му дадов доволно на овој тим“, рече Папаниколау по мечот, видно тажен и расплакан.
„Тоа е нешто што сега многу ме боли, ме јаде. Но, што да правиме? Таков е животот. Да продолжиме понатаму, се ќе биде добро”.
Грците со поразот од Ливанија ги загубија сите шанси за пласман во четвртфиналето како една од двете првопласирани селекции од групата.
Во последното коло за престиж ќе играат против Црна Гора.
Фото/ FIBA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Судијата на натпреварот Турција-Чешка покажа најмногу картони во историјата на Европските првенства
Репрезентациите на Турција и Чешка во среда, на 26 јуни, го одиграа натпреварот од третото коло од групата Ф, кој го реши преминот во нокаут фазата на Европското првенство во Германија.
Турците успеаја да ги совладаат Чесите со резултат 2:1 и со тоа да се пласираат во продолжението од натпреварувањето.
Хакан Чалханоглу и Ченк Тосун погодија за Турција, додека Соучек беше единствениот стрелец за Чешка.
На овој натпревар забележан е и рекорден број картони во историјата на ЕП, кои ги покажа главниот судија Иштван Ковач.
На турските ракометари им покажа дури 11 жолти картони, а на Чесите седум жолти и еден црвен.
Треба да се нагласи дека рекордот беше соборен и кога се во прашање големите натпреварувања, со оглед на тоа што рекордот на светските првенства е 16 карти.
Спорт
Историскиот успех на грузиската репрезентација се славеше цела ноќ во Тбилиси
На улиците на Тбилиси, главниот град на Грузија, цела ноќ се славеше откако фудбалската репрезентација постигна историски успех со пласманот во осминафиналето на Европското првенство кое се одржува во Германија.
Грузија синоќа во третото и последно коло од групата Ф приреди сензација со победата од 2:0 против Португалија, а стрелци беа Квича Кварацхелија во втората минута и Жорж Микаутадзе во 57. од пенал.
РИлјадници грузиски граѓани по натпреварот излегоа на улиците за да ја прослават победата на својот тим и пласманот меѓу 16-те најдобри во Европа.
Граѓаните кои носеа грузиски знамиња се собраа на Плоштадот на независноста во Тбилиси, пееја песни и ги извикуваа имињата на играчите на грузиската репрезентација.
Грузиската репрезентација на 30 јуни ќе се сретне со Шпанија во осминафиналето на ЕУРО 2024 година.
Спорт
(Видео) Навивач скокна од трибините кон Роналдо, нов безбедносен пропуст во Германија
Во Германија се чини дека ја потцениле подготвеноста на луѓето да направат се’ што е потребно за да добијат шанса да се збогуваат со своите идоли.
По победата на Грузија над Португалија од 2:0, еден навивач успеа да се искраде од трибините, да се искачи преку самиот тунел и потоа дури да скокне директно пред Кристијано Роналдо.
Сепак, можеше да дојде до сериозен инцидент и да падне директно врз него.
🚨🥴A fan almost jumps on the Cristiano Ronaldo from the stands after the end of the match!!! 😨
Sometimes some people are just not okay…🤦♂️pic.twitter.com/LSwEShvDb1
— SimplyGoal (@SimplyGoal) June 27, 2024