Контакт

Спорт

Алкараз избори пласман во осминафиналето

Објавено пред

Првиот носител на машкиот турнир на Ју-ес опен, Карлос Алкараз се пласираше во осминафиналето на последниот Грен слем во 2023 година.

dobivaj vesti na viber

На стадионот „Артур Еш“ беше подобар од Британецот Даниел Еванс со резултат 3:1 (6:2, 6:3, 4:6, 6:3), по три часа и 11 минути тенис.

Шпанецот во осминафиналето ќе игра против Матео Арналди од Италија, кој изненади со победата против уште еден Британец, Камерон Нори.

Спорт

Челзи го продава Лукаку: позната сумата за која се подготвени да се откажат од него во Лондон

Објавено пред

Челзи е подготвен да го продаде Ромелу Лукаку, а Фабрицио Романо ја откри сумата за која клубот од Стемфорд Бриџ е подготвен да ја заврши зделката.

dobivaj vesti na viber

Најсигурниот стручњак за трансфери тврди дека во Лондон се подготвени да се откажат од услугите на белгискиот напаѓач за 45 милиони евра.

Лукаку ја помина сезоната на позајмица во Рома, негова втора позајмица откако се врати во Челзи во 2021 година. Првиот центарфор на Рома во Челзи никогаш не играл толку добро како во италијанските клубови. Во Интер беше најдобар стрелец во италијанскиот шампионат, а во Рома незаменлив првотимец. Додека играше за Челзи, новинарите и навивачите жестоко го критикуваа, па тој отворено кажа дека е подобро да игра во Италија, што наиде на уште поголем гнев кај навивачите.

Се споменуваше дека Лукаку би можел да остане во Италија, поточно да се пресели во Наполи. Тоа би се случило во зделка во која Виктор Осимхен би заминал во Челзи, со дополнително финансиско обештетување. Романо пишува дека засега ништо не се случува на овој план. Лукаку постигна 21 гол и четири пати асистираше на 47 натпревари за Рома во штотуку завршената сезона. Тој е под договор со Челзи до летото 2026 година.

Прикажи повеќе...

Спорт

Финансиски колапс на Лига 1 поради заминувањето на Мбапе

Објавено пред

Огромен пат на рејтингот ќе доживеаа француската Лига 1, по заминувањето на единственот играч со стаус на супер ѕвезда. Килијан Мбапе го напушти ПСЖ, кариерата ќе ја продолжи во Реал и покрај тоа што нема официјална потврда за трансферот.

dobivaj vesti na viber

Заминувањето на најдобриот француски фудбалер ќе се одрази на целата економија на елитниот француски фудбал. На тоа укажува и фактот што на два и пол месеци пред почетокот на новата сезона, Лига 1 се уште нема потпишан договор за ТВ права за следната натпреварувачка сезона.

Затоа, сега кога го нема Мбапе, никој нема да ги пренесува натпреварите од француската лига, поточно не за сумата што беше актуелна кога напаѓачот беше дела од ПСЖ.

Првично, Лига 1 побара 800 милиони евра за правата за пренос на натпревари од првата и втората француска лига, тоа беше уште во октомври, за периодот од 2024-2029 година.

Телевизиите, уште тогаш беа свесни дека Мбапе заминува од ПСЖ, што го принуди првиот човек на француската лига Винсен Лабрун да влезе во директни преговори со телеоператорите за да спаси ја ситуацијата.

Сега преговорите за новите сопственици на ТВ правата траат со месеци, без епилог кој би би ги задоволил челниците на Лига 1.

Никој не сака да плаќа превисоки суми, кога самото натпреварување не е привлечно и кога однапред се знае кој ќе биде шампион (ПСЖ), освен во ретки случаи.

Поради големиот финансиски колапс со кој се соочува францускиот фудбал, во решавањето на проблемот се вклучи и претседателот на државата Емануел Макрон.

Пред два месеци, на ручекот што го организирал, според некои медиуми, го замолил, Насер Ал Хелаифи (претседателот на ПСЖ) да влијае на телевизијата од Катар, „BeIN Sports“, да ги откупи правата за пренос на натпреварите од францускиот шампионат.

Одговорот бил дека тоа би го направиле само доколку француската телевизија „Canal+“ им го исплати делот од 250 милиони, а тие ќе го исплатат остатокот, што до денес не се случило.

Според последните информации, Лига 1 би се согласила да ги продаде ТВ правата на секој што ќе понуди 400 милиони евра, што е половина од сумата што им беше понудена на ТВ куќите во октомври.

Ситуацијата, пишуваат француските медиуми, е многу критична.

Пресметката е јасна: ако Лига 1 потпише договор за продажба на ТВ права за сума од 400 милиони евра, тоа значи и дека сите клубови ќе бидат во голема финансиска загуба. Затоа што сите го делат финансискиот колач, не подеднакво се разбира.

Грубо кажано, заминувањето на Мбапе од Франција предизвика Лига 1 да претрпи загуби од најмалку 200 милиони евра.

Прикажи повеќе...

Спорт

Лаутаро Мартинез ќе го продолжи договорот со Интер

Објавено пред

Успешно завршија преговорите меѓу Интер и Лаутаро Мартинез. Аргентинецот ќе потпише нов договор со клубот до јуни 2029 година.

dobivaj vesti na viber

Долго време траеја преговорите меѓу менаџерот на Лаутаро и Интер. Интер не го прифати предлогот платата на Лаутаро да расте во наредните три сезони, односно да биде 12, 14, па 16 милиони евра.

За потсетување, според актуелниот договор, Аргентинецот има годишна плата од шест милиони евра. Поголема плата во клубот има само Хакан Чалханоглу (6,5 милиони).

Најплатени играчи во лигата се Виктор Осимен со 10 милиони, Душан Влаховиќ девет, Ромелу Лукаку и Адриен Радио по седум милиони евра.

Италијанските медиуми тврдат дека Лаутаро му порачал на менаџерот да побара пет годишен договор и плата од девет милионие вра по сезона. Челниците на Интер ја позтивно одговориле на овие барања.

Лаутаро Мартинез дојде во Интер од Расинг пред шест години за 25 милиони евра и со текот на времето стана првата ѕвезда на клубот. Тој освои две титули во италијанскиот шампионат, два Купа на Италија, три Суперкупа и играше во финалето на Лигата на шампионите и Лигата на Европа.

Оваа сезона со 23 гола беше најдобар стрелец во Серија А и на крајот беше избран за најкорисен играч во лигата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

Блинкен потврди: САД му дозволија на Киев да користи американско оружје за цели во Русија

Американскиот претседател, Џо Бајден, одобри употреба на американско оружје од страна на Украина за цели во Русија, од каде се...

Македонија3 часа

Деспотовски ќе се кандидира за претседател на СДСМ: „Потребен е натпревар на идеи, а не пазарење“

Јован Деспотовски објави дека ќе се кандидира за претседател на СДСМ, а кандидатурата ќе ја поднесе во зависност од роковникот....

Топ8 часа

20-годишник од Радовишко настрада по удар од гром

20-годишно момче од село Коџалија, радовишко синоќа почина по удар од гром, извести МВР. Околу 20 часот во Полициската станица...

Македонија8 часа

За грабнувањето и свирепото убиство на Вања и Панче – обвинение против четворица, за Палчо и за возачот продолжува истрагата

Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против четири лица. Тројца од обвинетите се...

Македонија9 часа

(Видео) Апасиев: Не сте вмровци ако не ја збиберите од почеток

Пратеникот и претседател на Левица, Димитар Апасиев, на собраниската седница праша како Билал Касами, инаку избран пратеник и градоналник, може...

Македонија9 часа

„Опасна зона на Водно, испитување на гасовод на висок притисок, опасно по живот“, предупредува ЦУК

ЦУК ја пренесува информацијата од фирмата „Рапид Билд ДОО“ дека заради безбедност, движењето на граѓаните во близина на гасоводната делница...

Македонија10 часа

Османи – Блинкен: Евроинтегративниот процес, функционалната мултиетничка демократија и почитувањето на трите договори се неопходни за зачувување на стабилноста на земјата

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска се сретна со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, на маргините на неформалниот...

Македонија12 часа

ЛДП: Изгласана доверба на претседателката Зајкова и раководството

Либерално-демократската партија вчера вечер ја одржа првата седница на Централниот одбор по изборите. Централниот одбор донесе одлука со која дава...

Македонија12 часа

Комеморација за Џаро в понеделник, музички ѕвезди ќе зборуваат за него

В понеделник, на 3 јуни во Домот на култура во Ѓорче Петров од 12 часот, ќе се одржи комеморација за...

Свет12 часа

Трамп по пресудата: Ова е срамота, народот ќе го каже својот збор на 5 ноември

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја нарече срамота пресудата во Њујорк, со која беше прогласен за виновен за фалсификување документи...

Европа13 часа

(Видео) Русите го нападнаа Харков, ракети погодија станбени згради, најмалку тројца загинати

Најмалку три лица загинаа во рускиот напад на Харков, Украина, а 16 се ранети, јавува Ројтерс. Руски ракети погодија три...

Европа13 часа

Бајден и дозволи на Украина да ја нападне руската територија со американско оружје, со ограничување

Американскиот претседател Џо Бајден и даде дозвола на Украина да користи американска муниција за напади на руска територија, под услов...

Свет13 часа

Историска пресуда: Трамп виновен по сите обвиненија

Во првиот кривичен процес против републиканецот Доналд Трамп, поротата одлучи дека поранешниот американски претседател е виновен по 34 точки од...

Македонија1 ден

Поради несреќа, прекин на сообраќајот на патниот правец Битола – Демир Хисар

Од 18:50 часот поради случена сообраќајна незгода, во прекин е сообраќајот на Р1305 Битола – Демир Хисар, во двата правци,...

Топ1 ден

Силувана малолетничка во Скопско

Вчера попладне во 14.10 часот во СВР Скопје, М.Г., во присуство на социјален работник, пријавила дека на 17.05.2024 во скопско...

Македонија1 ден

Ниту еден од предложените кандидати не го доби потребното мнозинство за избор за претседател на Уставниот суд, седницата продолжува утре

Во Уставниот суд денеска се одржаа четири круга на гласање за избор на претседател на Уставниот суд. „Ниту еден од...

Македонија1 ден

Евроамбасадорот Гир не сакаше да ги коментира случувањата во ДУИ

Нема да коментирам внатрешнополитички случувања и изјави на лидери во земјата, изјави евроамбасадорот Дејвид Гир, прашан од новинарите како ја...

Македонија1 ден

ДУИ навредена од ВМРО-ДПМНЕ: Владата не е нивна играчка

Демократската унија за интеграција преку соопштение објави дека е скандализирана од, како што велат, навредливиот наратив на ВМРО ДПМНЕ кој...

Топ1 ден

Малолетник прегазен од автомобил во Скопје: возачот побегнал

Во СВР Скопје синоќа во 21.03 часот било пријавено дека на крстосница од ул.„Хасан Приштина“ и бул.„Словенија“ во Скопје, патничко...

Македонија1 ден

Општина Аеродром: ДУП-от за Лисиче предвидува само една зграда, два парка и решава важни комунални прашања

Советот на Општина Аеродром, на вчерашната седница го усвои деталниот урбанистички план за дел од населбата Лисиче. Од општината велат...