Економија
Трипуновски: Африканската свинска чума се шири со епидемична брзина, Бабовски да не се затскрива позади соопштенијата на АХВ

Неспособноста на Љупчо Николовски и Николче Бабовски излегува на површина. Африканската свинска чума е регистрирана во свињарска фарма Овчеполка Агриа, Општина Карбинци уште пред 8 дена, а АХВ и понатаму продолжува да молчи. Осми ден свињите на фармата се оставени на милост и немилост. Осми ден постои сериозна закана болеста да се прошири насекаде ширум државата, а надлежни институции не преземаат ништо, рече на денешната прес конференција Цветан Трипуновски, претседател на комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ.
Како што рече, африканската свинска чума се шири со епидемична бризна, речиси 10.000 свињи ќе бидат уништени, а Бабовски наместо да се затскрива позади соопштенијата на АХВ, веднаш да излезе и да одговори дали е свикан Националниот центар за контрола на болести и дали е одржан координативен состанок за оваа состојба, како и кои мерки за сузбивање и искоренување на болеста ги има спроведено Локалниот центар за контрола на болести.
Трипуновски праша и колку животни се усмртени и како се третирани нивните останки, потенцирајќи дека АХВ освен со медиумска кампања, не презема никакви конкретни мерки да ја спречи состојбата со африканската свинска чума која година ипол ја има во Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Трговијата меѓу САД и Кина може да падне за 466 милијарди долари, предупреди Светската трговска организација

Поради се позатегнатите односи меѓу двете најголеми светски економии, трговијата меѓу САД и Кина може да се намали за дури 80 отсто, предупредува Светската трговска организација (СТО). Според минатогодишните податоци, двете земји размениле стоки во вредност од 582,5 милијарди долари, што значи дека потенцијалниот пад на трговската размена би изнесувал околу 466 милијарди долари.
„Таквата постојана конкуренција и одмазднички мерки меѓу САД и Кина – кои заедно сочинуваат околу 3 проценти од светската трговија – имаат далекусежни последици што може сериозно да ги загрозат глобалните економски изгледи“, рече шефот на СТО, Нгози Оконџо-Ивеала. Таа особено посочи дека во конфликтот меѓу двете економски сили, најмногу може да настрадаат посиромашните земји, кои се поранливи на нарушувања во глобалната трговија.
„Ако дојде до поделба на светската економија на два спротивставени блока, долгорочно би можеле да бидеме сведоци на пад на глобалниот БДП од речиси 7 отсто“, предупреди Оконџо-Ивеала.
Во меѓувреме, повеќе од 166 членки на СТО ја повикуваат организацијата поодлучно да ги брани правилата на светската трговија. Во исто време, Кина поднесе нова жалба против американските царини во Женева оваа недела, што предизвика нова фаза од правниот спор во рамките на СТО.
Економија
Скок на берзите по објавата на Трамп за стопирање на царините

Берзите силно растат по објавата на претседателот на САД, Доналд Трамп, за стопирање на царините.
Брз поглед на тоа како некои клучни индекси на Волстрит пораснале:
Dow Jones порасна за 5,76 отсто
S&P 500 порасна за 6,46 отсто
Nasdaq порасна за 8,04 отсто
Од вчерашното затворање на пазарот, омпаниите од S&P 500 изгубија пазарна вредност од 5,8 трилиони долари од објавувањето на тарифите на Трамп минатата среда. Тоа е најдлабоката загуба од четири дена од основањето на индексот во 1950-тите, според податоците на „ЛСЕГ“.
Економија
УЈП: Поднесувањето на МПИН-пресметките завршува утре

Вкупно 59.681 даночни обврзници веќе поднеле МПИН пресметки за месец март. Од нив, 30.090 даночни обврзници веќе ги платиле МПИН пресметките за исплата на мартовската плата. До крајниот законски рок – утре, 10 април, четврток до полноќ, се очекува уште 5.000 даночни обврзници да поднесат пресметки за плата за месец март, соопштија од Управата за јавни приходи.
Од таму потсетуваат даночните обврзници да направат проверка на своите профили на системот „е-Даночни услуги“ и да ги преземат кодовите кои веќе се изработени и се поставени на профилите, а апелираме даночните обврзници кои сè уште немаат поднесено барање за издавање на код за идентификација тоа да го направат преку „е-Даночни услуги“.
Управата за јавни приходи изготви видео-корисничко упатство кое ги објаснува сите чекори потребни за навремено подигнување и инсталирање на кодот за идентификација со кој ќе може да се поднесат пресметките за плата за месец март.
Даночните обврзници кои имаат потреба од поддршка при процесот за инсталирање на кодовите може да се обратат на контакт лицата назначени од Управата за јавни приходи.