Европа
Путин и Ердоган во Сочи, главна тема е договорот за жито
Претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган, денеска ќе се сретнат во Сочи, а освен билатерални прашања, главна тема на разговор ќе биде и договорот за извоз на жито од црноморските пристаништа.
Анкара ги интензивира своите напори во последните недели да го обнови коридорот за жито за да помогне во олеснувањето на глобалната криза со храна.
„Ние играме водечка улога овде. Гледаме силна поддршка од целиот свет за спроведувањето на коридорот за жито“, рече советникот за надворешна политика на Ердоган.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Граничните процедури по брегзит ќе ја чинат Британија шест милијарди долари
Британската влада проценува дека по бројните одложувања ќе мора да потроши најмалку шест милијарди долари за спроведување на граничните процедури по брегзит, објави денеска парламентарната комисија за финансии. Британците гласаа за напуштање на ЕУ во 2016 година, но дури оваа година беа донесени нови правила за гранични контроли за да функционираат синџирите на снабдување.
Првата фаза, која опфаќа воведување дополнителни сертификати, стапи на сила на 31 јануари. Втората започна на 30 април со воведување на физички контроли во пристаништата.
Третата, која вклучува безбедносни декларации, е закажана за 31 август. Комитетот наведува дека Владата проценила дека ќе и бидат потребни шест милијарди долари за 13 главни мерки кои треба да овозможат проток на стоки преку граница и да се подобри спроведувањето на овие мерки во иднина.
Владата пет пати го одложи спроведувањето на целосните гранични контроли од крајот на преодниот период за напуштање на Унијата на 31 декември 2020 година, соопшти комисијата.
Европа
Шолц ја откажа изборната кампања и ги посети поплавените региони во Германија
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги посети поплавените региони во западната германска сојузна покраина Сарланд, каде обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а неколку згради беа евакуирани.
Шолц ја откажа својата изборна кампања во Сар, на границата со Франција, и наместо тоа, го обиколи делумно поплавениот пат во селото Клајнблитерсдорф заедно со регионалниот гувернер Анке Релингер.
Тој ја потврди солидарноста на сојузната влада со Сарланд.
„За жал, не е првпат да треба да се справиме со голема природна катастрофа, па ќе разгледаме што треба да се направи овде и што е неопходно“, им рече Шолц на новинарите.
Службите за итни случаи одговорија на илјадници повици за помош во главниот град на покраината, Сарбрикен.
Европа
Напаѓачот на Фицо доби мерка притвор за да не побегне и да не го повтори делото
Специјалниот кривичен суд во словачкиот град Пезинок, со силно полициско обезбедување денеска му одреди притвор на 71-годишниот Словак Јурај Цинтула, кој на 15 мај годинава во градот Хандлова со пет истрели го застрела премиерот Роберт Фицо и тешко го рани во стомакот.
Притворот за осомничениот е побаран поради опасност да не избега или да го повтори делото.
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска призна вина.
Адвокатите предупредија дека признавањето на вината е спорно, бидејќи Цинтула веднаш по атентатот и апсењето бил сослушан во шок, без присуство на адвокат.