Црна хроника
26-годишник со „ауди“ прегази тетовец

Вчера, во 23.05 часот, во СВР Тетово е пријавено дека на улицата Маршал Тито во Тетово, патничко моторно возило „ауди“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од 26-годишниот Л. Љ. од Тетово, удрило во 61-годишниот пешак А. У, исто така од Тетово, извести СВР Тетово.
„Во несреќата пешакот добил тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница, каде што бил пренесен за укажување лекарска помош“, соопшти СВР Тетово.
На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Полицијата во акција: сеф со пари исчезна во центарот на Скопје

Во Скопје, во временскиот период од 00:30 до 07:45 часот, било насилно влезено во угостителски објект на улицата Самоилова, при што бил одземен метален сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Заталкан куршум погоди „мерцедес“ во Чаир, возилото е оштетено

Четириесет и шестгодишен маж пријави дека на неговиот „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки му била оштетена хаубата од заталкано зрно од огнено оружје.
Според информацијата од МВР, настанот се случил во скопската населба Чаир.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Жена нападната од сопругот во Аеродром

Во Скопје, 40-годишна жена пријави дека околу полноќ била физички нападната од својот сопруг, со кого е во бракоразводна постапка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.