Соопштенија
Credissimo станува симбол за поддршка и мотивација на првачињата

Добрите примери создаваат традиција полна со визија, способност за планирање и дејствување, со цел подобрување и успешност на секоја акција. И најмалите промени, често резултираат со огромни промени во образовниот систем.
За трета година по ред, FinTech компанијата Credissimo, продолжи со визионерската иницијатива и ги поддржа најмладите ученици на нивниот прв училишен ден.
Современото општество бара современ систем на образование затоа што тоа е клучен фактор за успехот и просперитетот на нацијата. Токму поради тоа, Credissimo по трет пат подготви изненадување за првачињата. Со кампањата „Секогаш биди број 1”, до сега се опфатени над 1.650 ученици од различни населени места во Македонија, во 45 основни училишта.
Оваа година, Credissimo им додели подароци со училишен прибор на првачињата во градовите Струмица, Куманово и Кочани, носејќи искрени насмевки и радост на нивните лица. Во Скопје, посебно внимание беше посветено на учениците од специјалното училиште „Д-р Златан Сремец”, каде децата со посебни потреби ги примија подароците со голем ентузијазам и љубов.
„Секоја година, со нашата кампања која станува традиција, се потсетуваме колку е важно да инвестираме во иднината – нашите деца. Тие се хероите кои ќе ја градат и реформираат државата во која живееме. Нашата амбиција не е само да ги поддржиме, туку и да создадеме долгорочна врска со образовната заедница.” –изјавија од Credissimo.
Credissimo со својата кампања има и поголема цел, да ги поттикне децата да веруваат во себе и да ја искористат секоја можност за да се истакнат и да го достигнат врвот. Слоганот „Секогаш биди број 1” не е само мотивација за учениците, туку и порака за сите – да го дадат својот максимум во својот делокруг на дејствување.
Oваа иницијатива е само еден во низата на проекти преку кои Credissimo ја покажува својата посветеност кон општеството и одговорноста како компанија која се труди да допринесе за благосостојбата на сите.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Саракинов: Ја нема ниту катната гаража кај ГОБ 8ми Септември која ја вети кандидатот на СДС, Филипче и Заев – Стевчо Јакимовски, има само дупки и ѓубре

„Стевчо Јакимовски, кандидатот на СДС, Заев и Филипче излажа за сите катни гаражи кои ги вети во 2021 година. Ниту една катна гаража која ја вети, не ја направи. Стоиме овде пред ГОБ 8 Септември, место каде Стевчо Јакимовски, кандидатот на СДС, Филипче и Заев тврдеше дека ќе направи катна гаража“, рече Христо Саракинов, носител на советничка листа на ВМРО-ДПМНЕ за општина Карпош.
„Овде нема катна гаража, има само ѓубре и дупки. Кога ја читаме програмата на Стевчо Јакимовски од 2021 година сфаќаме дека се било една огромна лага. Ниту една катна гаража која ја ветил, не ја направил.
Стевчо Јакимовски само ги изманипулира граѓаните на Карпош.
Последните 4 години со Стевчо во Карпош се хаос за карпошани, хаос со паркингот, ѓубре насекаде, бетонизација, наместо зеленило и хумана урбанизација.
Стевчо Јакимовски лаже и сега како што лажеше во 2021 година. Ништо што вети во 2021 година, не реализира. Ниту една катна гаража не направи. Истите лаги ги кажува и сега, разликата е што овој пат нема да му успеат. Стевчо Јакимовски е прочитана книга. Карпошани ќе го казнат и ќе го испратат во политичка пензија со Филипче и Заев, неговите ментори за бизнис зделки“, изјави Христо Саракинов, носител на советничка листа на Општина Карпош.
Соопштенија
Јовановски: Ќе изградиме нова спортска сала во ОУ „Кузман Јосифовски-Питу“ во Кичево

„Ќе изградиме спортска сала во основното училиште „Кузман Јосифовски-Питу“, каде конечно нашите дечиња ќе можат да одржуваат една нормална и редовна настава по физичко образование како што доликува“, најави Александар Јовановски, кандидат за градоначалник на општина Кичево од ВМРО-ДПМНЕ.
„Ќе го подобриме превозот на учениците од сите приградски наслеби и од градските населби, за да можат безбедно да стигнат до училишните клупи“, додаде Александар Јовановски, кандидат за градоначалник на општина Кичево од ВМРО-ДПМНЕ.
Соопштенија
Меџити: Скопската чаршија столб на развојот на економијата, туризмот и културата во Чаир

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити, денес го презентираше третиот столб на неговата изборна програма, фокусиран на преродбата на Старата скопска чаршија и развојот на туризмот како економски мотор на општината.
Во своето обраќање, Меџити истакна дека Старата чаршија е многу повеќе од трговски комплекс – таа е “живата историја на Скопје, душата на градот и срцето на Чаир“. Тој нагласи дека неговата цел е ова културно наследство да се трансформира во модерен европски центар на туризмот и културата, преку конкретни проекти и обезбедено финансирање.
„Чаршијата не е само збир на улици и дуќани. Таа е нашата жива историја, духот на Скопје и срцето на Општина Чаир. Наша должност е не само да го сочуваме овој бесценет бисер, туку и да го издигнеме на ниво на врвна европска туристичка атракција, препознатлива во целиот регион. Нашата визија е Чаршијата да стане просперитетен центар на културата, туризмот и економијата“, изјави Меџити.
Програмата на Изет Меџити за преродбата на Старата чаршија опфаќа пет клучни развојни чекори:
1.КАПИТАЛНИ ИНВЕСТИЦИИ ЗА ВРАЌАЊЕ НА АВТЕНТИЧНИОТ СЈАЈ
-Реставрација на калдрмите: Целосна конзервација на улиците „Сарачка“, „Папучиска“, „Петар Михов“, „Самарџиска“ и дел од „Ковачка“. Проектот е одобрен од Владата и се реализира во 2025 година.
-Обнова на фасадите: Продолжуваме со обнова на фасадите на сите преостанати дуќани, зачувувајќи го автентичниот изглед и претворајќи ја Чаршијата во вистинска европска атракција.
-Модерно улично осветлување: Инвестираме во нова мрежа за осветлување за да ја зголемиме безбедноста и да ја истакнеме убавината на Чаршијата во вечерните часови.
2. ДИГИТАЛНА ТРАНСФОРМАЦИЈА ЗА МОДЕРЕН ТУРИЗАМ
-Паметни инфо-табли: Поставуваме интерактивни табли на клучните точки – Плоштад Скендербег, Старата Чаршија, Бит Пазар. Тие ќе нудат информации во реално време и бесплатен Wi-Fi за сите посетители.
-“Дигитална Чаршија“: Креираме виртуелен музеј и мобилна апликација која ќе служи како модерен дигитален водич со интерактивни мапи и историски податоци за секој објект.
3. СТАНДАРДИ ЗА СЕКОЈ ПОСЕТИТЕЛ
-Изградба на модерни, беспрекорно чисти и лесно пристапни јавни тоалети. Тие ќе бидат целосно прилагодени за лица со попреченост и ќе се одржуваат секојдневно, обезбедувајќи достоинствени услови за сите.
4. ЗАШТИТА НА БИСЕРИТЕ НА ЧАРШИЈАТА
-Целосна реставрација и меѓународна промоција на нашите историски обележја: Куршумли ан, Капан ан, Сули ан, Чифте амам, Даут Пашин амам, Шенгул амам и Безистенот.
5. „Круна на преродбата“ – изградба на подземен паркинг под Плоштад „Скендербег“
На крајот на презентацијата, Меџити ја најави и изградбата на двокатен подземен паркинг под Плоштад „Скендербег“, инвестиција од 25 милиони евра, веќе обезбедена од Владата. Проектот ќе го реши проблемот со пристапот и ќе ја претвори оваа зона во модерен урбан центар кој ја спојува историјата со европската иднина.
„Капиталниот проект кој ќе стави печат на оваа преродба е изградбата на новиот Подземен паркимг „Скендербег“. Инвестицијата вредна 25 милиони евра е веќе обезбедена од Владата, отворенa е набавката и се очекува за најмногу месец дена да има камен темелник за реализација на овој проект за 800 возила. Ова ќе биде модерно јадро и симбол на Чаир, место каде што нашата богата историја гордо ќе се сретне со европската иднина.“ – потенцираше Меџити.
Во завршниот дел од обраќањето, Меџити истакна дека преродбата на Старата чаршија е идентитетски, економски и културен проект, кој ќе го позиционира Чаир како центар на регионалниот туризам.
„Старата Чаршија е нашата гордост, но таа не смее да живее само од минатото. Таа заслужува жива и просперитетна иднина. Оваа програма не е список со желби. Ова е конкретен план, со обезбедени средства и јасни рокови. Со целосна посветеност и во партнерство со вас, граѓаните и еснафите, ќе ја издигнеме Чаршијата во симбол на нашиот културен идентитет и мотор на економскиот развој и туризмот.“ – изјави Меџити.