Црна хроника
Предложен притвор за двајца осомничени за изнуда
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело изнуда по член 258 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.
Двајцата браќа од скопско ‘Ржаничино, на возраст од 27 и 22 години, како соизвршители, во временскиот период од 5 јуни до 31 август, на разни локации во Скопје, со употреба на сериозна закана за животот кон еден оштетен и неговото семејство му изнудувале парични средства за наводен долг. Заканувајќи се, тие кај оштетениот предизвикале чувство на несигурност и страв и го принудиле да им даде дел од бараните пари.
Јавниот обвинител за двајцата осомничени достави предлог за определување мерка притвор оценувајќи дека постојат законските основи – опасност од бегство, можност за влијание врз сведоците и соучесниците и можност да го повторат делото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тетовци направиле лажна сообраќајна несреќа за да земат осигурување
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Б.(44), М.А.(39) и Г.Ш.(25), сите од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично „измама“.
На 16.12.2024, пријавените се обиделе со лажно прикажување факти да измамат полициски службеници од сообраќајна полиција.
Имено, тие се договориле и во круг на автоперална на ул.„Маршал Тито“ во Тетово фиктивно ги судриле возилата „бмв“ со швајцарски национални ознаки и „бмв“ со тетовски регистарски ознаки со цел да наплатат осигурување од осигурително друштво.
Црна хроника
Претепал 17-годишна девoјка од Струга: уапсен маж од Тетовско
Утрово во 02:30 часот на ул.„Ристо Крле“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода С.Р.(29) од тетовско село.
Полицијата постапила по претходна пријава дека физички нападнал 17-годишна девојка од Струга.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија надлежните.
Црна хроника
Уапсени две лица во Тетово и Гостивар, кај нив пронајдени пиротехнички средства
Вчера во 14:20 часот на ул.„Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода А.З.(52) од Тетово.
При извршена контрола во неговиот продажен објект, биле пронајдени и одземени разновидни пиротехнички средства, за кои не поседувал никакви документи.
Исто така, во 16:30 часот полициски службеници од ОВР Гостивар, кај Градскиот пазар во Гостивар, го лишија од слобода Ј.М.(64) од Тетово затоа што бил затекнат како врши продажба на остри предмети, а при преглед во неговото товарно возило ,,форд“ со тетовски регистерски таблички биле пронајдени и одземени 2.053 парчиња разновидни пиротехнички средства, разновидни ножеви и метални боксирачи.
По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

