Топ
Претрес во Беровско, пронајдени 22 пакувања со експлозив

Денеска, во 6 часот, во селото Митрашинци, Беровско, по добиена судска наредба од Основниот суд Кочани, извршен е претрес во домот на 63-годишниот Б. Б. во село Митрашинци, извести МВР.
„При извршениот претрес во куќата во која тој живее, пронајдени се 22 пакувања со експлозив (околу два килограма) и 9 м бавногоречки фитиљ“, соопшти МВР.
Б. Б. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Самохрана мајка од Кочани дала отказ за да се грижи за повредениот син: „Ни треба помош од државата“

Силвана Петрова, мајка на повредениот Трајче Петров, зборуваше за состојбата во која се наоѓа семејството по пожарот во „Пулс“ и како ја оставила работата за да му се посвети на детето.
Петрова, која е самохрана мајка, за „Сапорт Кочани“ рече и дека ќе даде сè што може за здравјето на своето дете, но неопходна ѝ e помош.
„Сè уште чекаме. Државата не ни помогна со ништо. Не знаеме што сè ќе треба во понатамошниот процес на заздравување – дали ќе има операции, дали ќе треба специјални ракавици или опрема. Јас сè што имам ќе дадам, ама потребна ни е помош и од државата“, рече Петрова.
Раскажа и дека го облекува синот, му ги мачка изгорените раце, му сечка јадење за тој со левата рака може да го принесе до устата.
(!) Содржината на видеото за некого може да биде вознемирувачка
View this post on Instagram
Македонија
Мицкоски ја повика Арсовска да постапи за дивоградбата во Чаир: Таа има ингеренции, од филозофирање и гола реторика народот нема фајде

Премиерот Христијан Мицкоски ја повика градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, да постапи за градилиштето во Чаир за кое тврди дека е без градежна дозвола.
„Таа има ингеренции. Ако навистина мисли дека е така, тогаш треба да постапува затоа што од филозофирање и гола реторика народот нема фајде“, кусо рече денес премиерот Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања при посетата на општина Желино, каде што заврши изградбата на патот Палатица – Тетово.
Вчера, градоначалничката на Скопје, Арсовска, преку пренос во живо на социјалните мрежи ги повикуваше директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, да излезат на терен и да постапат оти градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, дозволил на државно земјиште во Чаир да никне дивоградба.
Економија
Предлогот Трајко Славески да биде гувернер значи погребување на последната независна институција, велат од СДСМ

Предлогот Трајко Славески да биде гувернер значи погребување на последната независна институција, велат од СДСМ. Од таму најавија дека остро ќе се спротивстават на изборот на Трајко Славески за гувернер на Народната банка.
„Невиден преседан е да се дозволи класичен партиски пион да ја води оваа важна финансиска институција, каде што досега секогаш имало независни експерти на функцијата гувернер. Трајко Славески е човекот за кој 9.000 денари минимална плата се многу пари. Тој е перјаницата на Мицкоски против интересите на работниците. Гувернер ќе стане економистот кој е познат како најголем непријател на идејата за покачување на минималната плата, како и непријател на правилното пресметување на потрошувачката кошничка за четиричлено семејство – човекот што, додека ги водеше финансиите на земјата, жестоко ја раскрчмуваше и задолжуваше државата. Славевски е висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, кој беше близок соработник и на Никола Груевски, министер во неговата влада, која ги понижуваше работниците и ги третираше како евтина работна сила“, велат од СДСМ.
Како претседател на Советот на Град Скопје, велат од СДСМ, Славески ќе остане запаметен како лицето што го уништи градот.
„Славески ги водеше битките на Мицкоски со Арсовска откога им пропаднаа бизнис-зделките. СДСМ е длабоко разочаран и од полтронскиот однос на претседателката Сиљановска. Нејзиното потклекнување пред барањата на Мицкоски е доказ дека ниту некогаш била независна ниту, пак, во иднина ќе донесе независна одлука. Таа, како и сите претходни претседатели избрани од ВМРО-ДПМНЕ, е тука само за да исполнува партиски наредби. Имаше можност да застане зад сопствен избор, да промовира независна и стручна личност, но реши да ја наведне главата пред Мицкоски“, велат од партијата.