Топ
Загина маж од Струмичко, управувајќи трактор, изгубил контрола и се превртел

Вчера попладне, во 14.40 часот, во Полициската станица Струмица било пријавено дека во село Дабиле, Струмичко, 75-годишниот П. Б. од село Дабиле, управувајќи трактор „имт“, со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над тракторот и се превртел, извести МВР.
„Од добиените повреди П. Б. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош Струмица“, соопшти МВР.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Во моментот нема активни пожари, надлежните апелираат да се внимава за Илинденските празници

Според податоците на Центарот за управување со кризи (ЦУК), заклучно со 18:00 часот , нема ниту еден активен пожар. Шест се целосно изгаснати, додека еден е ставен под контрола.
Под контрола е пожарот во Општина Берово, во реонот на планината Готен кон Малешевските Планини, каде што е зафатена нискостеблеста шума, смрека, борова и букова шума, како и грмушки и ниска вегетација.
Во изминатото деноноќие, пожарните служби успешно се справија со шест пожари на отворен простор ширум земјата. Во Општина Карбинци, пожар избувна во шумскиот предел кај селото Јунузлија. Слична ситуација се случи и во Општина Кавадарци, каде што пламна ниска вегетација помеѓу селата Галиште и Ќесендре.
Во Општина Прилеп беа активни два пожара. Првиот се прошири од селото Бешиште, низ местото познато како Бешишки Рид, и продолжи кон територијата на Општина Новаци и граничниот појас со Грција. Вториот зафати поширок реон помеѓу селата Царевиќ, Смолани, Радобил и Дрен, каде што гореше мешана шума и нискостеблеста вегетација.
Во скопската Општина Гази Баба беше изгаснат пожар во село Трубарево, каде што гореше отпад, додека во Општина Гевгелија беше изгаснат уште еден пожар во селото Милетево, кој зафати ниска вегетација.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, денеска апелираше за внимателност за Илинденските празници, за да не се предизвикаат пожари.
Топ
Автомобил се судри со автобус кај Тетово – тројца загинати, едно дете е повредено

Три лица го загубија животот, а едно дете е повредено во тешка сообраќајна несреќа што попладнево се случи на автопатот кон Скопје, во близина на Тетово.
Увид на лице место изврши дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Според првичните информации, до несреќата дошло при контакт меѓу патничко возило и автобус, при што автомобилот со кој патувале тројцата загинати и повреденото дете излетал од патот.
Обвинителството презема дејствија за утврдување на причините и околностите на несреќата. Издадена е наредба за обдукција на починатите лица, а за возачот на автобусот е наредено испитување на евентуално присуство на алкохол или други психоактивни супстанции. Двете возила се одземени за технички преглед.
На лице место беше повикано стручно лице – сообраќаен вештак, а ќе биде изготвено и целосно сообраќајно-техничко вештачење врз основа на собраните докази, фотодокументацијата и трагите подигнати од местото на несреќата.
Македонија
Трајно одземање на возилата за пијани и дрогирани возачи кои дивеат низ улиците – нови ригорозни мерки

Со новите измени на Законот за безбедност во сообраќајот, Законот за прекршоци и Кривичниот законик, на најнеодговорните учесници во сообраќајот – како што се лицата кои возат без возачка дозвола, под дејство на алкохол или дроги, и оние што управуваат со екстремна брзина – ќе им биде одземано возилото трајно. Ова е првпат ваква мерка да се воведе во Македонија.
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој ја сподели информацијата, истакна дека нема да има зголемување на глобите, но новите санкции ќе бидат далеку поригорозни. Освен конфискација на возилото, со измените на Кривичниот законик, секое безобѕирно управување ќе резултира и со задолжителна затворска или условна казна, покрај паричната.
„На човек без возачка дозвола, под дејство на дроги и алкохол, не смее да му се дозволи да биде дел од сообраќајот“, рече Тошковски.
Додаде дека на таквите возачи, ќе им ги одземат возилата и ќе бидат донирани на институции, кои потоа ќе ги стават во функција на сите граѓани.