Контакт

Спорт

Од Њукасл на позајмица во Вождовац

Објавено пред

Фудбалскиот клуб Вождовац ги засили своите редови со Перуанецот Родриго Вилка, кој до крајот на сезоната ќе настапува за српскиот тим како позајмен играч од англиски Њукасл.

dobivaj vesti na viber

Станува збор за 24.годишен играч од средниот ред, кој кариерата ја започна во Депортиво Мунисипал, а во октомври 2020 година се пресели во Њукасл.

После тоа беше на позајмица во Донкастер и перуанскиот Универзитерио, за кого настапуваше минатата сезона.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Светски рекорд – Раониќ на Нори му испорача 47 ас сервиси

Објавено пред

Милош Раониќ на стартот од турнирот во Квинс го совлада Камерон Нори со резултат 2:1 (6:7, 6:3, 7:6). Канаѓанецот роден во Подгорица, во овој меч го собори рекордот по број на ас сервиси, кога станува збор за меч на два добиени сета.

dobivaj vesti na viber

Раониќ против Нори испорача 47 ас сервиси. Претходниот рекорд од 2015 година беше во сопственост на Иво Карловиќ (45 ас сервиси).

„Сервисот е исклучително важен дел од мојата игра – задоволно ја коментираше Раониќ победата над Нори.

„Без ваков сервис мојата кариера ќе беше сосема поинаква. Затоа сум многу благодарен. Сè уште се обидувам да ги подобрам другите удари. Со оглед на резултатот и фактот дека спасив две меч топки, овие ас сервиси ми беа потребни. Сервисот отсекогаш бил мојот најважен удар. Овој мал рекорд ќе биде посебен за мене“.

Прикажи повеќе...

Спорт

Нема потреба од операција – Мбапе ќе игра со специјална маска

Објавено пред

Франција скапо ја плати победата над Австрија (1:0), во првиот натпревар на Европското првенство.

dobivaj vesti na viber

Капиенот, Килијан Мбапе ќе мора да оди на операција на носот. Новиот напаѓач на Реал Мадрид се повреди во финишот на натпреварот со Австрија.

Мбапе во обид да упати удар со глава, со носот удри во рамото на Кевин Данс, по што остана да лежи.

Му беше укажана лекарска помош, а набрзо местото на теренот му го отстапи на Оливие Жиру.

Иако првичните прогнози сугерираа дека тој е под знак прашалник за остатокот од турнирот, вестите од Франција велат дека е можно, иако не е веројатно, тој да игра во петок против Холандија.

Мбапе веднаш по натпреварот бил на прегледи во болницата во Дизелдорф.

„Мбапе се враќа во кампот на француската репрезентација. На францускиот капитен му помогнаа медицинскиот персонал и докторот Франк Ле Гал, кој ја констатирал скршеницата.

Мбапе ќе се лекува неколку дена, но нема да оди на операција во блиска иднина. Ќе му биде направена маска за да може да се врати на турнирот по третманот“, се вели во соопштението на Фудбалскиот сојуз на Франција.

Следниот натпревар Франција го игра против Холандија на 21 јуни од 21 часот во Лајпциг.

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Бостон Селтикс ја освоија НБА титулата – Браун МВП

Објавено пред

Кошаркарите на Бостон Селтикс во вторникот рано наутро по средноевропско време по 18-ти пат станаа шампиони во НБА. Избраниците на Џо Мазула го совладаа Далас Маверикс со 106:88 во својот „Ти-Ди Гарден“ и со победа од 4-1, до втората титула во овој век.

dobivaj vesti na viber

Интересно, поминаа точно 17 години откако зелените ја освоија 17-та титула. Франшозата од Масачусетс сега и официјално е најуспешната во историјата на НБА, бидејќи е на врвот на „листата на сите времиња“ по бројот на трофеи. Лос Анџелес Лејкерс е втор со 17 трофеи.

Петтиот натпревар како шампион и лидер го одигра Џејсон Тејтум, мечот го заврши со 31 поен (11/24 од поле, 8/8 пенали), 8 скока и 11 асистенции.

Сепак, МВП на финалната серија е неговиот долгогодишен соиграч Џејлен Браун. Во петтиот меч од серијата имаше 21 поен (7/23 од поле, 5/6 пенали), 8 скока и 6 асистенции.

Тоа беше доволно за да му припадне трофејот кој го носи името на легендарниот Бил Расел. Браун, сопственикот на најпрофитабилниот договор во историјата на кошарката (304 милиони долари за пет сезони), во финалната серија бележеше 20,8 поени, 5,4 скока и 5 асистенции по натпревар.

Кај новите шампиони на овој меч се истакнаа Џру Холидеј со 15 поени и 11 скока, Дерик Вајт со 14 поени и 8 скока и Ал Хорфорд со по 9 поени и скокови.

Во поразениот тим Лука Дончиќ се мачеше со 28 поени (12/25 од поле), 12 скока и 5 асистенции, со 7 загубени топки. Кајри Ирвинг, како и речиси во текот на целата финална серија, беше под своето ниво против поранешниот клуб. Ирвинг натпреварот го заврши со 15 поени (5/16 од поле) и 9 асистенции. Џош Грин со 14 поени беше трет најефикасен кај Тексас.

Кога станува збор за петтиот натпревар од серијата и последниот во 78-та сезона во историјата на НБА, немаше резултатска драма.

На полувремето домашните имаа 21 поен предност. Публиката беше во екстаза, а се чини дека најголеми овации доби Кристапс Порзингис, кој поради повреда ги пропушти третиот и четвртиот натпревар од серијата, но во петтиот се врати со ограничена минутажа.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ9 минути

Познат идентитетот на двете лица што загинаа на Галичица, паднале во провалија длабока 200 метри

Вчера околу 13.00 часот во провалија покрај патот Охрид – Отешево, полициски службеници од Полициската станица Ресен со помош од...

Свет39 минути

Столтенберг: Ако не престане да ја поддржува Русија, Кина треба да ги сноси последиците

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска за Би-Би-Си изјави дека Кина, доколку не го промени своето однесување, треба да...

Македонија48 минути

Мицкоски треба денес да го достави предлогот за состав на влада до Собранието

Мандатарот Христијан Мицкоски, се очекува денеска до Собранието да го достави предлогот за состав на владата и програмата за нејзина...

Свет51 минута

Агент на тајната служба ограбен со пиштол за време на патувањето на Бајден

Агент на американската тајна служба бил ограбен под закана со пиштол за време на патувањето на американскиот претседател Џозеф Бајден...

Свет56 минути

Путин пристигнува во посета на Северна Кореја, за првпат по 24 години

Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Пјонгјанг ќе се сретне со севернокорејскиот претседател Ким Џонг Ун, за прв пат по...

Свет60 минути

Најмалку 17 лица загинаа во бегалскиот камп Нусејрат во Газа

Најмалку 17 лица загинаа во текот на ноќта во бегалскиот камп Нусејрат во центарот на Газа, од израелското бомбардирање, јавува...

Свет1 час

Тројца убиени во престрелка во Торонто, полицијата се сомнева дека меѓу нив е и убиецот

Полицијата во Торонто денеска соопшти дека верува дека напаѓачот кој уби маж и жена е убиен во пукање во канцелариски...

Топ13 часа

Возило падна во провалија длабока 200 метри на Галичица, две лица загинаа

Две лица загинаа при пад во провалија со возило на Галичица. Според информациите од ЦУК, несреќата се случила кај местото...

Uncategorized14 часа

Заев и Ципрас му врачија на награда на Нимиц: „Ни порача да го чуваме и целосно да го имплементираме Преспанскиот договор“

Експремиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас му ја врачија Наградата за мир Преспа на поранешниот медијатор Метју Нимиц, најавувајќи дека...

Македонија15 часа

Здравство треба да го санира урнатиот ѕид кај Детската клиника, а Град Скопје и Општина Центар да најдат решение за подземните води

Санацијата на Полуурнатиот ѕид кај Детската клиника е во надлежност на Министерството за здравство, а решението за подземните води треба...

Топ17 часа

Приведени криминалци од Прилеп кои со пиштол и’ се заканувале на продавачка, едниот бил бегалец од затвор

Полицијата приведе двајца криминалци од Прилеп, кои претходно денес со пиштол се заканувале на 35-годишна прилепчанка пред продажниот објект каде што...

Македонија18 часа

(Видео) Мицкоски: Подавам рака на СДСМ за суштинските прашања од важност за Македонија, но тоа не значи амнестирање од одговорноста за криминалите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната свеченост по повод 34 години од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ насловена „34 години ВМРО-ДПМНЕ,...

Македонија20 часа

„Уште седум нови барања за апанажа – 750.000 евра го чинат народот поранешните функционери на ДПМНЕ, СДС и ДУИ“, велат од партијата Левица

Пред околу две недели собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата им одобри апанажа, во траење од една година,...

Македонија20 часа

Филипче од Атина: Преку договорот од Преспа спорот го трансформиравме во соработка

Д-р Венко Филипче, директор на Фондацијата „Едно општество за сите“, денеска имаше обраќање на дводневната меѓународна конференција за мир и...

Култура23 часа

Љутков: Мораме да ја вратиме националната култура и да ги направиме работниците во културата повторно горди на својата професија

„По предлог на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Централниот и Извршниот комитет донесоа одлука со која сум предложен за министер...

Македонија23 часа

Миле Јанакиески од денеска на слобода, по шест години излегува од затвор

По шест години во затвор, на слобода излегува Миле Јанакиески. Тој во периодот од 13.11.2018 година до 17.6 2024 неколкупати...

Македонија24 часа

Мисајловски: Силно ќе се заложам за модернизација на Армијата и засилување на борбената готовност

Сакам да се заблагодарам пред сѐ на нашиот македонски народ за огромната поддршка што ни ја даде на изборите за...

Македонија1 ден

Николоски по предложувањето за министер: Како што го кренавме ВМРО-ДПМНЕ, ќе ја кренеме и Македонија

Би сакал да му се заблагодарам на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и иден Претседател на Владата Христијан Мицкоски за укажаната доверба...

Регион1 ден

За една недела тројца исчезнати туристи пронајдени мртви на грчките острови

За само една недела тројца исчезнати туристи се пронајдени мртви на грчките острови, јавија грчките медиуми. Турист од САД кој...

Македонија1 ден

Мицкоски за предлог-составот за влада: Имаме амбициозен план за реформи и проекти, чија реализација ќе почне од првиот ден

Мандатарот за состав на влада, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа по седниците на Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ...