Контакт

Економија

Битиќи и Деспотовски во Франкфурт: Северна Македонија нуди компетитивни и предвидливи услови за странските инвеститори

Објавено пред

„Интересот што беше пројавен од претставниците на германската бизнис-заедница нè прави уверени дека германските компании ќе продолжат активно да учествуваат во технолошкото унапредување, одржливиот раст и развој на нашата економија“, изјави вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.

dobivaj vesti na viber

Битиќи, кој престојува во Франкфурт заедно со директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ДТИРЗ), Јован Деспотовски, пред претставниците на германската индустрија, компании од повеќе сектори, ги претстави можностите за инвестирање во нашата држава, за владините мерки и поддршката што странските компании ја добиваат.

„Го истакнавме високото ниво на економска соработка помеѓу Северна Македонија и Германија како одлично искуство и за понатамошно зголемување на бројот на германски компании, кој е повеќе од 200, кои имаат реализирано инвестиција и вработуваат над 22.000 граѓани, на кои редовно им се исплатуваат конкурентни плати“, изјави Битиќи.

Тој посочи дека германските компании се од голема помош во делот на приспособувањето на стандардите во македонската економија со тие на ЕУ.

„Она што е важно, зборуваме за технолошки напредни компании, етаблирани на глобалните пазари, кои своите успеси не ги темелат на евтина работна сила, туку на човечки ресурси, кои се одликуваат со напредно знаење, иновативност, со изградени вештини да бидат дел од најсовремени технолошко производствени процеси“, изјави Битиќи.

Директорот на ДТИРЗ, Јован Деспотовски, истакна две клучни пораки од денешните средби со германски компании.

„Прво, дека Северна Македонија е стабилна држава, мала, но флексибилна, која може да се приспособи на барањата на инвеститорите, а тоа истовремено да е во корист на граѓаните и, второ, уште поважно е дека во земјата имаме вредни и трудољубиви луѓе. Но, нашата јасна порака е дека тие треба да се платат“, рече Деспотовски и најави нови германски инвестиции во земјата.

Антје Ванделт, директор на „АХК Северна Македонија“, дел од мрежата на германските стопански комори во странство, информира дека 25 германски компании беа дел од тркалезна маса, која се одржа во германската комора во Франкфурт, претежно компании од финансискиот сектор, металопраработувачка индустрија, ИТ-секторот и инвестициски консалтинг, и беа позитивно изненадени од можностите што ги нуди Северна Македонија.

„Најмногу се интересираа за едуцираниот кадар, инфраструктурата и за кадарот со стручно образование. Некои од компаниите веќе се присутни на пазарот и се интересираат за понатамошни можности, за други од нив земјата е нов пазарм кој разбуди сериозен интерес“, изјави Ванделт.

Инаку, вицепремиерот Битиќи заедно со директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ДТИРЗ), Јован Деспотовски, престојува во работна посета на Сојузна Република Германија, при што в понеделник во Франкфурт се потпиша договор со германската компанија за производство на литиум-јонски батерии на БМЗ за реализација на нова германска инвестиција во Северна Македонија, која ќе обезбеди над 750 нови вработувања.

Економија

Божиновска во Брисел: Интеграцијата во европскиот пазар на електрична енергија – стратешка цел за Македонија

Објавено пред

Од

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, заедно со Националниот оператор на пазар на електрична енергија (МЕМО), учествуваше на второто издание на Форумот за интеграција на пазарот на електрична енергија – Taking Implicit Electricity Mar-ket Coupling Beyond EU Borders, што се одржа во Европскиот парламент во Брисел.

dobivaj vesti na viber

На панел-сесијата посветена на проширувањето на европскиот пазар на електрична енергија до 2026 година, министерката Сања Божиновска дебатираше со високи претставници од Европскиот парламент, ACER, регионалните берзи за електрична енергија и институции од Западен Балкан.

„Интеграцијата на македонскиот организиран пазар на електрична енергија во Единствениот европски пазар е од стратешко значење за државата. Министерството целосно го поддржува процесот што го спроведува МЕМО. Станува збор за сериозен влог – зголемена ликвидност на пазарот, поконкурентни цени и поголема сигурност на снабдување, што директно влијае на економската стабилност и предвидливост“, истакна министерката.

Дополнително, Божиновска посочи дека интеграцијата со европскиот пазар може да понуди заштита од финансиските ефекти на CBAM механизмот на ЕУ, што би значело значајна економска корист за македонските компании.

Во своето обраќање, министерката потсети дека процесот на пазарно поврзување започна уште во 2017 – 2018 година, а сега се наоѓа во деликатна фаза, каде што се работи на транспонирање на ЕУ-законодавството и имплементација на MCO IP (Планот за поврзување на пазарите) под надлежност на ACER (Агенција на Европската Унија за соработка на регулаторите за енергија).

„Поради неизвесностите околу влијанието на CBAM, императив беше поврзувањето на пазарите да се случи пред 2026 година. Иако веќе сме надвор од таа временска рамка, реално е да се стремиме кон поврзување помеѓу четвртиот квартал на 2026 и првиот квартал на 2027 година“ рече Божиновска, повикувајќи на засилена соработка меѓу ЕУ и земјите аспиранти за членство.

Во контекст на новата енергетска визија, министерката информираше дека минатата недела Собранието го усвои новиот, ЕУ-усогласен Закон за енергетика – со што се поставуваат темелите за модерен, чист и фер енергетски систем.

„Создавањето посебно Министерство за енергетика, како и новиот Закон, се доказ за сериозноста со која пристапуваме кон секторот. Законот значи повеќе обновливи извори, намалување на загуби, отворен пазар, и поголема улога за граѓаните како и производители и потрошувачи на енергија“, додаде министерката.

Во своето завршно обраќање, министерката Божиновска испрати порака до европските носители на одлуки:

„Да работиме заедно за забрзување на пазарното поврзување. Бенефитите се заеднички – од енергетска сигурност до економски раст. Само со засилена соработка можеме да изградиме стабилен, интегриран европски електро-енергетски систем кој ќе им користи на сите.“

Форумот во Брисел собра над 100 претставници од енергетски берзи, регулатори и институции од ЕУ и Западен Балкан, со цел обезбедување политичка и регулаторна поддршка за побрза интеграција на земјите од Енергетската заедница во Единствениот европски пазар на електрична енергија.

Прикажи повеќе...

Економија

Николоски: Договорот ќе го потпишеме во четврток во Лондон, 22 мај ќе биде датум кој долго ќе се споменува

Објавено пред

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на денешната прес-конференција објави дека Владата го усвоила Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство и најави дека истиот Договор веќе во четврток, делегација предводена од вицепремиерот Николоски ќе биде потпишан во Лондон.

dobivaj vesti na viber

“Една од одлуките на седница е Владата на Република Македонија да го прифати Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Обединетето Кралство во врска со партнерство за реализација на инфраструктурни проекти, односно Договорот Влада со Влада. Целта нa Договорот е да воспостави партнерство за поддршка на реализација на инфраструктурни проекти во секторите здравство, транспорт, технологија, енергетика, дигитална трансформација и други критични сектори во Република Македонија. Првичната група на проекти се веќе споменати во јавноста во делот на здрaвството и во делот на транспортот. Исто така многу значајно за мене е да се разменуваат знаења и практики користејќи експертиза од Владата на Обединетото Кралство и од британски деловни субјекти за подршка на реализација на проекти но исто така и на трансформација на јавната администрација и приватниот сектор со експертиза од бизнис заедницата од Обединетото Кралство но и од владините агенции“.

Најави дека ќе се разменуваат знаења во здравството, транспортот, технологијата, енергетиката и клучните критични сектори, а за изградба на капацитетите на Владата на Македонија ќе се користи експертиза од Обединетото Кралство.

Оваа соработка, рече Николоски, ќе биде во согласност со важечкото законодавство, правилата и политиките на секоја од двете земји.

Учесниците, како што појасни, ќе работат заедно да ги истражат можностите за мобилизирање на средства за финансирање на проекти и што е многу значајно, Владата на Обединетото Кралство го потврдува интересот и капацитетот преку Инструмнтот за финансирање на извозот или УКЕФ, со што става на располагање 5 милијарди фунти или 6 милијарди евра за реализација на проекти во Македонија.

Нагласи дека ова ќе биде проектно финансирање и финансирање кое ќе оди исклучиво со реализација на проекти.

„Ова е рамка која не значи дека целосно ќе се искористи но е рамка што е располагање и која што можеме да ја користиме.

Она што сум горд е што добивме и официјална покана од Владата на Обединетото Кралство и покана до мене, за да се потпише овој Договор Влада со Влада на 22 мај, тоа е овој четврток и можам да Ве информирам дека Владата ме овласти да го потпишам овој договор. Ќе предводам владина делегација која што покрај мене, ќе бидат и потпретседателот на Владата и министер за животна средина Изет Меџити, понатму министерката за образование Весна Јаневска, директорот на ЈП за Железничка Инфраструктура Синиша Ивановски и останати соработници и мислам дека ќе имаме два плодни дена за соработка. Утре имаме средби со министерот за внатрешни работи на Обединетото Кралство и министерот за одбрана, имаме и средби со претставници од Инструментот за финансирање. Во четврток е главната церемонија, а исто така во четврток ќе имам средба и со директорот на Рајанер од каде што очекувам да произлезат и нови летови кон Скопје.

Сметам дека се работи за историски момент, за датум кој ќе остане во аналите на македонската историја, 22 мај ќе биде датум кој долго ќе се споменува во македонската историја затоа што се работи за досега најобемен дооговр кој Македонија го постигнала со било која држава.
Тоа не е било која држава, тоа е втората светска сила, држава со која имаме одлична соработка во рамки на НАТО Алијансата, дел е од западната цивилизација, става на располагање најмногу средства и за мене е наважен политичкиот момент бидејќи влегуваме во партнерство со клучен западен сојузник што јасно ја дефинира политиката на Владата, но исто така и позицијата на Македонија како прозападно ориентирана држава и држава која ги почитува евроатланските вредности. Исто ми е драго што Обединетото Кралство објави дека постигнале договор со ЕУ, што значи дека во еден пакет ги имаме трите клучни сојузници на Македонија, тоа е ЕУ, Обединетото Кралство и САД”- истакна вицепремиерот Николоски.

Прикажи повеќе...

Економија

Мицкоски: Оптимист сум дека растот на БДП ќе биде помеѓу 3,5 и 4 проценти

Објавено пред

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање поврзано со проекциите на Европската комисија и за економскиот раст на Македонија, изјави дека растот се темели на реализација на инфраструктурните капитални проекти како и на зголемена потрошувачка, што е резултат на порастот на платите.

dobivaj vesti na viber

„Па, тој се темели на реализација на инфраструктурните капитални инвестиции и потрошувачката, поради растот на платите. Тој е позитивен, со позитивни изгледи за државата, иако јас сум оптимист дека ќе биде и поголем. Минатата година, кога бевме избрани како Влада, Светската банка предвидуваше 1,8% раст. Ние тоа го надфрливме со 70-тина проценти, имавме раст од 2,8%. Третиот квартал, минатата година беше 3%, четвртиот 3,2%, а овој очекувам растот да биде помеѓу 3,5% и 4% на бруто-домашниот производ“, напомена Мицкоски.

„Зошто? Затоа што сме една од ретките, можеби единствена во регионот — земја која што има раст на индустриското производство, во првиот квартал. Имаме раст на туризмот. Тука се смее — Зоран Љутков во позадина радосно, се разбира, и задоволно, затоа што од опозицијата заборавиле дека Љутков е министер за култура и туризам.

Во првиот квартал од оваа година имаме раст од повеќе од 10%, на основ на број на туристи и на основ на ноќевања. Што е навистина редок случај во Европа — да не речам, единствен. Имаме раст во аутпутот во земјоделието. Имаме раст и во завршените градежни работи. Потрошувачката е двоцифрен раст.

Така што, имаме раст на директните странски инвестиции, раст на извозот. Иако има криза во автомобилската индустрија, тоа не ја погодува нашата држава. Реализација на капиталните инвестиции на дневна основа. Така што првите индикатори дека одиме на добро веќе јасно се гледаат.

Очекувам во првиот квартал од оваа година да бидеме помеѓу 3,5% и 4%. Инфлацијата е во март 2,7% на годишно ниво, а на месечно е -1. 3%. Во април беше 2,6% на месечно ниво 0,6%.

Така што, ако ги гледаме сите овие индикатори, можам да дојдам до заклучок дека сум уште поголем оптимист и дека има шанси да ја завршиме годината со оние проекции кои што ги имавме со раст поголем од 3,5%“, објасни тој.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија6 часа

Николоски: Договорот ќе го потпишеме во четврток во Лондон, 22 мај ќе биде датум кој долго ќе се споменува

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на денешната прес-конференција објави дека Владата го усвоила Договорот за стратешко партнерство со...

Економија7 часа

Мицкоски: Оптимист сум дека растот на БДП ќе биде помеѓу 3,5 и 4 проценти

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање поврзано со проекциите на Европската комисија и за економскиот раст...

Македонија9 часа

Николовски се пофали дека Царината за пет месеци сработила колку за три години, но спореди со периодот од 2020 до 2022 година

Директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, се пофали дека со засилени контроли за неполни пет месеци сработиле колку што претходно...

Македонија9 часа

„Влен“ ја претстави пратеничката група од девет пратеници, ќе им се приклучи и десетти

Коалицијата „Влен“ ја претстави пратеничката група, која брои девет пратеници, по оставката на пратеникот Салим Сулејмани, кој викендов се повлече...

Македонија10 часа

Опожарени три возила во Битола, едното на политичар од СДСМ

Три возила во Битола синоќа биле опожарени, а едното е на бизнисменот и поранешен кандидат за градоначалник од СДСМ, Христо...

Македонија11 часа

Сиљановска: Одговорно тврдам дека и да барате една држава да го смени Уставот е проблематично

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова пред новинарите ги коментира средбата со првиот човек на Европскиот совет, Антонио Кошта, бугарското вето, барањата за...

Економија11 часа

Сиљановска има предлог за нов гувернер

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова знае кој ќе биде нејзиниот предлог за нов гувернер на Народната банка, но не сакаше сè уште...

Топ12 часа

Матурантот од Струмица најден мртов на нива, телото е на обдукција

Матурант од Струмица во текот на вчерашниот ден бил најден мртов на нива. Се работи за 19-годишно момче со иницијали...

Свет13 часа

ЕУ воведува нов граничен систем: се укинуваат печатите од пасошите, странците ќе ги фотографираат

Преговарачите на Советот на ЕУ и Европскиот парламент постигнаа договор за регулативата за постепено воведување на системот за влез/излез (ЕЕС),...

Свет14 часа

Ривалите на Бајден се сомневаат во прикривање на дијагнозата за ракот; Вeнс: Да бидеме искрени

Поранешниот американски претседател Џо Бајден вчера им се заблагодари на своите поддржувачи за „изразите на љубов“ што му ги покажаа...

Свет14 часа

Трамп потпиша закон против порнографијата за одмазда: „Меланија беше клучна“

Првата дама Меланија Трамп му се придружи на својот сопруг, претседателот Доналд Трамп, додека тој го потпиша законот со кој...

Европа16 часа

Денеска, важен состанок на министрите на ЕУ: ќе се договараат нови санкции против Русија

Министрите за надворешни работи и одбрана од земјите-членки на Европската унија денес се состануваат во Брисел за да разговараат за...

Европа16 часа

Зеленски: Нашите војници нема да се повлечат од анектираните територии

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е отворен за понатамошни преговори со Москва, но повтори дека украинските војници нема да...

Европа16 часа

Мерц: Европа ќе ги заостри санкциите против Русија

Европските лидери се согласија да го зголемат притисокот врз Русија со санкции откако американскиот претседател Доналд Трамп ги информираше за...

Европа16 часа

Русија се огласи за преговорите: Ѓаволот е во деталите

Процесот на договарање на текстот на меморандумот за мир и прекин на огнот ќе биде комплициран за Москва и Киев...

Свет1 ден

Трамп: Русија и Украина веднаш почнуваат преговори за крајот на војната

„Само што го завршив двочасовниот разговор со претседателот на Русија, Владимир Путин. Верувам дека помина многу добро. Русија и Украина...

Свет1 ден

По два часа заврши разговорот помеѓу Трамп и Путин

Заврши телефонскиот разговор меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин, објавија руските државни медиуми. Двајцата лидери разговарале повеќе од два часа,...

Македонија1 ден

Тројца пациенти сместени на Пластика сè уште имаат отворени рани: им требаат преврски, а понатаму можеби и трансплантација на кожа

Два месеца по пожарот во дискотеката во Кочани со 62 загинати и 200 повредени, на Клиниката за пластична хирургија има...

Македонија1 ден

Ако му понудат, Клековски ќе прифати да биде министер за здравство, но со соодветна замена за него во Фондот за здравство

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, чие име неофицијално се спомнува за министерската позиција во Здравство по оставката...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: Историско задолжување од 6 милијарди евра, а Владата крие детали

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција обвини дека постои недостаток на транспарентност и информации поврзани со содржината на...