Контакт

Македонија

Превентивни активности на МВР за заштита од имотни деликти, побезбеден сообраќај…

Објавено пред

Полициски службеници од Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден на подрачјата на Секторите за внатрешни работи Велес и Битола реализираа низа превентивни активности од разни области, важни за безбедноста и сигурноста на граѓаните, пред сè, од областа на безбедноста во сообраќајот и заштитата од имотни деликти.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

Така, во рамките на СВР Битола, во повеќе основни училишта во Битола, Прилеп, Македонски Брод, Ресен, Демир Хисар и Крушево, за првооделенците беа организирани предавања од страна на полициски службеници за нивната безбедност во сообраќајот како пешаци со мотото „Безбедно од дома до училиште и назад“. И во текот на наредните денови ваквите активности ќе продолжат во училиштата на подрачјето на СВР Битола, но и во другите сектори за внатрешни работи. Напоредно со ова, полициски службеници од ОВР Ресен и ОВР Крушево спроведоа активности за превенција од злоупотребата на огнено оружје при веселби и прослави, потоа за превенција од имотни деликти, првенствено измами, кражби и разбојништва, а беа реализирани и активности под мотото „Стави појас“ во интерес на безбедноста во сообраќајот, извести МВР.

На подрачјето, пак, на Кавадарци, Отсекот за превенција при СВР Велес, а по повод интензивните сезонски земјоделски работи, организира превентивни активности со возачи на земјоделски машини и механизација. Дополнително, во Велес се одржаа информативни средби со превозниците што годинава ја имаат обврската за превоз на ученици до училиштата и назад на подрачјето под надлежност на СВР Велес, а насочени кон безбеден и навремен транспорт на децата, додаваат од МВР.

Македонија

Улично куче нападна дете во Битола, било пренесено во болница

Објавено пред

Од

Улично куче нападнало осумгодишно дете на плоштадот во Битола. Детето со повреди на челото било хоспитализирано, а по медицинската помош е пуштено дома.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

За настанот реагираа и од Општина Битола.

„Општина Битола, изразува длабоко жалење за немилиот настан, кој се случил вчера во угостителски објект на Плоштадот Магнолија, при што осумгодишно дете се здобило со повреда на челото, како резултат на напад од улично куче. Благодарение на навремената интервенција, детето е соодветно згрижено во Одделението за максилофацијална хирургија при Клиничката болница во Битола, каде што му е пружена неопходната медицинска помош. Повредата е санирана, а детето е пуштено на домашно лекување со препишана терапија и лекарски препораки“, велат од таму.

Во денешниот контакт со родителите, градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, беше информиран дека детето се чувствува добро, но сеуште чувствува страв, после вчерашната случка, иако станува збор за дете кое ги сака кучињата и честопати знае да игра со нив.

Коњановски посакувајќи му брзо закрепнување на детето, во разговорот со родителите нагласи дека, општината интензивно работи на решавање на проблемот со бездомните кучиња.

„Овој инцидент уште еднаш ја потенцира потребата од систематско и долгорочно решение на проблемот со бездомните кучиња.
Прифатилиштето „Хачико“, кое започна со работа во октомври 2024 година, претставува важен чекор во воспоставувањето организиран пристап за справување со оваа проблематика. Работата на прифатилиштето мора да биде поддржана, а не дискредитирана, како што за жал беше случај изминатата недела, од одредени субјекти“, велат од Општина Битола.

Прикажи повеќе...

Македонија

Во Скопје се лекуваат девет повредени во пожарот во Кочани, во странство 48

Објавено пред

Од

Во Скопје се лекуваат уште девет повредени од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а во странство 48, информира министерот за здравство, Арбен Таравари. Двајца пациенти се во критична состојба, останатите се стабилни.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

„Во Скопје има девет пациенти, од кои двајца во Клинички центар на Пластична хирургија, еден пациент во „8 септември“, во стара градска болница четворица пациенти и двајца пациенти во приватните болници. Сите се во релативно добра и стабилна состојба. Во странство се лекуваат 48 пациенти од кои очекуваме денеска еден да биде пуштен дома. Од пациентите кои се лекуваат во странство само уште двајца се во критична состојба. Другите се на рехабилитација или чекаат оперативни зафати“, рече Таравари.

Тој кажа дека во моментов има 57 пациенти на болничко лекување од вкупно 193 пациенти кои беа хоспитализиарани по несреќата.

Министерот сподели една добра вест – пациентка која два пати билна реанимирана, сега е во добра состојба и почнала да се движи.

Прикажи повеќе...

Македонија

Таравари верува дека и без „Влен“ во некои општини можат да постигнат добар резултат на локалните – утре ќе се знае дали ќе настапат сами

Објавено пред

Партијата Алијанса за Албанците на Арбен Таравари на состанок на Централното претседателство, утре, ќе одлучи дали на локалните избори ќе учествува заедно со „Влен“ или сама.

dobivaj vesti na viber
dobivaj vesti na viber

Таравари рече дека пред нив се тие две опции и не постои трета. Сепак, има некои општини кадешто партијата на Таравари верува дека и сама може да направи добар резултат. Во таа насока ги спомена Гостивар, Врапчиште, Дебар, Боговиње, Теарце, Сарај.

Во врска со изјавата на Билал Касами дека тој што ќе се оддели од групата ќе го јаде волкот, Таравари рече дека тоа е негов став, но верува дека Касами избрзува кога дава изјави.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 минути

Во Скопје се лекуваат девет повредени во пожарот во Кочани, во странство 48

Во Скопје се лекуваат уште девет повредени од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а во странство 48, информира министерот...

Македонија1 час

Палевски тврди дека не ги извршил убиствата и грабнувањата: „Ако сакав пари, ќе уценував милијардери, имав 200.000 телефонски разговори“

Љупчо Палевски, првообвинетиот за убиствата на Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, сведочи во Основниот кривичен суд во Скопје тврдејќи...

Македонија4 часа

„Филипче, наместо Клинички центар, изгради полигон за семејни тендери, корупција и скандали“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Филипче во улогата како министер за здравство под СДС, ја покажа неспособноста на една власт да ја разбере суштината на...

Македонија4 часа

СДСМ: Истрагата за Кочани е фарса под команда на ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски

„Истрагата за најголемата трагедија во историјата на Македонија, која требаше и мораше да донесе правда, се претвори во фарса. И...

Македонија5 часа

Грантови од 10.000 евра за младите земјоделци, велат од Владата

„Приоритет на Владата и министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е развој на македонското земјоделство, со посебен акцент на младите...

Македонија5 часа

ЦУК: Пронајдени рачни бомби во нива во Тетовско и американска авионска бомба од минатите војни во Битолско

За пронајдени неексплодирани убојни средства известува РЦУК Тетово. Конкретно, преку 112 во ЦУК е пријавено пронаоѓање рачни бомби на приватна...

Македонија6 часа

ДУИ: Прес-конференцијата на Тошковски и Коцевски – најголемата карикатура на заробената држава

„Прес-конференцијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и јавниот обвинител Љупчо Коцевски претставува најголемата карикатура на заробената држава“, велат...

Европа6 часа

(Видео) Европа го осуди рускиот ракетен напад врз Суми: „Суровоста повторно удри“

Најмалку 34 лица, меѓу кои две деца, загинаа вчераутро во руски ракетен напад врз украинскиот град Суми, додека други 117...

Свет7 часа

Подметнат пожар во домот на гувернерот на Пенсилванија: полицијата го разбуди и го евакуира

38-годишен маж е уапсен и ќе се соочи со обвинение откако наводно ја запалил официјалната резиденција на гувернерот на Пенсилванија...

Топ8 часа

Полицијата го пронајде девојчето, кое вчера се оддалечило од дома

Полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа малолетното девојче од село Кадино, скопско за кое вчера едниот родител во Полициска...

Македонија17 часа

Судот изрече притвор за четири лица од проширената истрага за пожарот во „Пулс“

Судот на четири лица им изрече мерка притвор во траење од 30 дена, за шест лица куќен притвор и мерки...

Македонија20 часа

Таравари: Политиката не треба да биде средство за личен комодитет, туку служба за народот

Претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, преку статус на Фејсбук порача дека никогаш не чувствувал завист за власта, иако...

Македонија23 часа

Во Свети Николе затекнат локал на нива: вработените непријавени, објектот дивоградба, без план за евакуација

Полицијата во соработка со инспекторите и претставници на локални институции изврши контрола на угостителски објект во Свети Николе сопственост на...

Македонија23 часа

Граѓаните биле под потенцијална загрозеност во сите дискотеки, рече Коцевски

Доказите упатуваат на суштински пропусти кај раководната структура во Дирекцијата за заштита и спасување. Ова го истакна државниот обвинител Љупчо Коцевски...

Македонија1 ден

Актуелниот министер за економија не е опфатен со истрагата за „Пулс“ оти немало ново барање за лиценца

Актуелниот министер за економија не е опфатен со истрагата оти нема никаков доказ дека сопственикот на клубот „Пулс“ иницирал лиценца...

Македонија1 ден

Поранешни министри и директори меѓу новоосомничените за пожарот во „Пулс“, се бара притвор за четири лица

За четворица од новоосомничените за пожарот во Кочани Обвинителството бара притвор, за седум мерка куќен притвор во комбинација со забрана...

Македонија1 ден

Пожарникарите во изминатото деноноќие гаснеа седум пожари на отворено

Во последното деноноќие имало седум пожари на отворени, а пожарникарите гаснеле, паралелно и други пожари во населени места и сите...

Свет1 ден

Црвено светло за Украина од Мерц: Не може НАТО и ЕУ додека е во војна

Можноста Украина да влезе во Европската унија и НАТО може да се разгледа само по завршувањето на борбите, вели Фридрих...

Македонија1 ден

Се’ уште се трага по исчезнатото лице од Степанци, 80 лица се вклучија во потрагата

Исчезнато повозрасно лице од селото Степанци во Општина Штип не е пронајдено, иако вчера во потрагата се вклучија околу 70...

Македонија1 ден

Уништени 1.230 килограми небезбедна храна пред Велигден, изречени се казни

Официјалните ветеринари и инспекторите за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведуваат вонредни засилени контроли пред велигденските празници....