Црна хроника
Кривична против државјанин од Косово, приложил фалсификувана возачка на Деве Баир
Вчера, во 9.40 часот, на граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 26-годишниот А. И. од Косово затоа што при пасошка контрола и увид на документите било констатирано дека косовската возачка дозвола на негово име била фалсификувана, извести МВР.
Лицето им било предадено на полициски службеници од ОВР Крива Паланка и му била поднесена кривична пријава поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело фалсификување исправа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Просветен инспектор вршел психичко насилство врз наставничка во училиште во Муртино
СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Ѓ.З.(53) од село Добрејци, струмичко, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривичното дело „малтретирање во вршење на службата“ по член 143 од Кривичниот законик.
Пријавениот, како државен просветен инспектор, на 15.10.2025, при вршење на инспекциски надзор во основно училиште „Маршал Тито“ с.Муртино, струмичко, извршил психичко насилство на наставничка во училиштето на тој начин што ѝ вршел притисок да напише изјава како што тој сакал, а откако напишала изјава која не била според неговите насоки, одбил да ја прими и ја фрлил во ходникот.
Црна хроника
19-годишник пронајден починат во неговиот дом во село Огњанци
Вчера во 15:38 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот во с.Огњанци, скопско, е пронајден починат Р.О.(19).
Полицијата информира дека лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.
Црна хроника
Го испрскале со пепер спреј па го нападнале: ограбен скопјанец
Синоќа во 19:00 часот во СВР Скопје, Ж.Ц.(34) од Скопје пријавил дека околу 18:00 часот на подрачјето на Карпош, три лица откако го испрскале со пепер спреј физички го нападнале и му го одзеле мобилниот телефон.
Полицијата соопшти декасе преземаат мерки за расчистување на случајот.

