Спорт
Арсенал (конечно) се ослободи од Пепе – Репрезентативецот на БСК пристигна во Трабзон
Николас Пепе (28), од Арсенал, слета во Истанбул околу четири часот наутро и веднаш потпиша едногодишен договор со Трабзонспор со опција за продолжување на уште една година. Трабзон, во овој трансфер извојува победа над Бешикташ, кој исто така беше заинтересиран за еден од најскапите играчи во историјата на Арсенал.
Арсенал во 2019 година на Лил за услугите на Пепе му плати 80 милиони евра. До пред еден месец и трансферот на Деклан Рајс, тој беше најскапиот играч во историјата на клубот од северен Лондон.
Напаѓачот од Брегот на Слоновата Коска не го оправда вложеното и покрај тоа што бројките во сресот на Арсенал и не му се толку лоши.
На 112 натпревари за Арсенал постигна 27 гола и забележа 21 асистенција. Последен пат за Арсенал играше пред повеќе од една година, а минатата сезона ја мина на позајмица во Ница. Таму поради повреди пропушти дури 19 натпревари, но успеа да постигне осум гола.
Арсенал едвај чекаше да се ослободи од него една година пред крајот на неговиот договор. „Трансфермаркт“, неговата вредност ја проценува на 18 милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Барселона избегна пораз кај Клуб Бриж
Клуб Бриж и Барселона ремизираа 3:3 во спектакуларен меч одигран во 4.коло, во Лигата на шампионите. Барселона три пати се враќаше по водството на домашните, на крајот и ВАР беше на страната на Каталонците.
Клуб Бриж го отвори натпреварот совршено. Веќе во 6-та минута, Карлос Форбс прецизно го проигра Никол Тресолди, кој ја погоди мрежата и им донесе водство на Белгијците од 1:0.
Сепак, Барселона брзо возврати. Во 8-та минута, по одлична акција, Фермин Лопес му асистираше на Феран Торес.
Нова предност на Бриж му донесе во 17-та минута. Карлос Форбс совршени реализираше контра напад.
Барселона повторно израмни во 61-та минута. Акција како на плејстејш, Фермин Лопес мајсторски го проигра Ламин Јамал погоди за 2:2.
Само три минути подоцна, Клуб Бриж повторно поведе. Ханс Ванакен го пронајде Карлос Форбс во шеснаесетникот, а Португалецот лобуваше Војчех Шчесни.
Бриж три минути доби пенал, но на повик на ВАР собата Ентони Тејлор го поништи.
А потоа, „ладен туш“ за Бриж.
Во 77-та минута, Барселона повторно израмни, Јамал шутираше, Цолис во обид да блокира ја закачи топката која заврши во голот.
До крајот Бриж постигна гол преку Вемант, кој му ја одзеде топката на голманот Шчесни, но Тејлор повторно доби повик од ВАР собата и голот беше поништен.
Спорт
Реал има договор со Упамекано
Францускиот дефанзивец Дајот Упамекано со голема веројатност ќе го напушти Баерн Минхен по завршувањето на сезоната.
Упамекано ќе биде слободен играч по завршувањето на сезоната, поради што има понуди од неколку клубови. Шпанските медиуми тврдат дека тој ќе се пресели во Реал Мадрид, францускиот „Фут Меркато“, оди подалеку и тврди дека Упамекано му дал збор на претседателот на Реал, Флорентино Перез.
„Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на Упамекано на 60 милиони евра.
Заедно со Реал, сериозен интерес покажува и ПСЖ, додека Баерн истовремено работи на продолжување и се обидува да го задржи голманот во клубот.
Упамекано пристигна во Баерн во летото 2021 година од Лајпциг, во трансфер од 42,5 милиони евра. Досега има одиграно 166 натпревари за баварскиот тим и освои шест трофеи, по три во Бундеслигата и Купот на Германија. За француската репрезентација одигра 34 натпревари.
Спорт
Атлетико остана без Ле Норман
Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Робин ле Норман, го повреди левото колено на натпреварот против Унион Сен Жилоа во Лигата на шампионите, објави денес неговиот клуб.
Атлетико Мадрид го победи Унион со 3:1, а Ле Норман се повреди во средишницата на првото полувреме, по дуелот со Адем Зорган.
Клубот објави дека станува збор за сериозна повреда на левото колено, но дека не се оштетени лигаментите и менискусот.
Атлетико не соопшти колку долго 28-годишниот дефанзивец ќе биде надвор од терените.

